Бајнам е подобар во напад, многу подобра пост (под кош) офанзивна игра од Хауард, кој пак е дефинитивно подобар дефанзивен играч. Кога ќе се земе во предвид и склоноста кон повреди на Бајнам, Хауард е подобар избор за иднина.
Орландо секако ќе го изгуби Двајт, сега само играат на картата да извлечат што повеќе за него.
Додека да трепнеш Орландо би го дале за Бајнам и Гасол, но и Лејкерси знаат да ја играат истата игра и јавно велат дека не го даваат и Гасол во таква трампа (што е реално премногу). Очекувај отсега да гледаш играње на Бајнам како прва опција во нападот на ЛА. Не само што дечкото е одличен туку и со тоа се дига неговата вредност во евентуалната замена со Орландо.
Тоа на страна, останува фактот дека ЛА се ДОБАР ТИМ. Eдинствено и дефинитивно фали кец бек со дефанзивни способности. Фишер и Блејк не вршат работа, првиот е ветеран со огромно срце ама сепак престар а вториот едноставно не го бива во одбрана.
Изгледа Мајк Браун сака да ја разбистри работата со 3ките и 4ките во ЛА, а како што стојат работите новите МекРобертс и Марфи излегоа одличен избор, Артест и Барнс се дефинитивно на ниво на задачата... и ни останува Лук Валтон како дефинитивен избор за амнестирање.
Со тоа ќе се отвори простор за активирање и на руки плејот Морис, за кој моментално нема место во активниот ростер а за кој покрај староста на Фиш и неадекватноста на Блејк дефинитивно ќе се најдат 10-15мин по натпревар.
(многу сакам да го видам како игра)
ЛА можеби би ги дале Бајнам плус Гасол, ако Орландо во трампата го вклучат Џамиер Нелсон.
Да имаше малку по-конзистентен шут нашиот Бо, чустувавам дека ќе добиеше покана во предсезонскиот камп на ЛА како недрафтуван играч, иако плејмејкер не му е основна позиција како комбо бек.