Нови скулптури - во Скопје и низ цела Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата SuicideMessiah
  • Време на започнување Време на започнување
Додека не ги реименуваат спомениците на двајцата воини, тоа се споменици на непознати, РАНДОМ, воини.Ние може само да нагаѓаме за кои се работи. (y)
 
На ред дојдоа постаментите за тројцата Албанци од проектот „Скопје 2014“

Во тек е јавен оглас за изградба на постаменти за спомениците на албанските дејци Пјетер Богдани, Јосиф Багери и Неџат Аголи, кои под притисок на албанскиот политички фактор дополнително се вметнаа во проектот „Скопје 2014“. Понудите на конкурсот треба да се достават најдоцна до 9 јануари, следната година. Според идејните решенија и овие споменици ќе бидат високи по пет метри, а постаментите по седум. Основоположникот на албанската книжевност, Пјетар Богдани, ќе се издигне до споменикот на Гоце Делчев, поетот Јосиф Багери - пред стариот театар, а првиот министер за здравство во македонската Влада од 1945 година, Неџат Аголи, ќе се постави во паркот Жена-борец, до споменикот на паднатите херои.
Лиењето на овие три споменика ќе чини околу 200.000 евра.
 
„Македонско име нема да загине“. Со овие зборови денес беше откриен споменикот на Блаже Конески пред Македонската академија на науки и уметности.

koneski-01.jpg-500.jpg

На одбележувањето на 90-годишнината од раѓањето на првиот претседател на МАНУ, негов памтеник беше поставен да служи како спомен за сите дела кој овој македонец ги остави зад себе.
Споменикот го откри академик Јордан Поп Јорданов кој како резиме ја наведе лаконската порака на Петре М. Андреевски- „Дај Боже, барем на секои 100 години, да ни се раѓа по еден Блаже Конески“.
Споменикот е дело на академик Томе Серафимов. Изработен е од прилепски мермер, кој ја карактеризира поврзаноста на Конески со неговото родно место. Во стоечка положба, со книга и перо во рака, споменикот на Конески ги потсетува постарите, а ги учи помладите.На споменикот е напишано „Јазикот е нашата татковина“.
koneski-otkrien.jpg-500.jpg

На откривањето на споменикот присуствуваа министерката за култура Канческа Милевска, градоначалникот на Општина Центар, Тодоровиќ, академици, писатели, професори и почитувачи на делото на Конески.
Блаже Конески е втемелувач и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик и виден книжевен, културен и јавен работник: академик, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог и лингвист, преведувач и професор на Филозофскиот факултет во Скопје.
 
Денес пред МАНУ никна едно мало, ужасно, грдо спомениче, (не)дело на академик Томе Серафимовски. Тоа треба да го претставува Блаже Конески и е поставено по повод 90 годишнината од неговото раѓање (роден е на 19 декември 1921 година). Изделкано е од прилепски бел мермер што требало да ја симболизира поврзаноста на Конески со родниот крај ( :tapp:ебате симболиката), но повеќе личи на Томе. Квалитетот на изработкава е сличен со споменикот на Мисирков и соседната му капија.
Не му е првпат на Томе вака да се резили. И во Хрватска е познат.
И местоположбата е лошо избрана, меѓу Академијата и улицата, речиси на раскрсница.
Бедно:cautious:
blazekonevski_81346.jpg
 
Сите споменици што ги направи Томе се грди,лоши ,ладни..ја незнам што толку го форсираат :tapp:
 
Еве линк за неколку скуптури во изработка за плоштадот "Карпошово востание"
И линк за релјефите на порта "Mакедонија" ;)
 
Не се сеќавам кога последен пат Томе Серафимовски направил квалитетна скулптура. Очигледно е дека во неговиот стил има се поголемо вонземјанско влијание. Свети Наум Охридски го направи со Голема Глава сега Блаже Коневски со некој си Рељефи на Главата во Стар Ворс стилот , незнам што е следното но колку помалку му дават работа во иднина толку подобро за сите нас.
Од друга страна пак Валентина покажа пример за добар скулптор и скоро се што направи досега мене лично многу ми се допаѓа. Штета што и другите помлади скулптори не се толку надарени па така за жал ни се случија Никола Карев и Трансформерските лавови.
 
Сите ги утна .. и Климент и Наум и Мисирков.. па срамота бе Томе, незнам од каде и кој му даде толкава репутација..Штета што Валентина не ги работи сите скулптури,жената се покажа дека си го знае занаетот , за разлика од "доајенот" Серафимовски..:tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom