Дали сте помогнале на некому?

L

.Lost Angel.

Гостин
Вака незнам дали има некоја ваква тема ако има се знае избришетеја...

Поентата мие на темава дали сте помогнале на некому... и на кој начин?
Која помош најмногу ви значи?

И кога би имале пари или пак добиете лото дали би помогнале на некому? или пак би ги задржале парите ?
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Еве јас да одговорам...

Пред едно 10 месеци може има и повеќе не памтам баш најдобро... фатив на спортска 3.600 ден. по пат одев размислував за што да си ги потрошам. ми текна да одвојам барем пола од парите и да помогнам. кога поминував по крај специал пекарата. во центар кај семафорите имаше една жена која знам дека ја даваа на тв. бездомничка отидов до специал земав цела пита бурек. леб 3. и банички некои. и ги дадов а бидејќи седи пред специал незнам дали ја имате заприметено и ги дадов и реков ова е за вас повелете ништо не ми одговори но сепак. ова ќе го памтам. ми останаа мислам дека уште некои 700 ден. и ги подарив кај дедо ми во село има една фамилија која премногу е сиромашна. па кога бев во сред селото... го начекав едно од нивните деца и ги дадов тие пари за да ги однесе кај мајкаму...

Иако и мене ми се потребни пари. тие 1500 ден што ги одвоив за др. мене ништо не ми смени а знам дека на нив колку толку и смени нешто.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.733
Поени од реакции
27.721
Многу често помагам на најблиските со било какви проблеми... она што можам, се разбира. Има моменти кога зажалувам за дадената помош(кога некој нема да ми возврати за најмала работа а јас сум му помогнал за нешто големо), но работам на случајот да помагам повеќе за себе си и воопшто да не очекувам ништо за возврат, али тешко е :D

За парична помош само ситно помагам... пошо излагаат многу фрки со тоа.

Ме потсети macedonian, кога на тетката у жито лукс убаво и кажав да ми даде лиснато со пица а она ми даде копар и сирење што е неподносливо за мене.. и му го дадов на циган на раскрсница
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
далечни “70-ти години кога завршував средно(на тоа и останав)
тогаш се полагаше матура вака: писмен дел општо мислам за
македонски јазик нешто како лектира,писмен дел од еден “важен“
предмет со некоја тема од целокупниот материјал и пракса т.с.
се полагаше во “живо“ во работилница се правеше некој предмет.
-На еден другар од Порече му падна да заварува два елементи.
Ама проблем не го биваше за ништо сите години јас го влечев.
Најдов решение прво за него полагав пракса во таа гужва никој и
не примети па потоа тој сам си го предаде предметот за оцена.
И положи по првиот пат. Јас како одличен бев пратен во една
фабрика таму ја спремав и полагав праксата (мост за река Влтава)
Се уште се дружиме со школскиот другар и понекогаш се
присеќаме на тие денови.
 
P

Princ

Гостин
Веројатно сите помагаме секому повремено, и форумов би бил мал да ги забележи сите наши пофалби, а и себично би било тоа на некој начин... затоа нема да спомнам дали и како сум помогнал некому, но ќе спомнам како некој ми помогнал мене на можеби најчуден начин, но ми оставило впечаток и уште го помнам после толку години...
Значи пред некои 7-8 години отприлика одев накај работа и спроти мене доаѓаше едно момче, не сум забележал дека ми се одврзани чевлите, без да рече ништо клекна на патот, ми ги врза, и пак без да рече ништо туку само ми се насмевна си го продолжи патот а јас останав зинат... Тоа беше најчудната помош што ми ја пружил некој.
Сакам да кажам дека не мораме да правиме скапи или макотрпни работи за некој да ни го запомни тоа. Може да биде едноставна насмевка или врзување чевел за да му го разубавиме денот некому или за да добие повторна верба во човештвото.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Веројатно сите помагаме секому повремено, и форумов би бил мал да ги забележи сите наши пофалби, а и себично би било тоа на некој начин... затоа нема да спомнам дали и како сум помогнал некому, но ќе спомнам како некој ми помогнал мене на можеби најчуден начин, но ми оставило впечаток и уште го помнам после толку години...
Значи пред некои 7-8 години отприлика одев накај работа и спроти мене доаѓаше едно момче, не сум забележал дека ми се одврзани чевлите, без да рече ништо клекна на патот, ми ги врза, и пак без да рече ништо туку само ми се насмевна си го продолжи патот а јас останав зинат... Тоа беше најчудната помош што ми ја пружил некој.
Сакам да кажам дека не мораме да правиме скапи или макотрпни работи за некој да ни го запомни тоа. Може да биде едноставна насмевка или врзување чевел за да му го разубавиме денот некому или за да добие повторна верба во човештвото.
Toкму така но сепак... од проблеми и од слични работи луѓето некако стануваат повеќе себични забораваат. да помогнат некому. но ова твоето што ти го имаат направено најчуден начин е стварно.
 
М

Мартин`

Гостин
Сум помагал и ќе помагам иако дефинитивно некои луѓе воопшто не го заслужиле тоа, има некои што многу брзо ја забораваат помошта или стануваат алчни па сакаат уште да те искористат и мислат дека ако те заебат за некаква работа (па и материјална) дека ќе се обогатат. Ама ако такво време е материјално, мене не ми е проблем камоли секогаш да можам да помогнам.. па секој според заслугите ќе му дојде добрината или лошотијата на своја глава во текот на својот живот .. добрината/лошите работи направени како бумеранг се враќаат во животот ;)
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Денес дадов пакетче за деца без родители. Се брои тоа?
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Во Струмица има хуманитарна акција. Поставено е елка во домот на културата и кој сака може да направи пакетче со облека, играчки и слично, да напише порака за децата и да го остави.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Нема лошо во тоа да си помагаме едни со други. На денешницава сите имаме некаков проблем. Било тоа љубовен, финансиски... или кој било друг проблем што ни тежи и ни задава мака.
И сакам да ја цитирам една голема личност, нобеловка и хуманитарка:​
„Светот не е гладен само за леб, туку уште повеќе за љубов“.
Не е битно само финансиската помош, туку и нешто друго. Немам кој знае колку пари одвај минуваме ден со ден, ама кога сум можел сум помагам и финансиски и со морална подршка. Не очекував фала од никој, доволно ми е само насмевка, тогаш знам дека сум помогнал на некого, барем и на кратко да му ја вратам насмевката на неговото лице. Затоа што таа насмевка на мене утре ќе ми треба.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom