Мурињо: "Немам побарано засилувања, но не сакам ниту еден да си замине"
Жозе Мурињо денес одржа прес конференција, прва во Новата година, и зборуваше за актуелностите во клубот. "Сакам да го завршам шампионатот со оние со кои го почнав. Сите мои играчи го знаат тоа. Се е отворено до 31 јануари, но не сакам ниту засилувања, ниту заминувања."
Тренерот на белите нема сомнежи за стартната 11ка за натпреварот од Копа против Малага: "Со Понферадина не делев подароци на никого. Сите играа затоа што го заслужиа тоа, со својата работа. Сега имаме комплициран месец пред нас. Имаме најмалку 6 натпревари овој месец, и ниту еден играч нема да ги игра сите 6. Ќе има доста ротации, сакам да ја одржам свежината на тимот."
Португалецот вели дека идејата му е да им даде шанса на сите играчи кои ги има во тимот: "Јас ја гледам мојата екипа само како победува, и игра одлично. Уживаме во нашата игра, и навивачите уживаат. Еден ден еден играч ќе биде најдобар, другиот ден можеби ќе биде најлош. На крај краева, имаме одлично избалансиран тим, и не сакам да индивидуализирам никого. Сигурно дека Сахин ќе има минутажа во Копа. Но, мојата намера не е да подарувам минути некому, туку самите играчи да ги заслужат, и да ги добиеме сите натпревари."
Иако не сакаше да зборува за индивиуалци, сепак многу го рпашуваа за Каљехон, па Жозе рече: "Знаеше да ја искористи секоја минута во која играше. Тој сака да остане долго време овде, на Бернабеу. И јас го посакувам истото. За некои други играчи, да излезеш во последните 10 минути е проблем. За него не. Затоа, ги добива своите шанси поради својата работа, и својот менталитет. Ми се допаѓа многу неговиот карактер. Тоа е вистинскиот играч за Реал Мадрид."
"Во 2012 година очекувам здравје пред се, и многу успеси. За дуелот со Малага, може да кажам дека нема да биде едноставен. Тие знаат да се борат. Имаат високи очекувања за оваа сезона, и реално е да се борат за Копа. И сега, треба да играат со Реал Мадрид. Јасно им е дека ако сакаат да добијат некое големо натпреварување, мора да ги исфрлат најголемите. Тие го можат тоа, но ние ќе ја играме нашата игра, и ќе сториме се за да продолжиме понатаму."