Папагали (општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mRnO
  • Време на започнување Време на започнување
Каде поточно се наоѓа? И, фала. :)
Е,тоа некој поупатен,само знам дека е во Kапиштец,друго,ништо.
Инаку,си мислев,ако е женско дека можеби ќе несе јајце,па затоа се кубе,ама вака стварно незнам :(
 
Може ли да споделите некој совет за припитомување на папагалче?
 
Може ли да споделите некој совет за припитомување на папагалче?

Колку многу е непослушно? :) Стои на прст барем?
Ако не стои ни на прст, пробај со тоа да му ја тргаш храната од кафез и ти со рака давај му да јаде. Тоа е за да го привикнеш да не се плаши од раката. Во сите пет шопови имаш различни стапчиња со храна, прво со нив пробувај. Нема да сака, има да ти падне раката држејќи ама мораш. Од кога ќе се привикне на тоа, почни да ставаш во рака па да ти се качува на рака и да ти јаде, исто пробувај со прстот да го погалиш. Па полека почнувај за ноџињата да го фаќаш, да го креваш на прсте и слично.
Обавезно посветувај му го целото внимание и обраќај му се, збори му.
Прво пробај со ова, па ќе видиме понатака, бидејќи има некои не се припитомуваат.

Заборавив да те прашам, колку е старо ?
 
Јас имам еден папагал, многу е досаден.
Нон стоп е пуштен и цела соба лепешки ми ја направи, затоа што јаде се што јадам и јас.
Доколку не му давам од тоа што јадам станува агресивен, лут е и напаѓа.
Единствено што не јади е шпагети, а не пие само јогурт и ракија. Омилено јадење му е сирење а од пијалок фанта.
Сака да го чешкаме на вратот како само се врти колку ужива во тоа немате претстава. Пријателски настроен е према секој гостин.

Еве веќе 2 дена го чувам сега во кафезот, за да се подсмири малку, и е тажен.
Истото се деси и кога брат ми замина за Америка не јадеше скоро ич.
Може папагал да се депресира ?
 
Може папагал да се депресира ?

Да, особено ако е од поголемите видови кои што се премногу интелигентни.
На пример Африканскиот сив папагал Жако, има интелигенција колку 5 годишно дете.

Жако:
holding-an-african-grey-parrot-7051.jpg
 
Да, особено ако е од поголемите видови кои што се премногу интелигентни.
На пример Африканскиот сив папагал Жако, има интелигенција колку 5 годишно дете.
Нимфа е овај 2ра година го чувам, приврзан е со нас.
I love him :)
 
Веќе два месеци имаме папагал и дали само 5 пати е излегол од кафезот.Вратичката по цели денови му стои отворена, понекогаш и горниот дел од кафезот го тргнеме, тој никако не излегува.Мислам дека и надвор ако го оставам цел ден со нотворена вратичка нема да излезе.Зошто е така? :D
 
Можеби се плаши,можеби не му е позната околината :)
 
Нимфа е овај 2ра година го чувам, приврзан е со нас.
I love him :)

Одма приметив дека е Нимфа по пишувањето исто како јас да сум постирал. Имам Нимфа веќе 1 година и во кафез скоро и да не стои, ептен е приврзан со домашните, а омилено место е да стои на нечија глава. Кога доаѓаш мора да свирне и да те поздрави, ако го оставиш сам се лути. Пред некој ден случајно миев раце со папагалот на глава и самиот се спушти и право под чешма, открив дека многу сака да се бања, ама водата над него да му тече. И се е супер, освен што цел стан има летечки и нагазни мини во зелена боја.
 
Веќе два месеци имаме папагал и дали само 5 пати е излегол од кафезот.Вратичката по цели денови му стои отворена, понекогаш и горниот дел од кафезот го тргнеме, тој никако не излегува.Мислам дека и надвор ако го оставам цел ден со нотворена вратичка нема да излезе.Зошто е така? :D

А на прст стои? И носи го на ветеринар, може да е ќораво.
Ако стои на прст пробај изнесувај го па пуштај го да лета, ама обавезно на ветеринар.
 
Mene drugatite za rodenden mi donesoja papagalche . imaf chuvano i porano ama mi umre letashe, se udri v zid i umre ) . Kazhete mi sho treba da mu kupam ( imam voda, hrana , sipina koska ) i kako treba da go naviknam za da ne bega od mene ! ?:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom