Ч Е Н Т О
Методија Андонов
- Член од
- 3 јули 2008
- Мислења
- 1.698
- Поени од реакции
- 1.615
Добро, очигледно е дека ти сакаш да си живееш во светот на бајките, и минатото т.е. во случајов мошне блиското минато да го поимаш како збир на настани кои МОРАЛЕ така да се случат и никако поинаку.Па што ако беше членка во ОН? И денес сме членки па сеуште вета ни ставаат.
Грција ја искористи економската слабост на Македонија и ни наметна договор и правила. Доколку Македонија немаше инфлација од на 100%, имаше реален сектор и изградени институции, плус стабилно соседство, Грција ќе можеше тој лист хартија да си го пикне...во шкаф. Но незнам како може да не ја разбирате комплексноста на ситуацијата во тие години. Значи имате податоци, ако незнаете што е инфлација и слични економски термини подорбо прашајте за да можете целата слика да ја разберете. Што ако Скандинавците сакаа да ни помогнат и Германија и Франција не ја подржаа па ни воведе ембарго. И кој ја сопре? Мислам ептен ја уплашија исто како и денес.
Шверцот кој ти го спомена е секогаш рака под рака со ембаргата. Сивата економија е единствената која може да донесе кеш во такви услови. Се разбира додека немаш некој копук како Бранко кој се тоа за свои потреби си го одигра. Но сепак овде зборуваме за одлуки на Киро, а не за Бранко. Исто и приватизацијата е под потпис на Бранко, грешка што гледал и молчел, али не му се припишува во негови одлуки. Освен ако немаш документ во кој Киро потпишува економски распродажби со функција претседател
Жалам, ама во историјата такви поимања се нарекуваат догматски и не-научни.
Иако не сум економист знам дека една од најважните работи во економијата на секоја земја се ПЛАНОВИТЕ ЗА ИДНИНАТА, при што се прават детални проучувања на состојбите и се носат вакви или такви решенија според кои се спроведуваат политиките и плановите. Па кога ќе измине периодот кој бил предходно проектиран, паметните се вртат наназад да видат дали и како се исполниле тие планови и предвидувања и според нивната успешност им се дава за право на економистите што ги смислиле утре да прават и нови, а на тие што направиле тотални утки се тргаат настрана. Така е барем во сите нормални држави и општества, па и фирми по светот.
Ама ај да не забегуваме со празни муабети, врати се на еден од предходните постови на Братот и прочитај што пишува во статијата објавена во американскиот ЊуЈорк Тајмс од 4 јули 1992 г.
http://www.nytimes.com/1992/07/04/world/west-supports-athens-on-macedonia.html
(имаш превод во постот на Братот погоре, ако не знаеш англиски)
Па после дојди пак тука и објаснувај и поставувај тези дека демек ембаргото само и единствено од Грција, а не да речеме од збир на повеќе земји или ООН, ЕУ, ММФ, Светска Банка или други организациии било во состојба да не доведе до таква состојба да бидеме демек приморани да ја потпишеме онаа небулозна "привремена спогодба"..?!?
Демек ситуацијата била или-или, што е една обична ЛАГА.
Инаку, сеуште ја чекам твојата економска екпертиза за тоа колку чини сето она во наведените бројки на оружје и секаква друга опрема која Киро Глигоров лично одлучи (божем е негова лична своина) да му ја подари на српскиот генерал Аџиќ на средбата-договор во Скопје..?