Најправин, длабоко да им се извинам на сите чиишто постови беа избришани.Сепак, темата мора да биде во контекст на форумот на кој се наоѓа. Жалам дечки, меѓутоа можноста за политичко опонирање нема да ви биде овозможена.
Јас имам само неколку прашања, се надевам Ченто, Братот или некој поупатен да ми ги одговори
Леандра, нема потреба да се подбиваш со било кого на темава.
1. Зошто Македонија се одвои без војна?
Имаш информации дека на Македонија и се заканувала војна? Или сугерираш обратно, дека сме пропуштиле шанса за војна?
2. Зошто во време на грчко ембарго Македонија преживеа?
Не сакам повторно да ти одговорам со прашање, но бидејќи повторно упатуваш сугерирачко прашање, морам на ист начин да ти одговорам. т.е. со кои дејствија, чекори од страна на (наведи кој) Македонија според тебе „куртулила“?
Дали знаеш дека за време на ембаргото скандинавските земји ја дадоа Грција на суд?
Тужбата стана беспредметна со потпишувањето на Привремената Согласност. Следователно, на Македонија не и следуваше никаква отштета за предизвиканата штета и никогаш такво барање не било поставено од наша страна.
Како споредба, Грција беше тужена за кршење на човековите права во 1967 година, од истите скандинавски земји, што резултираше со нејзино исклучување од Советот на Европа во 1969 год.
Илјадници луѓе, преживуваат со по 1000-2000 денари месечно само за храна, никој не знае како, па треба ли тогаш да дочекаме некој таа „заслуга“ да му ја препише на Груевски?
3. Како во такви услови Македонија успеа да создаде макроекономска и микроекономска поволна клима?
4. Како во такви „преваднички“ услови Македонија успеа да создаде НБРМ, денар и цврст банкарски систем?
Повторно сугерирачки прашања, Леандра. Која полза од „ макро-микроекономската поволна клима“ и „цврстиот банкарски с-м“ ја имаа
стотина илјади луѓе кои во тој период останаа без работа?
Ова може да биде навистина бесконечна листа на аргументи, но нема потреба да започнуваме предвреме завршена дискусија.
5. Како преживеавме во најтешките години?
Претходните прашања сугерираа нешто спротивно, поволна економска клима, цврст банкарски систем итн. итн. според тоа не биле најтешки, а народот сигурно памети и многу потешки времиња.
Како и да е, основниот инстинкт на секој човек е да се бори за својот опстанок. Затоа не можам тој опстанок да го сфатам поинаку, отколку приспособување на народот на која и да е загрозувачка ситуација.
Бидејќи почнавме да анализираме, од сите можни аспекти наеднаш, би било фино да поставиме одреден ред, дали ќе продолжиме да поставуваме прашања постфактум или да се обидеме да разбереме како и зошто сме се нашле по прво, во таа ситуација...
Еден мој пријател на фб објави статус, кој би сакал да го примениме и на темава:
„Секој човек прави најдобро во моментот на делување, мисли и верува дека тоа е правилно... другото останува на историјата... историјата не суди, туку толкува... почивај во мир претседателе !!! “
--- надополнето: 3 јануари 2012 во 00:25 ---
Во врска со промената на знамето, да ги додадеме и следниве аргументи:
Во емисијата Вин-Вин во јавна дебата на телевизијата АЛФА водена од Оливера Трајковска, Извршниот Директор на Фондацијата Институт Отворено Општество за Македонија, г-динот Владимир Милчин, изјави дека Сорос во своето писмо до Собранието на Македонија во 1992 година јасно кажал и побарал промена на знамето на република Македонија, тогашното сонце од Кутлеш.19)
19. Win-Win show with Olivera Trajkovska 18.11.2010
Колку што се сеќавам, тогаш Сорос и даде цирка 25 м. долари на нашата Влада како „помош“?
--- надополнето: 3 јануари 2012 во 00:49 ---
1. Чисто историско прашање, на кое бевме сведоци сите ние. Во оваа точка имаш право Србија немаше интерес да ја нападне Македонија, се очекуваше Киро да се приклучи кон ЈНА и заедно со Србија да ја нападне прво Словенија, потоа Хрватска и Босна. Но Киро се тргна настрана, наместо да влезе во воен сојуз на кој се надеваа „патриотите“ во тогашната Македонија, ние распишавме референдум и се осамостоивме. За овој потег освен Киро Глигоров друг не ми текнува на памет дека имаше муда да го направи. Познат како главен пиун на Милошевиќ Киро се повлече, имавме жртви и „заробени“ војници но сепак издвојувавме голема победа со тој чекор не влеговме во крвава војна. Историските факти ќе пресудат дека бевме во право. За овој дел можам да коментирам лаички и од она што јас го доживувам како граѓанин на РМ.
Доколку ни се заканувала војна, тогаш која е логиката во стратегијата да го предадеш оружјето за да избегнеш крвопролевање?
Првин прочитај, кој навистина притискаше и кој го даде предлогот за осамостојување, а
под кои услови беше прифатен од страна на „страната“ на Ќиро?
2. Делот кој сакам да ти го објаснам и делот во кој Киро ги дава оние изјави од типот дојдовме од зад Карпатите во 6тиот век само да доловиме во кои услови Македонија се наоѓа:
На 18 Февруари 1994 Грција кон Македонија како резултат на името и знамето ни става трговско ембарго. Солун како главно пристаниште од кој ги набавуваме главните суровини како нафта ни е блокиран, доживуваме месеци и месеци криза за нафта. Нафтата како главна суровина е во производство и транспорт. Граѓаните со редици чекаат на бензиските пумпи. Во 1994 имаме стапка на инфлација од 121% галопирачка и разурнувачка. Платите се делат во милиони. Заемот од вчера денес вреди едно лижалче. Приватен сектор речиси и немаме. М1 парична маса (денарите во промет) ни се 87,9% НБРМ печати пари и пушта во оптек за да преживееме. Во исто време Србија е под ембарго од ОН коридорот десет е затворен. Ни останува Бургас каде транспортните трошоци се во милиони согласно мафијашката банда кое во тоа време беше популарна во Бугарија. Драч беше дрва и камења. Ни треба нафта и суровини. Достигнуваме трговски биланс од -194% дефицит. Блокирани сме, немаме извоз, немаме суровини, немаме ништо! Економската слика вели: Македонија нема да постои ни еден месец. Под овие услови Македонија ја потпишува билатералната спогодба. Не дека Киро сака да ја потпише, туку народот почна да крахира. Трговското ембарго завршува во 1995 година. Имавме држава од нецели 4 години, кој и да беше ќе потпишеше било што само да не извади од галопирачката инфлација!
Јасно е како бел ден дека изјавата од Ќиро беше изнудена.
Леандра, мислам дека во услови на ембарго, да проценуваш дека е подобро цели 19 месеци да чекаме со скрстени раце, наместо да ги прифатиме понудите од Бугарија за Бургас или за Драч во Албанија, како што се сеќавам дури и Турција ги понуди своите пристаништа на Македонија и тоа да не го прифатиш врз основа на твоето образложување е навистина во најмала рака, мазохистички оправдано.
Понатаму, би сакал да ја искоментираш следнава статија, од 1992, тоа се цели 2 години пред грчкото ембарго:
The New York Times
3 July 1992
Until recently, the United States and most Governments of the European Community
accepted not only the Republic of Macedonia's credentials as a newly independent nation but also
its chosen designation.
What changed , European diplomats and Administration officials said, was a
perception that President Gligorov was willing to make some sort of compromise on the name issue. This perception was apparently created by remarks made in the spring by Macedonian leaders to European officials and by an
American lobbyist.
"There were
indications that there was some flexibility there," a senior State Department official said. 'A Deal to Be Made'
According to State Department officials and Macedonian representatives here, the idea of
Skopje's flexibility was spread last month by Robert C. McFarlane, the former national security adviser, who was hired several months ago as a lobbyist by Macedonians.
An Administration official said that after President Gligorov's visit to Washington in mid-May, Mr. McFarlane was quoted by State Department officials as saying: "
There's a deal to be made. Gligorov sees a need for it."
In a telephone interview,
Mr. McFarlane acknowledged speaking to State Department officials about Macedonia. He said he
was being paid "a modest sum" by John Bitove, whom he described as a Toronto businessman of Macedonian origin. In fact,
Mr. Bitove is president of the Canadian Macedonian Society, which is closely linked to President Gligorov.
In the category of "lobbyists," the society's May 25 financial summary lists disbursements of $39,021.04 to McFarlane Associates, Mr. McFarlane's Washington-based company. A total of $73,717.61 is listed as "payable" to the firm.
http://www.nytimes.com/1992/07/04/wo...macedonia.html
Значи статијава е од угледен американски весник. Еве и превод:
ГЛИГОРОВ ПОПУШТАЛ ЗА ИМЕТО
Но многу информации говорат дека Глигоров во тоа време сепак бил актер во дипломатската игра да се попушти во битката за името со Грција, а не да бара прием во ОН под уставното име. Ако се сеќавате,
Васил Тупурковски беше тогаш испратен од страна на претседателот како негов специјален претставник во САД да работи на етаблирањето на Македонија.
Но таму веднаш дојде до судир со лобито на Џон Битов. Во текстот на новинарот
Дејвид Биндер, објавен на 4 јули 1992 г.во `Њујорк Тајмс`,напишан по повод Лисабонската декларација, по која Македонија ја изгуби битката за името, се разоткриваат причините за тоа. Новинарот пишува дека
`се до неодамна, САД и најголемиот број на влади на Европската заедница ја прифатија Република Македонија не само како нова независна држава, туку исто така и со своето избрано име.
Но она што се променило, според европските дипломати и официјалните лица на американската администрација,
била перцепцијата дека претседателот Глигоров бил спремен да направи некаков компромис по прашањето за името. Оваа перцепција била очигледно создадена од забелешките што
пролетта истата година македонските лидери им ги кажале на европски официјални лица како и од страна на американски лобисти. Имаше индикации дека ќе има флексибилност,рекол висок член на Стејт департментот. Идејата за флексибилноста на Скопје била раширена минатиот месец од страна на Роберт Мек Фарлеин, поранешен советник за национална безбедност на САД,
кој бил ангажиран пред неколку месеци како лобист од страна на македонците.
По посетата на Глигоров на Вашингтон во средината на мај, Мек Фарлејн рекол дека ќе има договор, односно
Глигоров гледа потреба за таков дил.
Мек Фарлејн бил платен за својата работа од Џон Битов...`
Како потврда на најмувањето на американскиот лобист и една стенографска белешка:
Едно време имавме лобисти од типот на Џон
Битов кој 1992-93 година зема 800 илјади долари
од македонскиот Буџет и божем лобираше во
Канада за македонското признавање. Овде
заедно со госпоѓата Митрева расправавме, кои
не беа мали пари имајки во предвид дека
девизните резерви на Македонија беа под 100
милијони долари.
Говорам за периодот 1991 или
1992 година, мислам дека беше 1992 година. Се
случуваа апсурдни ситуации. Ние буквално се да
даваме, а ќар, користа за државата беше еднаква
на нула.
И сега го гледам Претседателот на
државата во Канада повторно со господинот Џон
Битов нешто рпави, божем работи, а ниакде ги
нема резултатите
109-01/1.-
СТЕНОГРАФСКИ БЕЛЕШКИ
од Првото продолжение на Сто и деветтата
седница на Собранието на Република
Македонија,
одржана на 7 октомври 2005
година
Александар Флоровски
http://www.sobranie.mk/WBStorage/Fil...07.10.2005.pdf
Малески зборува за неговото искуство како министер за надворешни работи во времето на осамостојувањето на Македонија.
- Тогаш беше ангажиран
Џон Битов, кој, пак, работеше со лица што ги знае главно во Канада, но и воопшто во Северна Америка.
Со негова помош беше договорена средба со тогашниот американски заменик-државен секретар Лоренс Игелбергер, кому му беа презентирани македонските приоритети - вели Малески, кој смета дека улогата на лобистите е, пред сé, да ги отворат вратите, а потоа претставниците од земјата на најдобар можен начин да го искористат тоа.
http://www.novamakedonija.com.mk/New...tIzdanie=22046
Значи во време на кревка економија, без пари во државната каса, се исплаќале тешки пари на лобисти, кои „лобирале“ преку „давање сигнали“ дека Глигоров е спремен за компромис, пред било какво и да е ембарго или па негово наговестување.