L
.Lost Angel.
Гостин
Што мислите дали треба да се преместат турските серии после 00 h ? бидејќи има доста случаеви кои се поврзуваат со сериите турски ?
На пр.
Турските серии во кои има сцени со пукање се една од можните причини поради која пред две недели се случи инцидентот во автобус со број 74, во кој едно девојче беше застреалано, а двајца патници поминаа со полесни повреди. Оваа е една од варијантите, која градските советници ја разгледаа на вчерашната вонредна седница, во обид да најдат виновник за насилството меѓу средношколците.
Турската серија „Долина на волците“ била повод две деца од Гостивар на возраст од 9 и од 10 години да се јават во Царинската управа во Скопје и да пријават дека во зградата има поставено бомба. Полицајците од секторот за антитероризам ја лоцирале адресата од каде што на 6 декември на телефонскиот број 197 во оперативен центар на Царинска управа преку мобилен телефон била испратена телефонската закана со зборовите: Овде лудиот Хусну, излезете имате бомба. Полицајците утврдиле дека заканата ја испратиле двете деца кои во полиција признале дека идејата да пријават поставена бомба ја добиле откако претходно ја гледале серијата „Долина на волците“. Полицијата ќе поднесена пријава против родителите на децата.
--- надополнето: 23 декември 2011 во 01:12 ---
Инаку еве според мене воопшто не ни треба тие серии да се емитуваат а не пак да се преместуваат но сепак мене никој неме прашува и се емитуваат но има ете некои кои дефинитивно сакаат изгледа да глумат како Полат и да пријавуаат бомби и да пукаат а некои пат како од сериите во кои само плачење се гледа
и почнаат тенејџерите да се самоубиваат поради девојка/дечко ... Вие што мислите?
На пр.
ГРАДСКИТЕ СОВЕТНИЦИ РАСПРАВАА ЗА НАСИЛСТВОТО МЕЃУ СРЕДНОШКОЛЦИТЕ
Турските серии виновни за пукањето во автобус

И носењето оружје во училиште и домашното воспитување на децата се најдоа на дневен ред на расправа.
"Виновник за вакви инциденти не може да биде ниту ЈСП ниту Градот Скопје. Причините за насилство кај децата се подлабоки, па треба да се внимава и на нивното воспитување и едукација. Јас, на пример, сум против сериите кои се емитуваат секоја вечер во 20 часот. Тие треба да се пуштаат после полноќ, кога децата спијат и не можат да ги гледаат", меѓу останатите забелешки го искоментира и овој момент советникот Тони Ѓуревски од ВМРО-ДПМНЕ.
Мишо Николов, директор на ЈСП"Скопје", тврди дека за инцидентот во 74-ка се преземени сите мерки за пријавување и санкционирање на сторителите.
"Да воспоставиме ред и мир во автобусите кои се јавни места, неопходна е поголема поддршка и присуство на надлежните органи", рече Николов.
(М.Ѓ.)
Водич за возачите при инциденти
ЈСП"Скопје" ќе изготви прирачник за однесување на сите вработени, првенствено за шоферите. Со вакво задолжение Советот на Град Скопје го обврза претпријатието, кое во рок од еден месец треба да го состави специјалниот водич. Во него ќе пишува како да постапат возачите во случај на инциденти, во какви ситуации треба да пријават во полиција и во внатрешна контрола на претпријатието, како и во кои услови може да им помогнат на патниците.
Долина на волците“ повод за лажна дојава за бомбаТурската серија „Долина на волците“ била повод две деца од Гостивар на возраст од 9 и од 10 години да се јават во Царинската управа во Скопје и да пријават дека во зградата има поставено бомба. Полицајците од секторот за антитероризам ја лоцирале адресата од каде што на 6 декември на телефонскиот број 197 во оперативен центар на Царинска управа преку мобилен телефон била испратена телефонската закана со зборовите: Овде лудиот Хусну, излезете имате бомба. Полицајците утврдиле дека заканата ја испратиле двете деца кои во полиција признале дека идејата да пријават поставена бомба ја добиле откако претходно ја гледале серијата „Долина на волците“. Полицијата ќе поднесена пријава против родителите на децата.
--- надополнето: 23 декември 2011 во 01:12 ---
Инаку еве според мене воопшто не ни треба тие серии да се емитуваат а не пак да се преместуваат но сепак мене никој неме прашува и се емитуваат но има ете некои кои дефинитивно сакаат изгледа да глумат како Полат и да пријавуаат бомби и да пукаат а некои пат како од сериите во кои само плачење се гледа
