Кое јадење од македонската кујна ви е омилено?

  • Креатор на темата Креатор на темата miss Lebedica
  • Време на започнување Време на започнување
Свирипиле.. јагула на охридски начин, пастрмка на охридски начин... мазник, ѓомлезе, колбуре, зелник со три катмени...ширден.... епа ова... ако нешто друго ми текне.. ќе пишам... :-)
 
Шо се овие триве?

Свирипиле - тоа ти е јадење за макање, а можеш и као прелив да го користиш, се прави од суви пиперки, лук, масло, киселина, малку вода, сол и нане.. (вака баба ми го правеше и вака гознам, можно е да има и други модификации и додавки, но не е важно) а така се вика затоа што некад, на детето му се пријало нешто, и бабата му го направила ова, али го ољутела оти ставила пиперки, и за да не му лути на малиов, му викала „Свири пиле, Свири пиле!“ и така останало меѓу народот..

Колбуре - тоа ти е месено, се прави исто како зелник, али е вртено, а за разлика од зелникот пак, не се прави со повеќе сукани кори. А колбуре (барем во Охрид така го викаат) се вика токму затоа што е вртено, (демек ко да е вртено околу колец, па оттаму и колбуре).

Зелник со три катмени - тоа ти е зелник, или како овде што велат, пита. Зелникот дури и комад го викаат (во Охрид). Така да пита или комад, или зелник ти е едно те исто. Намерно го пишав зелник, заради името, бидејќи во дрќавава секаде различно го викаат. А тоа со катмените во Охрид се практикувало да, кога ќе правиш зелник, зависно од тоа колку си имотен, толку кори редени ќе му ставиш одоздола или одозгора на витките. Ако се кажело со три катмени, тоа значи дека си поимотен и можеш повеќе да издвоиш за да си приуштиш, нели, повеќе за кркање. Зелник се вика иначе затоа што се прави со зеље. Иначе, во Охрид, по она што баба ми ја научи мајка ми, зелникот се прави без квасец и наравно мора да бидеш искусен сукач :-) .

П.С. - ми текнаа уште две што ми се пријадоа.. 1. кошмишпите и 2. питуличарник ..
 
Ќебапи, плескавици, ражничи, македонки, и се друго на скара со мноооооогу кромид.
или пак мусака и кокошка печена или копанчина од кокошка со ориз.
 
Дефинитивно ми е најомилен ѓомлезецот, али мора да биде добро направен. Ако не ти се потрудат е никаков
 
images


Селско месо најголем мерак ми прави(y)
 
Компир манџа со телешко месо (бидејки нема телешко може и со јунешко)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom