ЕП во ракомет 2012 - група Ц (Нови Сад)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
14 март 2010
Мислења
17.046
Поени од реакции
16.576
Група Ц
Во оваа група се најдоа репрезентациите на актуелниот Европски, Светски и Олимписки првак, репрезентацијата на Франција, потоа Унгарија противникот на Македонија во квалификациите за ова Европско првенство, репрезентацијата на Шпанија и Русија.
Натпреварите од оваа група ќе се играат во Нови Сад во Спенс центарот. Капацитет од 11.500 седишта, отворена во 1981 година. Натпреварите во оваа сала ги играат екипите на КК Војводина, ОК Војводина и КК Нови Сад.
YLGkD.jpg
Според силата на репрезентациите, крајниот исход од оваа група би требало да биди Франција, Унгарија, а за третото место кое носи во наредната фаза би требало да се одлучува помеѓу Шпанија и Русија, им давам предност на Шпанците, Русите не се тоа што беа и немаат некоја зрела репрезентација, која може да им ги помати сметките на фаворитите, да беше во некое друго време можеби и ќе ја вметнев во први три во оваа група, но не ги отпишувам целосно.. којзнае.
Унгарија ќе ја има подршката од многубројните фанови кои ќе се најдат во Нови Сад за време на првенството, би требало да се гледа интересен дуел помеѓу Унгарија и Франција, меч кој ќе треба да одлучува за првото место. Тој меч е на програмата во последното трето коло.
Еве го целиосниот распоред на натпреварите:
Прво коло(16.01):
Франција - Шпанија, 18.15 часот
Унгарија - Русија, 20.15 часот
Второ коло(18.01):
Русија - Франција, 18.15 часот
Шпанија - Унгарија, 20.15 часот
Трето коло(20.01):
Шпанија - Русија, 18.15 часот
Франција - Унгарија, 20.15 часот
*анкета намерно не е вметната во темата, за да се искажат повеќе мислења.
 
Моја прогноза за втор круг Шпанија и Франција па трета Унгарија.. Русите мислам дека ќе дојдат подмладени на ова ЕП и многу тешко ќе изборат барем една победа..
 
Франција,Шпанија,Унгарија.........русите се лоши веќе долго време.Немаат добри играчи,а многу застарен ракомет играат.Не се веќе тоа што беа.
 
Франција е меѓу први три селекции за тронот, уживање е да се гледа нивната игра. Го преземаа приматот на фудбалската репрезентација :)
 
Шпанија е во голем подем, впрочем отсекогаш биле горе но имаа мал пад, очекувам и да им пружат силен отпор на Французите, заедно со Хрв и Данска ги сместувам во Топ 4.
 
Франција е меѓу први три селекции за тронот, уживање е да се гледа нивната игра. Го преземаа приматот на фудбалската репрезентација :)
Најјака ракометна екипа до сега во историјата на ракометот.................за жал.Ради нив Хрватска ми остана вечно втора........
 
Шпанија
бтв. Ова на сликата ракомет е?:confused:
бтв. Тоа на сликата е одбојка, а целта беше да се види во која сала ќе се одиграат натпреварите. А не дали има одбојка или нешто друго на сликата.

Иначе за Шпанија нема да брани Штербик, надвор од листата е.
 
Не реков ништо лошо, само да се потрудеше можеби ќе најдеше друга слика.
Иначе нека не му брани нема вркса, сигурно не оставаат тие така. Ќе видиме. Сепак добри се )
 
1. Франција
2. Шпанија
3. Унгарија

Искрено мислам дека Русиве немаат што да бараат во групава.
 
Незнаев дека Ласло Наѓ нема веќе да настапува за Унгарија и дека е возможно на квалификацискиот Олимписки турнир да се појави во дресот на Шпанската репрезентација :confused:
 
Незнаев дека Ласло Наѓ нема веќе да настапува за Унгарија и дека е возможно на квалификацискиот Олимписки турнир да се појави во дресот на Шпанската репрезентација :confused:
Мислам дека и на ЕП требаше да настапува за Шпанија, ама незнам што се случи, и сеа ќе ја чека шансата за Олимписки игри ако се пласираат.
 
Мислам дека и на ЕП требаше да настапува за Шпанија, ама незнам што се случи, и сеа ќе ја чека шансата за Олимписки игри ако се пласираат.
Нема да настапува на Европсково, правев муабет со еден познаник од Унгарија :D
Ми рече дека ние сме имале поголема шанса да јан тепаме германија, отколку они Русија.
Со Франција и Шпанија не ни имаат некаква надеж.
Инаку во посдготвителниов период ги растуриле и Чешка и Полска :)
 
Знам дека нема да игра, за тоа реков требаше.:)
А и незнам зошто Наѓ таков потег направи и одбра за друга земја да настапува, кога во таа (Шпанска репрезентација) има многу повеќе конкуренција и нема да ја има таа слобода како што ја имаше во Унгарија.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom