ХРТ1 и РТС1 од 1 јануари ќе ги нема во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата scary
  • Време на започнување Време на започнување
Мене колку што ми е познато ЗАМП, не е легално формирана т.е има некои проблеми со легитимноста на нејзините одлуки и пред неколку години мислам дека имаше некој проблеми со ова (кој сака нешто подетално може да побара на интернет) па и уставниот суд укина некои одредби.
Инаку што да се каже за ТВ понудата, сакате ЕУ, морате авторски права, златни 90-ти колку само добри филмови гледавме тогаш по 2 секоја вечер на една телевизија просто не знаеш кој канал да го пуштиш и кој филм да го гледаш, а имаше само 10-тина канали, денеска со над 50-тина канали цела вечер ја поминуваш во менување на каналот.
 
После Бушава Азбука,ќе следи серијата што ја очекуваш,и за која копнееш и трепериш со целото тело.
не ја закачај БА...:)
Бушава Азбука е правена во 80-ти е сеуште е ненадмината во мк. ЕбењЕ е серијата! ;-)
 
Ги тргаат најгледаните канали.Изгледа ќе дојде време да гледаме само СМРТВ, Шител, Анал 5.:гомце:
 
не ја закачај БА...:)
Бушава Азбука е правена во 80-ти е сеуште е ненадмината во мк. ЕбењЕ е серијата! ;-)

Знаеш ли исто зошто е многу јака......па забележи ги само колку јаки анимации имаа.....рачунај у тоа време за да направиш анимација,немало 3D Max и drag&drop објекти.
 
Само ќе кажам- идиоти неписмени! ( од ЗАМП и секој друг кој е поврзан со донесуваето на оваа одлука).
 
Знаеш ли исто зошто е многу јака......па забележи ги само колку јаки анимации имаа.....рачунај у тоа време за да направиш анимација,немало 3D Max и drag&drop објекти.
Од што беа јаки анимациите уште останаа на тие, нормално, се што е добро нема потреба да се менува.:cool:

После исклучувањето на Нова, РТЛ, ХРТ2 пред неколку години, а и ова сега што се шпекулира ако стапи на сила, мислам дека нема потреба од кабловска, програмската шема на операторите ќе им биде МРТ и ТРТ ..:гик:
Се е тоа убаво да се заштита некои си права што ти знам, ама што ќе се заштитува кај нас некои си турски серии што откупиле, па ништо квалитетно немаат земено, прво нека вложат во нашите телевизии, па после нека ги исклучуваат квалитетните странски телевизии кои навистина имаат што да понудат на граѓаните..
Ама народот си е научен да си ќути, ќе се помириме набрзо и со ова.
 
Леле луѓе,абе до каде дојдовме!Абе од кога немаат емисија не мора за повеќе.За водно на пример.

Инаку без нервози и секирации

Ќе имаме 5 канали сигурно:)

Мтв 1,Мтв 2,Мтв 3,Канал 5,Алфа и Шитељ.

Упс грешка!Не биле 5 туку 6 канали.ЈЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ:cuc::cuc::cuc:
 
Леле луѓе,абе до каде дојдовме!Абе од кога немаат емисија не мора за повеќе.За водно на пример.

Инаку без нервози и секирации

Ќе имаме 5 канали сигурно:)

Мтв 1,Мтв 2,Мтв 3,Канал 5,Алфа и Шитељ.

Упс грешка!Не биле 5 туку 6 канали.ЈЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ:cuc::cuc::cuc:
Како што тргнала Алфа, и на неа ќе и дојди крајот, да не речам судбина А1 ќе ја снајди.. ама лека полека.;)
 
После забраната за емитување на Нова и ХРТ2, ова и не е кој знае колку лошо.
 
Како што тргнала Алфа, и на неа ќе и дојди крајот, да не речам судбина А1 ќе ја снајди.. ама лека полека.;)

Море чичко Штерјо се фати со бато Кољо.Абер немаат една вест да дознаат овие од алфа.А гледам од пред некое време почнаа да ги рекламираат и камењава на плоштад.Башка и Кољо гостуваше неколку пати веќе во Алфа.

Така да,слободно можам да кажам дека веќе ми се гади од овој канал.

Ги зборат СДСМ,ВМРО,ДУИ и незнам уште кој не.Сите биле добри:)Само уште Амди Бајрам што не го спомнале.:pos:
 
.
Ама народот си е научен да си ќути, ќе се помириме набрзо и со ова.
За инает ќе ќутам и ќе гледам, само не е ова решение на запад со ваква одлука ќе ги обесат за мадиња.
0xB.png

GQCuF.png

9st41.png
 
Па не се нормални ај ич не ми е гајле што ке ја укинаат РТС и така немаше ништо .. Но што да кажам за Нова и ХРТ2 па сега и ХРТ1 и што ке има на кабелската само турски серии.. Стварно незнам во кој свет живеат...
 
џабе се обвинуваат мтв, шител и анал 5(знајме дека сите се срање)..преблемо е друг
ХРТ нејќи изгледа да нуди програма во странство...ја скинаја ХРТ 2 ете сеа и ХРТ 1 ќе ја скинат со то шо нема да му продат картички на нашите оператори
 
Како што се договорија на времето сите дружно да ги укинат ХРТ2, Нова, ОБН, па претходно и за Премиере, така сега се договорија и за ХРТ 1 која освен ноќно време немаше конкурентна програма.

Да се интервенира нема ни политичка воља пошто и на власта преку Радиодифузија и AEK(или кој и да е одговорен за овие далавери) и одговара цел ден, единствено нешто што ќе можеш да гледаш да се нивните каналаи и рекламите за Џонсон Контролс и Латас курождерачот, а за пауза да ги имаш оние језивине вахабистички-турски серии.

кратко кажано, случајов е - “Сложни попови и во петок мрсат’’
 
Еххх порано убави времиња беа.

Ми текнува пред 5-6 години седевме во маалски кафиќ во Тетово, во времето кога КејбелТел фураше програма на диво (ХРТ1 и 2, ОБН, Нова, Б92, премиере, супер спортовите, канал + спортските, ХБО...) и сите се жалеа како кабелската има сиромашна програма!!!???
Ја уште тогаш им велев претпазливо: Луѓе, за 300 денара гледаме програма каква што нема никаде у свет. Трајте и не се буните многу, бидејќи кога ќе почне конкуренција и кога ќе стегнат контрола за истите пари нема да гледаме ништо квалитетно.

Еве дојде и тоа време...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom