Преку „драпање“ на некои теми пробав да дадам до знаење дека постои еднаквост, кој како сфатил, овој над мене почна дури и да ми „драпа јајници“, ама ако, си го заслужив, сега ќе си се смеам на моја сметка
Зборот ми беше, силата е индивидуална, постојат слаби мажи и жени, а постојат и силни. Верувам дека има мажи кои би можела и ти да ги победиш во „буткање на рака“. Мене искрено ми се лоши од таа поделба и војна меѓу полови до степен што чувствувам потреба да ставам акцент на тоа, а не сакам и сакам да нема потреба, ама ете, ти се правиш слаба, ме правиш и мене, а не е фер да му лепиш етикети на некој што не го знаеш.
Не, силата не е индивидуална. Машко ако удри со целата своја сила девојче, ќе го раскости. Биологија е тоа. Обвини ја природата дека лепи етикети, а не мене. Сакаш да ми кажеш дека има девојче што може да го натепа Урко??? Пошто тоа е нели индивидуално.
Се мисли дека има девојчиња што може да натепаат машко, затоа што голем дел од мажите се воспитани да не удираат девојче и да не му враќаат, без оглед на тоа што прави девојчето. И дури и ако и вратат, нема да го направат тоа со полна сила. Да, девојче ако клоцне мушко за тестиси, ќе биде во предност, ама доволно е после машкото еднаш да и удри бокс најсилно што може и да не стане од земја. Ама во тој случај мажот ќе е сељак, а девојчето ако удира, тоа е во ред, така? За таква ли рамноправност се борат феминистиките? Маж можам да бутнам со рака, ако ми попушти.
И јас ги тепам мажите на интелектуално ниво, не ми треба физичка сила за да докажам дека сум силна. Мојата сила е во умот. Интелегенцијата не зависи од полот и тука можеме да бидеме еднакви.
Затоа што кога ќе дојде рамноправност во вистинска смисла на зборот, тоа ќе значи дека и мажите ќе постапуваат исто како и со машко, па после феминистиките ќе се борат за правата на жените повторно да бидат понежен пол, затоа што биологија е биологија.
Нема ништо навредливо во тоа да се биде понежен пол, мене ми е драго што некој ќе ми се обрати дека сум нежна и женствена. Иако и пушам и пцујам и викам по потреба. (мислам стварно бе, како женственоста има врска со ова?)
Јас својата сила не морам да ја демонстрирам со тоа што ќе се буткам со рака, јас во дискусија ги победувам мажите, ако више збориме за таква поделба. Носам и штикли и фустани, ама знам да носам и ролки, џемпери и тотално неженствени работи.
Не се курчам дека можам да натепам машко, зашто знам дека не можам, иако ко мала се тепав со машки и играв фудбал. И тоа проклето добро го правев. Ама пораснав и фудбалската топка ја заменив со други работи и не се тепам веќе со машки, затоа што пораснав и созреав. Не ми треба клоцата за да победам некого. Има поцивилизирани начини да ја докажам својата вредност.
Јас знам колку вредам како жена, не ми требаат машки начини за да го докажам тоа. И сум тотално рамноправна во секоја дискусија со машко, затоа што знам како да се изборам за својот став и да ме почитуваат заради тоа. Не ми треба да трубам на сите страни дека сум жена и дека сум обесправена, затоа што обесправена можам да бидам ако јас го дозволам тоа.
Јас сум рамноправна со сите затоа што сум човек и затоа што сум паметна. Во денешно времето жените се тие кои ја истакнуваат таа разлика ау ние жените вака, ау ние жените така. Се борат за некоја еднаквост, а сепак сакаат да се различни од мажите. Може да се зборува за рамноправност, кога луѓето ќе се гледаат како луѓе, а не како квоти за пол.