Новите автобуси потесни, но поискористени

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување
L

.Lost Angel.

Гостин
Бројот на патници расте од месец на месец и во ноември бил за осум проценти поголем отколку во октомври

nov-jsp-banskoliev-(5).jpg

transparent.gif

ЈСП капацитетот на возилата го пресметува по бројот на превезени патници
Новите автобуси му донесоа зголемен број патници за ЈСП, иако граѓаните реагираат дека двокатните возила се потесни и со помал капацитет. Трендот на пораст на патниците трае веќе неколку месеци и се очекува да продолжи и понатаму, и покрај новите поскапи цени на јавниот превоз.

Според податоците на претпријатието, бројот на патници во ноември бил за осум проценти поголем отколку во октомври, додека во октомври имало 11 проценти повеќе патници отколку во септември. Директорот на ЈСП, Мишо Николов, вели дека ситуацијата сега е многу подобра, бидејќи порано не биле сигурни дали возилата ќе излезат на улица затоа што голем дел од нив биле дефектни.

- Автобусите секое утро излегуваат на улица, а ни стигнуваат значително помалку поплаки за неизвршен превоз. Подобрената ситуација може да се потврди и затоа што изминатиов период имаме значително зголемен број на патници. Метеж во автобусите се создава само во вторник и во петок, односно во деновите кога за возрасните граѓани е бесплатен превозот. За да го средиме тој проблем заедно со градот правиме анализи на состојбата. Сметам дека наскоро ќе се коригира ваквата ситуација. Како краткорочно решение на проблемот планираме на најфреквентните линии како „2“, „5“, „41“ и „57“ да бидат пуштени дополнителни автобуси, особено во вторник и во петок - објаснува Николов.

Од друга страна, математиката, пак, покажува дека новите возила се со помал капацитет од старите. Според нашата анализа, новите автобуси имаат капацитет да соберат вкупно 24.160 патници, за разлика од старите, кои во истиот број би собрале 56.400 патници. Вкупниот капацитет на ЈСП пред да се набават новите автобуси беше 45.200 патници, а сега собира само половина од поранешната бројка. Директорот Николов потврдува дека новите автобуси имаат помал капацитет на патници, но претпријатието, капацитетот на возилата го пресметува по бројот на превезени патници, а не според тоа колку патници собира во еден автобус.

- Иако во старите автобуси имаше место за повеќе патници, ние немавме никаква придобивка од тоа, затоа што тие многу често се расипуваа и се враќаа празни во гаража. Сега имаа помалку место, но сите капацитети се секогаш исполнети. Сметам дека капацитетите на возилата сега се поголеми, затоа што бројот на патниците ни е зголемен, за разлика од порано - нагласува Николов.

И граѓаните се среќни што добиле нови и убави автобуси, иако дел од нив се жалат дека има помалку места за седење и за стоење. Проблемот е најголем во двокатните автобуси, каде во шпицовите може да се забележат патници што стојат на вториот кат, иако тоа е забрането.

- Автобусите изгледаат прекрасно, но за да може така да се чувствуваме кога се возиме во нив би требало возилата да доаѓаат во пократок временски период и да не се пуштаат повеќе патници отколку што е дозволената бројка. Иако е забрането стоење во двокатните автобуси, средношколците редовно стојат и не можеме да поминеме од нив, ниту да седнеме, ниту, пак, да се симнеме на првиот кат ако сакаме да излеземе од возилото. Најголем проблем имаме во вторник и во петок - коментираат патници.
Поплаки има и за автобуската линија „24“, која сообраќа кон Кисела Вода, бидејќи, како што тврдат жителите, автобусот доаѓа на еден час и се прави огромен метеж. Од ЈСП тврдат дека проблемот со овој автобус е од поодамна и негово решение гледаат во изградбата на Првомајска.
avtobus.jpg


_____________________________________________________________________
_____________________________________________________________________

Приватниците поделени околу поскапувањето на превозот
5C98E95EFBCDAA439F953056946625B5.jpg
Двата превозника „Мак-експрес“ и „Слобода превоз“ со различни мислења околу можноста да се покачат билетите
Бојан Шашевски



По три недели откако ЈСП ги поскапе билетите во просек од 12 до 17 отсто, двата приватни автобуски превозника „Мак-експрес“ и „Слобода превоз“ со поделени мислења дали да го следат примерот на градското јавно претпријатие. И во двете приватни здруженија периодов интензивно се дискутирало околу можноста ваквата мерка да се воведе и во нивните возила, но, по се' изгледа, граѓаните во 2012 година ќе мораат да одделат некој денар повеќе единствено доколку решат да се качат во некој од стоте автобуси на „Мак-експрес“.

Милорад Димитриевски, еден од основачите на „Мак-експрес“, вели дека се' уште дефинитивно не одлучиле дали ќе го поскапат превозот. Требало да следат уште еден или два состанока, но генералното расположение на поголемиот број од нивните превозници е да имаат нова, повисока цена.

„Ваквата мерка ќе биде поради високите трошоци за одржување на возилата, како и поради се' повисоките цени на горивото, антифризот, маслото на гумите. Гумите за новите модели на автобуси од 230 се зголемија на 280 до 320 евра. И тоа за средна класа гуми. Оние поскапите брендови на гуми како ’Мишелин’ си држат цени од 650 до 700 евра“, посочува Димитриевски.

Возниот парк на „Мак-експрес“ минатата година се збогати со дваесетина германски автобуси „Мерцедес“, „МАН“ и „Неоплан“. Димитриевски вели и дека повеќе од 6 години возат за исти пари, иако во меѓувреме се смениле многу нешта.

„Сите работи укажуваат на потребата од поскапување на билетите. Најверојатно новите цени ќе следуваат во почетокот на идната година“, вели Димитриевски.

Кај другиот приватен превозник, пак, „Слобода превоз“, кој располага скоро со двојно повеќе автобуси од „Мак-експрес“, моментално нема расположение за менување на цената.

„Периодов правевме анализи и пресметки и ги согледувавме сите аспекти од автобускиот превоз. Повеќето членови дадоа негативен глас околу поскапување на билетите. Нема можност за такво нешто. Но, сепак, ова е привремена одлука. Не значи дека цената не може да се смени доколку се случи некое ново поскапување на нафтените деривати“, вели Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“.

Тој претходно за „Утрински“ рече дека високите цени на нафтата и потрошните материјали не би биле пресудниот фактор за евентуално поскапување, туку оти треба да се размисли и за демотивацијата на граѓаните да ги користат нивните услуги доколку „рипнат“ билетите. И „Слобода превоз“ неодамна увезе половни возила како конкуренција на „украинките“ и двокатните автобуси на ЈСП и својот возен парк го осовремени со „Мерцедес“, „МАН“, „Волво“, „Даф Беркоф“.

Патниците имаат свои аргументи околу цената на билетите и сметаат дека моменталните цени од 25 денари се реални и не му пркосат на домашниот буџет.

„Според мене, приватниците имаат најдобри автобуси. Секако, зборувам за оние новоувезените. Најпрво - поевтини се! Имаат поширок внатрешен простор од автобусите на ЈСП, ретко има турканици, а и воопшто не се чувствуваме како инвалиди кога се возиме во вторник и во петок. Неправда е спрема другите, ние пензионерите да се возиме бесплатно, а останатите да мораат да буричкаат по џебовите. Во тие два дена ние не сме привилегирани, туку сме маркирани како добиток!“, смета пензионерот Петар Илиевски од населбата Карпош.

Едно помладо момче вели дека секаде се зборува единствено за владините автобуси и притоа константно се маргинализираат и се ставаат на страна возилата на приватниците.

„Вниманието е свртено само кон двокатните автобуси. Разбирам дека се атракција, но што е со другите возила? Што е со нивните проблеми, цената за возење, хигиената, потребите на нивните возачи и патници?“, прашува младиот Игор Младеновски од населбата Центар. Околу можноста за поскапување, тој смета дека иако првично би имало негодување од голем број патници, граѓаните, сепак, ќе бидат принудени да се возат со автобусите. „Таксито и онака е премногу скапо, а сите знаеме дека освен автобусите и немаме некаква друга превозна алтернатива“, вели Младеновски.
 
У Лондон ги направија како спејс шатли ( нов дизајн, удобност, квалитет) се прашувам шо нудат нашиве двокатни автобуси освен манијакални створења, мишка парти и хулиганите од зелената улица ( па и уште да ги качеле цените :facepalm: ).
Погледнете ги у Лондон, милина :)

london-autobus-novi_1.jpg


london-autobus-novi_6.jpg


london-autobus-novi_2.jpg

london-autobus-novi_3.jpg
london-autobus-novi_4.jpg
london-autobus-novi_5.jpg
london-autobus-novi_8.jpg
london-autobus-novi_7.jpg
 
Јас имам подобро прашање. Како ги бројат патниците, по број на искуцани карти? И дали ги вбројуваат и тие што се шверцаат ме интересира, зошто новиве автобуси се рај за шверц.
 
Јас имам подобро прашање. Како ги бројат патниците, по број на искуцани карти? И дали ги вбројуваат и тие што се шверцаат ме интересира, зошто новиве автобуси се рај за шверц.


Кога сме кај шверцање муабет, ви се десило да влезе контрола во двокатниве !? Ја до сеа никад не сум видел.
 
Жалете се колку сакате ,ама за мене двтокатните се рај во споредба со старите автобуси (особено вториот кат) каде може слободно да си преспиеш,температурата е погодена (топло/ладно во зависно од годишното време),нема старци да замараат горе толку многу,можеш да си слушаш музика од слушалки на раат-не се слуша воопшто моторот на автобусот итн..
 
Кога сме кај шверцање муабет, ви се десило да влезе контрола во двокатниве !? Ја до сеа никад не сум видел.
Еднаш да.
Али доле, за горе не знам дали се качија.

Порано никогаш не сум пропуштал автобус само затоа што бил преполн, сега често ми се дешава.
 
Еднаш да.
Али доле, за горе не знам дали се качија.

Порано никогаш не сум пропуштал автобус само затоа што бил преполн, сега често ми се дешава.


Што ќе се качуваат горе ќе треба да лазат. Него двокатните и јас ги пропуштам поради гужва и поради тоа што кога ќе пуштат парно 100 степена се препотуваш внатре. Еднаш дури ми се слоши од премногу топло.
 
Што ќе се качуваат горе ќе треба да лазат. Него двокатните и јас ги пропуштам поради гужва и поради тоа што кога ќе пуштат парно 100 степена се препотуваш внатре. Еднаш дури ми се слоши од премногу топло.

За тебе треба -15 да е .. и јорган да си носиш да се покриваш :love:
 
За тебе треба -15 да е .. и јорган да си носиш да се покриваш :love:

Не мора толку, ќе те чекам тебе да ме гушнеш. Така може ќе ми биде идеално се, како што ти е на тебе. ;)
 
Не мора толку, ќе те чекам тебе да ме гушнеш. Така може ќе ми биде идеално се, како што ти е на тебе. ;)

Да те гушнам :oops: Малце педерски ми е , нема врска.. него чудно ми е досега мене никад не ми било толку топло у двокатните , може ја сум отпорен на високи температури..што знам.
 
Не мора толку, ќе те чекам тебе да ме гушнеш. Така може ќе ми биде идеално се, како што ти е на тебе. ;)
Јас го чекам Citro во лето да дојде да се бањаме заедно во новите шест фонтани и све ќе ни биде идеално :D
 
Јас го чекам Citro во лето да дојде да се бањаме заедно во новите шест фонтани и све ќе ни биде идеално :D

Бањај се ти, ја шампон ќе ти донесам,не ми е тешко..:X3:
 
Да те гушнам :oops: Малце педерски ми е , нема врска.. него чудно ми е досега мене никад не ми било толку топло у двокатните , може ја сум отпорен на високи температури..што знам.

Епа како да гледам јас така убаво како тебе ако не ме гушнеш !?

Дуд, не се високи температури него загушливост. Претесни се и нема потреба од пуштање топло воопшто. Од самите луѓе се замаглуваат прозорите, а кога ќе ја пуштат климата не се диши. Барем мене ми е така, а и со многу што сум зборел.

Инаку Цитро ти го удривме меракот, пази си го задникот. ;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom