Tomorrowland - најспектакуларниот фестивал во Европа!

  • Креатор на темата Креатор на темата Boom Boom Ciao
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
20 ноември 2010
Мислења
738
Поени од реакции
750
На седмиот по ред музички фестивал „„Tomorrowland“ во Белгија присуствувле околу 180 илјади луѓе. Тој е најголемиот фестивал во Европа кој традиционално се одржува секоја година во Белгија.


Дали има некој од вас присуствувано на овој фестивал?
Мене ми е сон... Во скоро време се надевам дека ќе ми се оствари сонот! :)
 
Почнувајќи од организација до сценски настапи, осветлување и озвучување врв е фестивалов. Мора да се посети.:vozbud:
 
Клипов си го гледам по неколку пати на ден веќе со недели, одкако ми го покажа една другарка. Ми кажа дека околу 150 евра била картата за 3 дена(не знам колку е точна информацијата, така слушнала) со сместување во камп а за превоз до таму не знам дали има организација од тука. И мене ми е желба, one day, one day.
 
Ми го покажа другарче пред 2 недели... не ми се верува дека прв пат слушнав тогаш за ова! Неверојатна атмосфера, одлична музика... Многу убаво го кажа тоа Кокс: "Вистинска сензација за сетилата според она што го гледаш и слушаш". Освен тоа што е преубаво, мислам дека е и здраво за луѓето да се отиде на ваков три-дневен фестивал. Ако најдам асално друштво, ништо чудно и да отидам оваа година. Слушнав дека е 130 евра.
 
Секој што е финансиски способен да иде на фестивалов, немој да испушти прилика и да не отиде, моја препорака.
Јас не сум бил, но имам пријател кој беше, и атмосферата каква била таму, ниту се опишува со зборови на форум, или на кафе, ниту со видео на ЈуТуб, едноставно тоа мора да се доживее.
Фестивалов е врв на врвовите.
 
Се разочарав уште одма.. :/


2010 година со Ричи Хотин, Рикардо Вилалобос, Локо Дајс и остала багра имаа многуууу подобар лајнап него ли лани, бар за мене, а верувам дека и годинава лајнапот ќе биде сличен како оној од 2011, затоа што оној стил електро, дач хаус ала Афроџек зема преголем замав во последно време.. Како и да е, доколку се има пари, убаво е да се посети.
 
Ќе се разболиме еден ден од ваквите поуст ивент мувис ..

Tommorowland is simply WOW. Ама приоритет сега за сега ми се Sensation и ASOT, кои ни се подостапни и финансиски попристапни, во однос на чудово во Белгија.

Здравје Боже, можеби некој ден понатаму.
 
Познати се првите артисти за оваа година:

David Guetta, Fatboy Slim, Jamie Jones, John Digweed, Alesso, Solomun, Carl Cox, N-Type, Friction, Terence Fixmer and Calvin Harris!
 

Се убаво изгледа вака на видео,но имаше еден коментар оставено...вака нешто"Се изгледа убаво вака на видео,меѓутоа да сте таму и да ги гледате сите тие наркомани,луѓе што повраќаат и слично не е баш пријатно".Сепак изгледа предобро,дефинитивно нешто Must see заедно со Qlimax :D
 
А како тоа е најголем фестивал во Европа со 180.000 посетители?
Егзит има од 180.000-200.000 посетители, а сигурен сум дека Гластонбери има дури и многу повеќе.
Плус Гластонбери има над 35 стејџа, нема шанси овој да е поголем.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom