Фан Клуб: ПСЖ

  • Креатор на темата Креатор на темата centarec
  • Време на започнување Време на започнување
Победа на "мускули" што би се рекло против Оксер. Добро е што ја прекинавме низата од 3 порази и конечно дадовме гол по 400 и нешто минути.

Се шпекулираше низ медиумите дека ако сме изгубеле ќе бил отпуштен тренерот Комбуаре. Успеа да се спаси сега за сега, ама мислам дека за време на зимската пауза ќе биде отпуштен и на негово место ќе дојде некој од Анчелоти, Хидинк или некој од другите тренери за кои се шпекулира. Очигледно дека не е дораснат за новите амбиции на ПСЖ и ни треба некој врвен тренер доколку сакаме да ги оствариме.

Наредна утакица е на 10ти во сабота против Сошо на гости.

Иначе голот на Менез беше 2000от гол на ПСЖ во прва лига. ;)

Как шо пише по вие весницте тука сега па најблизо до клупта на ПСЖ е Бенитез! Поарно Антоан да остане отколку крофнарут сите знајме шо му направи на Интер!
 
Как шо пише по вие весницте тука сега па најблизо до клупта на ПСЖ е Бенитез! Поарно Антоан да остане отколку крофнарут сите знајме шо му направи на Интер!
Читав негде дека агентот на Бенитез изјавил дека немало никаков котакт со ПСЖ. И јас не би сакал да дојде ама сепак Бенитез е класа тренер за Комбуаре.:)
Ама кога ке видам какви врвни тренери се слободни во моментов и не побрзуваат со нив, ние да завршиме на крај со Бенитез би било трагично. Ваљда не се толку без памет Леонардо и арапите.:cautious:

Иначе Матуиди се повреди на мечот со Оксер и нема да игра до нова година. А конечно на тренинг се вратил и Оаро после 3 месеци пауза поради операцијата на рамото и се очекува да игра некоја минута против Сошо. И Диего Лугано е спремен за настап против Сошо.
 
Карло Анчелоти пред потпис со ПСЖ. Интересно, баш ме интересира како ќе се снајде во ПСЖ, тука е и Леонардо како спортски директор сигурно ќе има и нови засилувања во Јануари веќе се поврзуваат со Пато , Кака и Малауда.

http://www1.skysports.com/football/news/11820/7399927/Ancelotti-set-for-Paris-move
 
Анчелоти официјално во ПСЖ:vozbud:
Добро е што го сменија Комбуаре, не е типот за шампионски тим (иако има освоено лига со нас во 94та како играч:P). Сепак фала му за купот во 2010та и се најдобро понатаму.
Анчелоти изјави дека нема многу да ја менува играта, барем не додека не ги проучи играчите. Таман има време до летоска и од идната сезона во ЛШ и за неколку сезони да играме посериозна улога и таму, барем такви планови имаат Арапите.:)
Анчелоти изјави дека ќе се засилел кај што му фалеле играчи така да изгледа ќе се земе лев бек а и две крила бидејки нема замени за Нене и Менез.

Наредна утакмица е утре со Милан пријателска во Доха од 16:30.
А наредна официјална е во куп со некои си 5толигаши Locminé во недела.;)
 
Зашто со Бекам пропадна?
Колку што знам Бекам сакаше првотимец да биде за да има шанси да игра за Британија на ОИ 2012. Во ПСЖ тешко дека прва постава ќе игра на крило пред Менез, а во средина имаме премногу играчи па тешко дека ќе играше редовно. А и тој трансфер ќе беше повеќе за маркетинг отколку фудбалски.:)

После победата во купот против Locmine, во следно коло ќе играме против петтолигашот Sablé/Sarthe на 20ти Јануари.

Првото засилување во Јануари е Максвел, ни фалеше лев бек бидејки Тиене не е баш во форма а и кога би бил тешко дека е подобар од Максвел. Се очекува да настапи утре против Тулуз доколу се среди документацијата околу трансферот.

Како што реков погоре утре играме дома против Тулуз. Очекувам после слабата партија во купот да се покажеме подобро и некоја победа од 2/3 - 0 :P На првата утакмица со нив сезонава ги тепавме 3-1 на гости.
 
Газиме:P Еве фул-хајлајтс.
Одлична игра, многу шанс, добро изигра и Максвел со оглед на тоа што имаше само еден тренинг откако е дојден.

Со победава имаме 43 бода и сме први со 3 бода повеќе од Монпеље, а што е најважно кикснаа Лил и Лион па сега им бегаме 7 и 8 бода.:)

Наредна утакмица е во петок во куп со петолигашот Sablé/Sarthe на гости.
 
ПСЖ У-17 го освои купот во Доха на кој што учествуваа тимови од познати светски школи како Јувентус, Барселона, Ајакс. Во финалето го победиле тимот на Јувентус.

Паоло Малдини го следел натпреварот против Тулуз изминатиов викенд и се шпекулира дека ќе се приклучел на стручниот штаб на Анчелоти.:)
 
Утре утакмица со Евиан на паркот во 19 часот. Очекувам победа, Евиан немаат победа на гости до сега па не би требало да претставуваат некој проблем. Пасторе нема да игра бидејки е повреден уште 2-3 недели, другите сите се спремни.

Во меѓувреме потпишавме со Тиаго Мота за 9 и Алекс за 5 милиони евра . Реално немаше потреба да ги купиме ама Леонардо и Анчелоти го спремаат тимот за наредна сезона и за ЛШ. Само ме нервира што Анчелоти запнал да игра 4-3-2-1 формација со 3 ДМ во средина. Изјави дека сакал да има контрола над играта и поголем посед. Добро е што изјави и дека кога Пасторе ќе се опорави ќе му даде една од тие 3 позиции (нормално малце понапред) и ќе ја смени во 4-2-3-1 и нема да имаме толку дефанзивна формација.:)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom