Глигоров не го сакаше оружјето на ЈНА

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Абе србче мој двор е државата во која сум роден и живеам....
Епа момче јас поседувам 135 000 м2 земја, така да сакал неќел у исти го.на сме :tv:



пс: Релаксирај се, се заебаваме. Јас бев доброволец во АРМ. :salut: Оваа постапка на Киро може да кажам дека ја осетив директно на себе. Имено дужев една пушка Паповка, си ја викав Марија :back:. Ја гланцав ја чистев и кога дојде време за гаѓање пукав со друга пушка бидејќи истите ги делевме. Едни дужеа Паповки едни М-48 ( ко на Гоце Делчев) а пукавме само со Паповка. А да и уште нешто, немаше горна униформа за мене па до декември месец идев само по кошуља.
 
Член од
8 ноември 2009
Мислења
263
Поени од реакции
146
Читајќи ги постовите од претходните страници можам да заклучам дека исти такви херои имаше и во бандата на Љубчо Бугаринот, кои ке војуваа со тогашната ЈНА,(а немаа ни воен рок ислужено, не знаеја што е Калашиков), а ќе војуваа со третата најсилна армија во тогашна Европа(геостратешки гледано.).......ПС. Кога си одеше ЈНА им велев, СО ЗДРАВЈЕ ДА СИ ГО ТРОШИТЕ ОРУЖЈЕТО..........
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Во текстот на Нова Македонија каде се зборува за обвинението кое го покрена Хрватска против бившиот генерал во ЈНА, меѓу другото се отвори нова контроверзија за Глигоров, особено по припишувањето на заслугите дека тој ја спасил Македонија од војна, но изгледа 19 години подоцна дознаваме дека не ни имало “потреба“ да спасува било што туку одел против нашите интереси и директно влијаел за ослабнување на македонскиот воен капацитет:

За Ружиновски постојат доста контроверзии поврзани со настаните непосредно пред прогласувањето на независноста на 8 септември 1991 година. Високи функционери од владата на Никола Кљусев го обвинувале него дека планирал да ги апси. Генералот во тој период сметал дека Македонија треба малку да почека со прогласувањето независност, за да се создадат подобри услови за тоа, за што напишал и текст во тогашна „Нова Македонија“.

- Јас останав во ГШ на ЈНА по барање на Глигоров, бидејќи на него му требаше човек таму за комуникација со Аџиќ. Јас сум тој што го убедуваше Аџиќ да се сретне со Глигоров, по што дојде и до познатиот договор Глигоров - Аџиќ за повлекување на ЈНА од Македонија. На ЈНА не и требаше оружјето што беше во Македонија, бидејќи веќе имаше доволно. Од друга страна, пренесувањето на тоа оружје на друга локација подразбираше изградба на нови капацитети за да се смести.

Аџиќ му го понуди на Глигоров оружјето на ЈНА што беше на македонска територија, но Глигоров рече дека не сака македонска војска.

Оружјето од Македонија беше пренесено во Србија и во најголема мера уништено - се сеќава Ружиновски.

По овој договор, ЈНА од Македонија однесе опрема од неколку милијарди долари, односно 350 борбени возила (тенкови, оклопни транспортери и борбени возила на пешадијата), 400 артилериски орудија (топови и хаубици), 35 борбени и школски авиони, пет хеликоптери, 410 различни противавионски орудија, 284 ракетни системи за противвоздушна опрема и 1.692 ракети. Понатаму ги демонтира радарите од Битола, Фурка кај Валандово и Голак кај Делчево, однесе 109.000 парчиња различно пешадиско оружје (пушки, пушкомитралези, митралези, пиштоли, разни фрлачи, минофрлачи и друго), три моторни патролни чамци, 160 инженериски машини (ровокопачи, дозери и сл.), 637 минополагачи и миноистражувачи, 113.000 кг експлозив, околу 450.000 различни противпешадиски мини, 4.200 средства за врски (радиоуреди, телефонски централи, возила за врски и друго), 223.000 средства за АБХО (заштитни маски, дозиметри, прибори за деконтаминација), 160.000 парчиња интендантски средства (пералници, шатори, одела, прибори за јадење), 1.800 различни неборбени возила, 1.424 патнички, интендантски и други моторни возила, 310.000 парчиња конзервиран оброк, резервите на нафтени деривати, прехранбени артикли, лекови, муниција, експлозивни и други убиствени средства и дел од добитокот од фармите во Петровец и Криволак.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=12129101254&id=9&prilog=0&setIzdanie=21860
Не верувам дека ова оружје и опрема е уништено туку е искористено во војните во Босна и Хрватска, за вооружување на војската на Република Српска и вооружувањето на четничките одреди и останати српски паравојски во Крајина кои војуваа на тоа подрачје.

Мислам едноставно ќе биде штета да фрлаат толку пари во вода бидејќи којзнае колку пари се потрошени да се набави.
 

ACHQ

hawk
Член од
18 јули 2009
Мислења
702
Поени од реакции
73
Не верувам дека ова оружје и опрема е уништено туку е искористено во војните во Босна и Хрватска, за вооружување на војската на Република Српска и вооружувањето на четничките одреди и останати српски паравојски во Крајина кои војуваа на тоа подрачје.

Мислам едноставно ќе биде штета да фрлаат толку пари во вода бидејќи којзнае колку пари се потрошени да се набави.
Србија имала толку многу оружје што и на самите непријатели продавала.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Србија имала толку многу оружје што и на самите непријатели продавала.
Продавала муниција и лесно пешадиско оружје, а тешко дека им продавала тешко оружје и воена опрема.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Србија увек била уз Македонија, истиот став бил и спрема Црна Гора и Српска Босна. Православац на Православац никад не удара и не смее да удара :smir:




( бугари не ги рачунаме )
Да се смеjaм ли, да плачам ли... това за православните като го зборуваш, дали се секjaваш на некои точни години или...просто лупаш?!
--- надополнето: 5 јануари 2012 во 14:19 ---
Памтиме уште како Милошевич и Мицотакис инсистираха на конференциja во Солун за делене на РМ.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom