Дали сте помогнале на некому?

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
Оружје купуваат богатите владетели во земјите не обичниот народ.

Епа да ги вложеа во вакво нешто: http://en.wikipedia.org/wiki/Great_Manmade_River
Great Manmade River

Проект од Гадафи, за во пустината да се донесе вода и да се направи плодна почва според системот "капка по капка". Ова ќе беше доста успешен проект, и вака во цела Африка ќе можеше и да не кукаат и да чекаат помош од други, туку сами да работат.
Поарно да чекаат странска помош и да не прават ништо, одколку да работат..
 
Интересна тема!Баш овие денови размислував за помагање некому.Зборевме за тоа да ги дадеме т.е донираме старата облека која не ја носиме и мала симболична парична помош.
Ќе се согласите со мене дека има луѓе кои во овој период кога е зима немаат кондури за носење и друга топла облека.Особено ова го кажувам за децата кои седат во домови.Но интересно е што за разлика од порано,повеќе човек незнае каде да ги даде своите средства.Сметам кога би давале да дадеме на некој што навистина му се потребни.
На болни,сиромашни,стари лица итн.

Предлагам да направиме т.е отвориме една посебна тема во која што ќе имаме известување секогаш за тоа на кого му се потребни средства.

Да речеме пример:

Доколку некој член од форумов има случај на болен,изнемоштен,стар човек да пише и другите членови тука да помогнеме.

Некогаш не е важно само човек да помогне,туку да даде на оној на кој му е тоа најмногу потребно..
 
Не е важно дали некого дали ќе му помогнеме од некои финансиски , психички или физички причини важно е некако да се помогне .
4536-75897-AmazingDrunkManjpg-550x.jpg

Излегува од дома и така си одам едно 200 м беше ноќе ништо не се гледаше вртам на кривина и слушам нешто мрда ... слушнав и неколку кучиња-скитници како лаат (ама кога се приближив гледам човек , паднат беше на земја и околу него кучињата лаат ) лежи и само прета со нозете , ги избркав некако кучињата и го исправив на нозе беше некаде 50-60 год . И гледам почна да оди не стабилно т.е пијан беше фкрај знаев од прилика каде живее и го однесов можеби ми одзеде многу време но не се каам .
Тоа што ме прави среќен е што тој човек и покрај таквата состојба успеа да ме запамти и секогаш кога ќе го сретнам ме поздравува .
Донирање преку моб. и ред други работи мака ми е да пишувам .
Но важно е да се запрашаме какво добро дело имаме направено . Не поради себеси или на себеси , туку чисто добро дело со намера некому да му се помогне и да се шири љубов и почит без разлика на се ....
parent-helping-child.jpg
 
Убаво е да се помага на луѓето.Тркалото се врти утре можеби некој од нас ќе се најде во таква ситуација кога ќе има потреба од помош.Колку и кога можам донирам на овие броеви за помош од операториве.
Пред некое време имав непријатна случка и се изненадив.Едно утро заѕвони еден човек и бараше нешто кеш,мајка ми му даде кеш и една јакна која никој не ја носеше,зашто човеков беше со едно тенко џепмерче измрзнат.Искачам јас истиот ден покасно од дома,кога ја гледам јакната обесена на една ограда ја оставил подоле на улицата.После некое време го сретнав случајно човекот и го прашав зашто ја остави јакната ми рече ааа па јас не ја сакам што ќе ми е,и од тогаш веќе алиштата во Црвен крст ги носам.
 
Донирањето преку моб не донирам бидејќи знам дека тие пари нема да стигнат на вистинското место дека само 1/8 ќе отиде само во донации а др пари ќе ги земат пејачи и тн. на овој свет фали храна но и љубов, колку што гледам дека еве и кога одам со бус, некогаш знам да погледнам во луѓето да видам дали барем малце имаат среќно лице а тоа одмна го немам видено... се родителите намуртени,нервозни... и тн. секогаш гледам да помогнам со совет на некој пријател, и на некој што едвај го познавам бидејќи мене ништо нема да ме кошта ако дадам совет некому знам дека ќе помогнам колку толку и да неми рече фала знам дека тоа ќе го памти... но има луѓе на кои не заслужиле да и се помогне...

ако би донирале секој член по 100 ден. а верувам дека на никој не би му сменило ако тргне 100 ден. и сигурно има барем 600 членови активни кога тие би се донирале пари на луѓе кои го изгубиле својот дом во пожар или пак на децкото село. мислам дека голема услуга би се направила... ама знам дека тоа нема никогаш да се оствари..:( а вреди да се помогне кому му треба вистинска помош бидејќи нас никогаш не ни играат голема улога тие 100 ден. но сепак еве за тие што играат спортска и сл. ако добијат некоја си сума од 100 е нека одвојат барем 600 ден. и нака ги подарат на некој бездомник сепак ќе барем малце и некоја насмевка и надеж ќе се даде...
 
Веројатно сите помагаме секому повремено, и форумов би бил мал да ги забележи сите наши пофалби, а и себично би било тоа на некој начин...

И мене ми делува себично прикажувањето на своите дела, затоа и никогаш не пишувам на овие теми. Секоја чест за момчето од твојот пост навистина да останеш со отворена уста :)
Сега се празници, ние сме Македонци и колку и да немаме нашите трпези за Божиќ се полни. Не мора секогаш да е донација за детско село или 11 Октомври. Погледнете околу себе сигурно имате комшии, пријатели, другари или фамилија за кој знаете дека одвај врзуваат крај со крај. Донеси го дома нагоштевај го, дај му некој денар на нивните деца, подари ја облеката која не ја носиш, однеси му една вреќа брашно, зејтин и сол, ќе завршиш голема работа. Направи Божиќен пакет со основни продукти сигурно ќе поминат еден месец со тоа, ако имаш можност.
И уште нешто, кажувај им на луѓето дека ги сакаш и дека ти значат, заборавивме да изразуваме чувства. Погледни ги своите родители они нема вечно да бидат овде, прегрни ги кажи им дека се најдобрите родители на свет, дека се гоордеш со нив, дека ги сакаш. На својот брат или сестра удри му една заушка и кажи му дека ќе бидеш тука за него засекогаш. И ова не само на Божиќ туку практикувај го цело време, зошто животот толку брзо заминува што нема време да искажеме се што чувствуваме.
 
....има една прастара поговарка...кај сите народи....со различна содржина но исто значење

....ако сакаш да нахраниш човек за еден ден дај му леб, а ако сакаш да го нахраниш за цел живот научи го да меси леб

....ако сакаш да нахраниш човек за еден ден дај му риба, а ако сакаш да го нахраниш за цел живот научи го лови риба

варијанти има многу, но значењето е исто

со донации, поклони и слично само привремено го решаваме проблемот....она што им треба вистински на луѓето е помош да застанат на свој нозе и да почнат да размислуваат за иднината, а не само да го преживеат денешниот ден

имаше една многу инспиративна документарна програма на ХРТ1....многу, многу сиромашно семејство....трошна куќа....запуштен двор....гладни деца....новинариве прават интервју со човеков и го прашуваат што им треба....човеков не бараше пари, не бараше храна, не бараше милостина....бараше многу малку...."Доколку има добри луѓе кои имаат кози, а не ги сакаат или не можат да ги чуваат, нека ми подарат барем една коза....да можам да обезбедам храна за децава....а во иднина доколку бидам во можност ќе им се оддолжам на сите добри луѓе кои ќе ми помогнат"

по емитување на емисијата...неколку луѓе му подаруваат кози...муслам дека беше околу 8 или 10...

по 2 години новинариве повторно се враќаат кај човеков и повторно прават интервју.....но сега дворот е посреден....а низ дворов шетаат околу 40 кози и јариња....човеков е задоволен и има надеж за иднината...обезбедува млеко и месо за своето семејство....а вишокот го продава....човекот им се заблагодари на сите добри луѓе кои му помогнале....и кажа..."Знам што значи сиромаштија.....јас почнав да живеам благодарејќи им на добрите луѓе кои ми донираа кози....доколку има некој кој сака да чува кози....нека ме контактира...ќе му поклонам....да почне да живее"

понекогаш и насмевката може повеќе да помогне отколку 100 денари или сендвичот даден со презир
 
и купив на една тетка повратна карта Скопје-Велес..си ја забораила ташната а морала на работа да оди, се рачуна тоа?
 
imam dadeno krv edno 15-16pati, i ako se racuna pomaganje na bliskite koga treba preinstaliranje kompjuteri interneti i sl.:pos:
 
Ne sakam da pisuvam sto i na kogo se sum pomognala ( i se uste pomagam). Tie na koi sum pomognala i pomagam si znaat sto sum napravila za niv i ne mi treba nicie voodusevuvanje ili aplauz.
Sekogas e poubavo da se dava otkolku prima.
Inace od iskustvo: Nikogas, ama bas nikogas ne davajte na nekoi organizacii ili luge , koi posle ke davaat na drugi na koi im treba. Napravete go toa samite, sekogas koga ste vo moznos, zatoa sto ke bidete sigurni deka vasata pomos dosla na vistinskoto mesto.
 
Треба да се помага на сите што заслужиле и што би ти помогнале и на тебе но не и на некој користољубиви луге затоа треба да се има проценка.
 
јас имам помогнато со дарување крв имам 19,5 години и веќе имам дарувано 5 пати крв финанскиски не сум во можност со некои големи суми да помогнам но се имам јавувано на телефони за дарување по100 денари неколку пати
 
Нема да кажам на кој се му имам помогнато,оти тој некој на кој што му имам помогнато може да се најде навреден а во тој случај доброто дело се поништува и испаѓа како да сум направил грев.Но ќе кажам една работа,а тоа е доколку сте во можност да му помогнете некому тогаш помогнете му,а доколку не сте тогаш не одмагајте и препуштете му ја таа работа на некој друг човек кој што може да помогне.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom