Bratot
Стоик и Машкртник!
„Ако доволно долго повторуваш една лага, таа ќе постане вистина.“
- Јозеф Гебелс, Министер за Пропаганда на Третиот Рајх во Нацистичка Германија 1933-1945 г.
Слоганите се привлечни и лесни за паметење кога се употребуваат за да се промовира одредена марка или продукт. Тие се ефективно средство за промоција и продавање нешто на масите преку зголемување на потрошувачката желба и стапка на задршка. Понекогаш покрај слоганите се употребува и лого како стратегија за достигање на максимален успех во промоцијата на многу од бизнис продуктите, разните стоки, или политички идеи. Одлични примери за ова се компанијата за производство на патики "Nike" со нивното познато лого и слоганот "Just Do It"(Едноставно Направи го Тоа), или гигантскиот ланец на ресторани за брза исхрана МекДоналдс со нивното светски познато лого со двоен лак и едноставниот слоган "I'm loving it"(Го обожувам ова), како и американскиот претседател Барак Обама со неговото познато лого за кампањата со слоганот "Yes We Can"(Да Ние Можеме).
Еден неодамнешен новински запис за тоа како се создаваат митови го сумира перфектниот начин на кој може да се смени јавното мнение: Кажувај го често. Држи го кратко.
Што се случува кога една земја употребува некој слоган за политички цели? Што се случува кога употребува лого што е изменета верзија на знамето на друга етничка група?
Уште од доцните 80-ти и раните 90-ти модерна Грција предводи еден проект за промоција на "грцизмот" на Македонија. Лажниот продукт кој е спакуван и наменет за нејзините маси, и останатиот дел од светот, е еден привлечен-лесно паметлив (иако смешен) слоган "Македонија е грчка", а понекогаш и "Македонија 4000 години грчка историја и цивилизација". Притоа често етничкото знаме на Македонците (16 кракото сонце на црвена позадина) се менува и се става на сина позадина и одреден број на овие идеолошки фрази се испишуваат врз него за да го постигнат единството на слоган и лого. Секако ова има и други варијации. Сепак погоре споменатите се пропагираат заради нивната едноставна и директна сомнителна порака дека етничките Македонци не се Македонци и дека Македонија "со право" и припаѓа на Грција. Би било лесно да се вратиме назад 4000 години и да откриеме дека Македонија всушност НЕ БИЛА грчка и дека античките Македонци всушност биле одделна етничка група и национална држава, додека Хеленските градови-држави биле одделна толпа на Хелени со судбина да бидат покорени и освоени на битката кај Херонеја предводена од Филип Втори и Александар Трети Велики и македонската војска. Но за да ги разоткриеме денешните грчки продавачи на магла ние треба да се вратиме назад само до 19-тиот век.
Протоколот од 1828 година
За време на грчката војна за независност од отоманската империја големите сили (Велика Британија, Франција и Русија) одржале конференција на островот Порос за да одредат линија на поделба помеѓу "Грците" и "Турците". Документот 'Протокол од Конференцијата одржана на Порос, помеѓу претставниците на Велика Британија, Франција и Русија на 12 декември 1828 година' ги дава деталите за таа средба:
ПОСЛЕ сериозното разгледување и земање во предвид на информациите доставени од Владата на Грција, и после честата комуникација со Грофот Каподистрија, Претставниците во претпазлива согласност со инструкциите со кои тие беа колективно запознаени се сложија во овој Протокол да го запишат нивното крајно мислење во врска со неколкуте точки од Договорот од Лондон, според која се повикуваат Судовите со својата благонаклоност да одлучат. (стр. 21)
Протоколот навлегува во ситни подробности и детали за тоа каде треба да се протегаат континенталните и островските граници на новата само-управувачка грчка држава во согласност со Договорот од Лондон (за повеќе информации за Договорот од Лондон кликнете на следниот линк http://www.fordham.edu/halsall/mod/1827gktreaty.asp).
Точката 5 од Протоколот наведува:
"Двете линии на границата предложени од Владата на Грција, независно од нивните посебни дефекти, ќе ги вклучат Тесалија и Епир, неколку области кои само имаат земено учество во востанието, и од кои неколку поглавари дури подигнале оружје во служба на Портата ; додека грчкото население во целина живеело мирољубиво со Турците населени во тие провинции. Според ова, овие две линии не може да се прифатат без да се прекршат принципите според кои Претставниците се обврзани од нивните инструкции кои го формираат нивното мислење." (стр. 22)
Како што може да видиме Владата на Грција, на чие чело во тоа време е Грофот Каподистрија, воопшто не ја има во предвид Македонија како дел од новата грчка држава. Исто така Претставниците на Големите Сили морале во предвид да имаат уште 2 точки -
1) Дека грчкото население е толку измешано со турското, во сите делови на Отоманската Империја, така што граница со која двата народи би се одвоиле целосно, не постои, и дека како резултат на тоа е невозможно од нивна страна да се изврши овој принцип, без квалификација.
2) дека потребата од давањето на Грција од една линија за одбрана која е во согласност со воените принципи, зависи делумно од поголемата или помала можност од новиот ред на нештата ставени под заштита на свечената Конвенција со Портата, во согласност со принципите воспоставени од Договорот од Лондон.
(стр. 25)
Од ова овој документ ни илустрира една слика за креирање на граница за само-управувачка грчка држава во која Грците сакаат да осигураат можна етничка грчка демаркациона линија помеѓу Грци и Турци. Веќе како невозможност заради стварноста Протоколот ги поставува прашањата:
"Која гранична линија би и одговарала најдобро на Грција, за да и даде јасно дефинирана континентална граница, која лесно ќе може да се брани, и која на најдобар начин ќе ги подели народите?"
"Исто така која островска граница би била од најголема полза за Грција?"
(стр. 25)
Одговорот којшто следи даден од страна на тогашната Влада на Грција на денешните ултра-националистички нео-хелени би им предизвикал гадење.
„Во својот одговор, Владата на Грција изнесе два проекти, допуштливи, едниот во случај на пристапување на Отоманската Порта кон Договорот од Лондон, или со други зборови, кон посредство на Сојузничките Судови,--а другиот, во случај на нејзина непристапување.“
Врз грчкиот проект кој се заснова на последната хипотеза ќе започнеме последователно испитување на сите гранични линии кои се потенцирани кон вниманието на Претставниците.
Прв грчки проект. Хипотеза за не-пристапување на Портата.
СПОРЕД првиот проект, границата би ја следела "линијата на планината Олимп од Катерини се до врвот на Пинд, во правец на Зигос и Мецово. Недалеку од Катерини оваа линија се среќава со реката Халиакмон (Бистрица) или Индге Карасу, чиј тек води низ Сервиа и Гревена."
(стр. 25-26)
После разгледувањето на одговорите, претставниците на Велика Британија, Франција и Русија се сложија дека "Оваа гранична линија ќе ги приклучи кон Грција провинцијата Тесалија и скоро целиот Епир, чие христијанско население со исклучок на она во високите планини имало мал или никаков удел во револуционерната војна, или дури и ја завземало спротивната страна."
(стр. 26)
Македонија воопшто не била во радарот на тогаш новата Влада на Грција. Иако Македонците навистина земале учество во војната за независност (читај подолу), тие не биле сметани од грчката Влада за "Грци". Воспоставувајќи демаркација по етничките линии, според Каподистрија и неговата Влада, Македонија не би можела да стане дел од Грција.
Самиот Каподистрија за предложените граници опишани во Протоколот од 1828 година рекол: „Во древните времиња оваа граница исто така ја одделувала Грција од северните соседи. Во средните векови и модерното време Тесалија била секогаш грчка, додека Македонија била освоена од Словените и други раси. Тесалија, заради нејзината географска положба била избегната од туѓите народи.“ (Koliopoulos & Veremis 2002, стр. 335).
Димитриос Калергис, 1860 година:
Поранешниот генерал и аѓутант на Каподистрија, Димитриос Калергис, којшто подоцна ќе стане амбасадор, еднаш се нашол во разговор со англискиот економист и писател Насау Вилијам Постариот во 1860 година при што рекол „Вистинските Грци никогаш немаше да ги истераат Турците. Тие беа премногу деградирани дури и за да ја прижелкуваат слободата. Многу години откако ја постигнавме нашата независност тие ги нарекуваа времињата под турско владеење 'добрите времиња'. Албанците,Македонците и странците беа тие што се бореа против Турците.“ (Senior 1878, стр. 305) Признанието на Калергис би го жигосало како предавник во Грција денеска и секако на него би се гледало како на некој лепрозен, не само заради признанието на посебниот македонски етнос, ѕуку и за искреноста за тоа кој всушност ја извојувал независноста на Грција.
Одговор на "Македонското Прашање"
Подоцна во 19-тиот век, за време на збунувачкото време наречено "Македонското Прашање", Бугарија, Грција, Србија и Романија водеа пропагандна војна за правото да ја присвојат Македонија и нејзиниот народ кон нивните територии. Историјата, културата, јазикот и етницитетот беа куршумите наполнети во националистичките оружја за искривување. Нивните главни цели беа да ги убедат Големите Сили дека Македонија е "бугарска", "грчка", или "српска" и сл., но најважно им беше да ги убедат жителите на Македонија за припадност кон некој од нивните народи. Многу се има пишувано за Македонското Прашање.
Сепак ретко кој се изразил појасно од Господин Чарлс Елиот којшто изјавил "Политиката во Македонија е одлично опишана со зборот 'Пропаганда', којшто е во секојдневна употреба во земјата, и во нејзините различни дијалекти. Сите не-Турски раси имаат 'национална идеја', или да се биде по точен, одреден број на енергични политичари се обидуваат насила да ја втиснат идејата во главите на своите сонародници." (Eliot 1900, стр. 297-8)
„Пропагандата се состои, на некој начин, од мисионерски потфати кои преку училиштата и црквите се обидуваат да ги преобратат луѓето во бугарската или српската вера. Ако познатиот Капетан од Комичната Опера, кој „и покрај сите искушенија да им припаѓа на другите нации“ останува Англичанец, би живеел во Македонија, би немало ништо комично во неговото тврдење. Тоа мошне точно го опишува однесувањето на многу Македонци. Многу други сепак паѓаат пред искушенијата, коишто често имаат многу материјална форма. Ако се сака да се разбере Македонското Прашање, и посебно, македонската статистика, мора да се има во предвид овој посебен систем на менливи расови(етнички)-имиња. Победа, пораз, некоја реална или замислена промена во односот на Австрија или Русија би било доволно за стотици, можеби и иљадници луѓе да преминат од една страна на друга. Во некоја смисла, во Македонија расата(етносот) е само политичка партија, но можеби е полесно дефинирана како збир од луѓе со заеднички јазик и обичаи, и во глобала со заедничка религија.“ (Eliot 1900, стр. 298)
Не може да се негира фактот дека пропагндата е таа што го создаде Македонското Прашање. Младите балкански нации со нивните ново измислени народи водеа војна на зборови, којашто заврши со насилство, за кое Македонија беше военото поле. Она што господинот Чарлс Елиот го запишал во 1900 година не било воопшто надвор од вообичаеното. За жал Македонците се наоѓаа во средината на кампања за нивните срца и умови.
Она што премиерот на Грција, Харилаос Трикупис го рекол во 1880 година било не само откровение, туку и мошне распространето помеѓу грчките политички елити од тоа време.
"Кога ќе дојде денот на големата војна, Македонија ќе стане грчка или бугарска во зависност од тоа кој ќе победи. Ако преовладаат Бугарите, не се сомневам дека целото население до границите на Тесалија ќе го преобратат во Словени. Ако преовладаме ние, ќе ги направиме сите Грци до длабочините на Источна Румелија." (Ozkirimli & Sofos 2008, стр. 106-7).
Нема никаков сомнеж дека за политичари како Трикупис „станувањето 'Словен' или 'Грк' било многу повеќе државно-спонзориран проект отколку израз на некаков внатрешен идентитет на населението на балканските пространства и подалеку од нив.“ и каде„образованието, религиозната индоктринација, или подигањето на свеста не успеале, други, мошне често насилни средства биле употребувани за да се убеди или размести некое несогласно население.“ (Ozkirimli & Sofos 2008, стр. 107).
Земајќи го во предвид впечатокот на Трикупис дека Македонија би станала грчка само преку освојување и систематско елинизирање станува јасно дека слоганот "Македонија 4000 години грчка историја и цивилизација" се распаѓа на парчиња.
Останатиот дел клик на Македонска Искра, бидејќи не ми дозволува да го постирам целиот текст.