После многу долг период, да се вратам на темава и да пишам работи кои ми се или не ми се по кејф, за да другите можат да мавнат сеир или па уопште да не прочитаат.
Чудна работа, дури вчера полека сфатив дека на несвесен начин сум набил многу животно искуство во однос на други луѓе. Не велам дека и другите може не се осеќаат исто како мене, но сепак нели јас пишувам за себе.
Ми се допаѓа тоа што знам дека можам да се носам со секого, во било која ситуација во раговор на тема која не ни мора да ја поставам јас.
Пред извесен период во здрав разговор со драга личност зборевме за некој стил на облекување, покажување или криење на интелектуалноста пред луѓе кои немаат ни потреба да не запознаваат какви што сме итн. Велев дека глупо би било у друштво на клошари без грам памет да се избациш пицнат од глава до пети со фино сако, кондури-патики (не ко Тошо Малерот) у тон со остатокот на облеката итн. Таа ми рече дека доколку во себе знаеш дека си сигурен во сопствениот интелект, начин на мислење, зборење и памет, можеш дури да се избациш со рамбовка и "кило злата око врата" на српски рап
.
Чудна работа, вчера ми пројде тој муабет во 2 и пол навечер гледајќи некои работи и го сфатив тоа што го пишав погоре.
А и не е само тоа, но за друго, во друга прилика.