МРТВ - Македонска радио телевизија

  • Креатор на темата Креатор на темата MARCELLO
  • Време на започнување Време на започнување
Многу ми се свиѓа документарецов што го направиле за независноста на Македонија.
Може некој да ми каже дали и од каде може да се симне ?
 
Шо бида со 24? знае некој? од кога-како?
 
Наскоро:D
А тоа наскоро,веќе 1месец го вртат.

Можеби во меѓувреме повторно воведоа нова програмска шема. "Вести - Реприза (20год.Македонија, 8ми Септември) - Вести ... итн." :pos: црепои
 
Можеби во меѓувреме повторно воведоа нова програмска шема. "Вести - Реприза (20год.Македонија, 8ми Септември) - Вести ... итн." :pos: црепои
Би било убаво стварно да ја обноват програмата во спротивно можат слободно да се преименуваат во ДПМНЕ ТВ
 
Нов генерален директор на МРТВ
3a6f92b287dce243be46b17ebbc36b6a.jpg

Ефтим Гаштов повеќе не е извршен директор на Македонската радио-телевизија. Според последните информации, тој си поднел оставка од директорската фотелја која беше негова од месец септември, 2008-та година. Тој, својата кариера во медиумите ја почна формирајќи сопствена продукција од која произлегоа повеќе телевизиски проекти. Ние од ТВ Пакет сме особено благодарни за периодот кога тој како извршен директор на државната телевизија комуницираше лично со нас, не информираше за сите новости поврзани со МТВ, го слушаше гласот на гледачите и достоинствено ја прифаќаше нашата критика. Директорското место во Македонската радио-телевизија отсега ќе му припаѓа на директорот на порталот "Курир".

Превземено од ТВ ПАКЕТ
 
Ја обновиле програмата, даваа филмови од 60тите. Сега ќе даваат филмови од 90тите.
 
АМБИЦИОЗЕН ПЛАН ЗА МРТ ВО 2012 - КАКО ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРА?

Капитал“ направи анализа на клучните проблеми со кои во 2012 година треба да се соочи раководството на јавниот сервис за МРТ да стане модерна телевизија, која нема да биде владино гласило, туку ќе ги задоволи потребите на јавноста за квалитетна програма
Годината што следува ќе биде силен предизвик за Македонската радио-телевизија, која најавува силна внатрешна реформа и преобразба во модерен јавен сервис, со европски стандарди. Новинарот Александар Чомовски, кој во моментов е актуелен со својата емисија „Ако е“, што се емитува на МРТ како продукциски проект, за „Капитал“ вели дека доколку се направи аудиовизуелна модернизација, ако се постават професионални стандарди во новинарството и МРТ стане економски конкурентна на медиумскиот пазар, никој не го спречува јавниот сервис да понуди „хрватски“ квалитет на програма за македонските граѓани.
ТОП 6 ПРЕДИЗВИЦИ НА МРТ ЗА 2012 ГОДИНА

Програмско преструктурирањеПрофесионални новинарски стандарди за да се врати гледаноста. Потребна и сопствена филмска и документарна продукција.
Зголемување на буџетот Голем предизвик е изнаоѓањето независни средства. УЈП помага во наплаќањето на радиодифузната такса, па се очекува да продолжи трендот на зголемување на наплатата
Враќање на имотот Се најавува постапка за враќање на зградата на МРТ, по што министерствата и институциите кои се сместени таму ќе треба да плаќаат кирија.
ДигитализацијаМодернизацијата на старата опрема, дигитализацијата и техничкото обновување
ПрезадолженостЈавниот сервис има долгови за кредити и камати вредни над три милиони евра, откри ДЗР.
Превработеност900 вработени и континуирано вработување на нови - не е пат до реформа.​
НОВО ЛОГО!

Логото на Македонската радио-телевизија ќе се менува и ќе се редизајнира, откри за „Капитал“ извршниот директор, Петар Каранаков. Веќе е распишан конкурс, на кој сите можат да аплицираат со свој предлог за дизајн, а победничкото ќе го избере Управниот одбор.

http://www.time.mk/read/NONE/1b024597d8/index.html
 
Уште да ги откупи правата за англиското, германското фудбалско првенство, Едеса (Шпанија) кошаркарската лига, НБА преноси, Евролига и АБА или јадранска лига, тогаш ке биде дека стварно ја обнолила програмата.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom