S
Sagan
Гостин
Епа ајде да сугерираме на драгата ни министерка, која марка возила сакаме да нѐ гони по патиштата Шала на страна, кое возило сметате дека ќе биде најсоодветно за нашата полиција?Припадниците на полицијата во 2012 година ќе добијат нова опрема со цел да се подобрат условите за работа и нивната ефикасност, најави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска. Таа пред членовите на полицискиот синдикат, кој денеска заседава во Охрид, ги изнесе приоритетите за кој се предвидени средства во буџетот кој беше усвоен неодамна. Како што можеше да се чуе неофицијално, ќе бидат заменети и полициските „Крајслери“, кои поради високата потрошувачка на гориво се покажале како крајно неекономични.
-Размислуваме идната година застарените средства пред се возниот парк да го обновиме, делови од униформата на кои рокот е изминат и практично да одговароме на барањата на нашите вработени што во континуитет ги добиваме, бидејќи во изминатите години не секогаш бевме во можност да дадеме одговор на таквите барања, рече Јанкуловска. Телма