Ептен мал бизнис, во домашни услови.

  • Креатор на темата Креатор на темата r1ba
  • Време на започнување Време на започнување
Направи си ваква математика пред да почнеш било што. Купуваш 20 кокошки по 50 денари - 1000денари во месец јуни. Нив треба како што те разбрав да ги гледаш до октомври, значи 5 месеци. За 5 месеци ќе потрошиш (лупам бидејќи немам врска од храна за нив) 5 вреќи концентрат. Секоја вреќа да чини 1200 денари. Значи месечно цената на кокошката ти се зголемува уште по 60 денари. Нивната цена во октомври сега е 110. Тука пресметај ја водата, трошоци за оградување и што уште им е потребно. На крај додај го трудот по 50 денари на кокошка. Значи реалната цена ќе ти испадне околу 200 денари. Ако се случи нешто и ти останат помалку кокошки, а треба да ги продадеш по 200денари ти си во чиста загуба. На ова додај го ќарот од јајцата и ќе видиш до каде си.
Еден школски пример на пресметка за исплатливост на бизнис. Со среќа.
 
Поарно земи пилци напролет и чувај ги па тек наредната година да имаш добивка ќе ти несат секој ден за разлика од полуумрените кокошки кокошки од фарма и ќе несат домашни јајца не од концентрат и тие се дупло поскапи од тие од фарма што ги продаваат.
 
Татко ми чуваше порано ама за домашни потреби едно 30 кокошки и 10ина зајци. Ги зема од фарма од Белимбегово и знам секоја кокошка дневно по 1 јајце носеше. Значи ние имавме табла јајца дневно, и тоа убави од тие големките. Не знаевме што да им праиме, некогаш нешто ке продадевме нешто за нас дома, нешто по комшии. Ама живеам во Скопје и овде народ не чува, и затоа има потреба од свежо јајце. Така ме научија комшиите и се од кај мене купуваа. И после како што се урбанизираше населбава веќе престанавме, немаше смисла во сред град живина да се чува.
Сега ако едно јајце е 7-8 денари, да можеш еве по 5 да ги даваш тоа ти се 5х30=150 денари дневно од продажба.
Е сега од тоа извади трошок за прехрана и најди си некаков есап. Битно е да најдеш пласман, ама многу голема понуда има по продавнициве така да малку ке се помачиш за тоа. Најдобро е комшиите да те научат по свежите јајца, ама пошто си на село претпоставувам сите чуваат по некое коковче така да не знам што би правел.
Зборот ми е, ако можеш од тие црвените да си земеш, фармерски кокошки има да се утепаат од несење и газот ке им биде црвен ко на мајмун. Ако зимаш земи ги како пилиња, малку израснати за да знаеш дека се млади, и после терај си бизмисот :) .Чувај ги година дена и после заколи ги и продај го мевцето. А уште подобро ти е ако направиш инкубатор и да можеш да изведеш пилиња, ние една тура напраивме така, само најмногу треба температурата да им се погоди и не знам уште нешто требаше. Имавме инкубатор од фрижидер направено поима немам кај ми е, дете бев тогаш.
Интересно е и со зајците само тие многу болсет ги фаќа, а се котат ко зајци :). Почнавме со 2 и за година дена ако не ги колевме ке беа сигурно околу 20-30 зајци. Зајачко по мене е најубавото месо, ако добро се спреми.
 
Ако имаш нива или сл. земи нешто засади... на пр. грав,компир и сл. за прво ќе ти треба едно 100 е ако имате нива или бавча насади грав од една нива од 300 м2 се вади добра цена. прво ако имате трактор изораја па после тоа насади грав малце тешко ќе ти биде но сепак се исплати а тој грав што ќе го извадиш можеш по некоја помала цена од др. да го продаваш по продавници во градот или пак во селото.

Сум размислувал на ова тема не е така сјајно, инаку таткому работи земјоделие и така му помагам така како за разонода инаку и на работи си оди, инаку ќе пробам па тогаш ќе се навратам на ова :)
 
Нема некоја голема работа околу кокошките,штом на село живееш сигурно ќе имаш и храна за нив,како пченица,пченка и слично..преку лето ги пушташ надвор на пасење..:D

и не купуј кокошки него земи 2-3 квачки и нека ти испилат пилиња поубаво така
 
@darmon

Епа гледаш убаво сте почнале,инаку како што вели во село сите чуваат така беше едно време сега се изменија работите сите гледаат легачка работа. Инаку не сакам да започнам со пилиња мали бидејќи се поскапи а го насочив мојот проблем погоре. Значи тоа што ги напаѓаше кокошките пред 15 год. да видам дали сега повторно ќе се појави. Една год. со стари кокошки ќе пробам потоа ако оди добро ќе си продолжам ако не барам др чаре.
 
....не е битно што ќе работиш....битно е дека сакаш да работиш и да застанеш на свои нозе.....да не чекаш на готово од твоите родители.....кога би имало повеќе луѓе како тебе Македонија би била поубаво место за живеење....

....доколку имаш услови....покрај кокошки добро е да чуваш и мисирки....во Македонија има голем број Американци кои бараат мисирки за Денот на Благодарноста...а и многу доктори го препорачуваат мисиркиното месо како поздраво во однос на кокошкиното, свинското или телешкото....така да за месото од мисирка има побарувачка
 
Не се правете сите зналци ова почни, она почни !!! Побара помош и постави прашање, кој знае да му одговори нека пише не да мудрувате !!!
 
Некни малце фатиф на ТВ за одгледување на црви и правење хумус. Не ми се виде комплициран бизнис а некои бројки кои излегоа на екран кажуваа дека е многу уносен тој бизнис, на прво место ми текнува за цвеќари за оранжерии и општо за земјоделство каде користењето на таква земја и ѓубриво се повеќе се бара... али не фатиф од почеток да видам која инвестиција е тоа.
 
....не е битно што ќе работиш....битно е дека сакаш да работиш и да застанеш на свои нозе.....да не чекаш на готово од твоите родители.....кога би имало повеќе луѓе како тебе Македонија би била поубаво место за живеење....

....доколку имаш услови....покрај кокошки добро е да чуваш и мисирки....во Македонија има голем број Американци кои бараат мисирки за Денот на Благодарноста...а и многу доктори го препорачуваат мисиркиното месо како поздраво во однос на кокошкиното, свинското или телешкото....така да за месото од мисирка има побарувачка
ПП на пазар моментално за нова година, мисирка од 7-8 кила жива мера околу 1000 , мисир поголем 1800-2000...

Со кокошките пишав дека е добро ако успееш да ги “превоспиташ“ не може да излезеш зијан но никаде не прочитав што планираш да имаш како производ за продажба. Искрено не препорачувам да одиш до финално свежо месо туку како жива роба да имаш услови за трговија...
 
Значи живеам на крај на селото на ридско место, условите за одгледување на било што се големи, како што рече @CiTro ми се допаѓа идејата што ја рече , значи за храна не е проблем. Како производ за продажба на прв план ми е Јајцата , значи по комшии за по дома итн. Значи ако тргне добро со работата ќе си земам мали пилиња и потоа полека по полека ќе си оди работата. Инаку земјоделие далеку сте од таа работа. Не е само да се ора,треба вода, ѓубре итн.
 
Јајцата како производ за трговија ти се ок варијанта ако имаш пласман... мој совет е пробај со помал број да речеме 10 и види дали ќе имаш “аклиматизација“ на кокошкита на живот надвор од кафези... да бидиме реални тоа што фармата го дава е веќе “користена“ роба која во секој слушај го поминала времето за несење... од нив не бидува квачки бидеќи тиа не растеле како пилина со мајка па да знаат да одгледуваат нови пилиња самите па за приплод ќе мора да имаш импровизиран инкубатор или да купиш мали пилиња живи ...
Искрено бидеќи не верувам дека воопшто немате дома кокошки селска “раса“ да пробаш да малку по организирано заштитиш 4-5 квачки од кои ќе добиеш најмалку 20-30 пилиња кои ќе доживеат месец дена, после со нив со убава исхрана да дојдеш до секојдневно јајце кое ќе е квалитетно и константно подолг период... „стриптезета“ ако преживее 3-4 месеци од кога ќе ја извадат од фарма искрено биди среќен а колку пак во тој период ќе има јајца е прашање на многу дилеми... по мое тие само за “оживување“/ да фатат пердув , да почнат да изгледаат здраво и да стават нешто месо на нив па на пазар како живина за супа ... друго од нив не очекувај по мое...
 
“стриптизерка“ на пазар е 50-60-70 ... селска кокошка е 200-250-300 ... ако успееш да купиш од првата а ја вратиш во “живот“ бе значителни загуби на бројот на кокошки чарот е евиденнтен но не е се само фрли јадење и дојди утре... ако планираш за јајца да одгледуваш од старт знај дека нема да добиеш “добро“ селско јајце за кое ти треба оргинал селска кокошка а не превоспитана стриптизета :)
мислиш дека те разбра?:cautious:
 
Тоа е добар бизнис види ја фармата ПИЛКО како работат пилешкото се бара само треба голема количина за пласман а тоа за една година нема шанси да се направи треба време.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom