Македонија под уставно име воспостави дипломатски односи со Намибија

Apple

It's good to be good
Член од
11 октомври 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
1.372


Македонија под уставно име денеска воспостави дипломатски односи со Намибија. Намибија е 133-тата земја која официјално го призна уставното име на Република Македонија.
- Република Македонија и Република Намибија денеска попладне во Њујорк воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво под уставното име на нашата држава. Амбасадорите на двете земји при Обединетите нации, Пајо Авировиќ и Вилфрид Емвула, го потпишаа Заедничкото соопштение, кое што понатаму, согласно протоколот на ОН ќе биде дистрибуирано до сите земји членки.
Односите меѓу двете држави, ќе се развиваат согласно принципите на заемно почитување, пријателство, немешање во внатрешните работи, како и признавање на територијалниот интегритет и суверенитет на двете земји. Воедно, со овој чин, се отвараат широки можности за продлабочување на соработката меѓу Македонија и Намибија во сите области од заеднички интерес.

Влада на Република Македонија
 
Член од
3 јули 2010
Мислења
1.230
Поени од реакции
1.863
Наградно прашање - Уште колку треба за да се поднесе иницијативата за признавање под уставното име во ОН?
 
S

Sagan

Гостин
Благодарност до намибиската држава.
Мислам 2/3 дека треба.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Поздрав до Братскиот Намибиски народ....
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5
S

Sagan

Гостин
Поздрав до Братскиот Намибиски народ....
:icon_lol:
825.000 km2 се (34ти), а популација од два милиона (142ри). Густина од 2,5/км2, на дното на листата, пред Монголија. Таман си е.
--- надополнето: 21 декември 2011 во 21:12 ---
Зошто сеуште немаме дипломатски односи со Кипар?
Со грчки Кипар поарно што немаме дипломатски односи. Турски Кипар нема право да признава држави.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Поздрав до Братскиот Намибиски народ....
:vozbud:

него, добра вест е оваа. Исто ко да те признала Америка. Јак фактор е Намибија. Сепак, Френки Фредерикс олимпиецот од таму беше :)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
:icon_lol:
825.000 km2 се (34ти), а популација од два милиона (142ри). Густина од 2,5/км2, на дното на листата, пред Монголија. Таман си е.
--- надополнето: 21 декември 2011 во 21:12 ---

Со грчки Кипар поарно што немаме дипломатски односи. Турски Кипар нема право да признава држави.

Moже ние да го признаеме турски Кипар , први ќе бидеме..
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
:icon_lol:Со грчки Кипар поарно што немаме дипломатски односи. Турски Кипар нема право да признава држави.
Ај не треси глупости, белким не ќе се изолираме. Прво незнаеш дека луѓето во грчки Кипар се многу кул и немаат никакви проблеми со нашето уставно име (сум зборувал со многумина а веројатно тоа е така затоа што се подалеку од нас), второ Кипарските Грци не сакаат да имаат ништо со Грците од Грција затоа што Грчката држава воопшто не се грижи за нив. Многумина не се декларираат повеќе како Грци туку како Кипарци (Киприоти) а се почесто си го нарекуваат јазикот Кипарски. Супер би било кога би имале таму амбасада за да не одиме во Српската доколку ни притреба нешто. Плус имаат недостиг на вода па многу би можеле да добиеме доколку им извезуваме вода, business is what i'm talking about ;) Подобри односи би имале тие со нас отколку со Грција и сигурен сум дека би можеле и тие да не признаат под уставното име што би била голема шлаканица кон Грција.
 
S

Sagan

Гостин
:vozbud:

него, добра вест е оваа. Исто ко да те признала Америка. Јак фактор е Намибија. Сепак, Френки Фредерикс олимпиецот од таму беше :)
Секоја држава членка на ООН се брои и го зголемува нашето салдо, макар тоа да е Сан Марино, или Андора.
Да ги почитуваме државите кои искажале почит и разбирање кон нас.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Наградно прашање - Уште колку треба за да се поднесе иницијативата за признавање под уставното име во ОН?
Не е тоа потребно за поднесување таква иницијатива. Дискутирано е милион пати за опциите.

Доволно е да се извести Органот на ООН дека од утре сакаме да ни се обраќа со Македонија.


* Види случај Мјанмар (поранешна Бурма).
 
S

Sagan

Гостин
Moже ние да го признаеме турски Кипар , први ќе бидеме..
Тупурковски не се бави со политка повеќе, за жал. :icon_lol:Ама и така, Турција е прва.
Не зборам јас за Кипарците како народ, туку за политичарите нивни, кои се едно та исто со грчките.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
:icon_lol:
825.000 km2 се (34ти), а популација од два милиона (142ри). Густина од 2,5/км2, на дното на листата, пред Монголија. Таман си е.
--- надополнето: 21 декември 2011 во 21:12 ---

Со грчки Кипар поарно што немаме дипломатски односи. Турски Кипар нема право да признава држави.
Сувереноста на државите не зависи од волјата на ООН, ниту било кому му припаѓа „правото“ за признавање држави, народи, влади.

Впрочем, никогаш не се работело за нашето признавање како држава, туку за нашето име.

Воспоставувањето на дипломатските односи не се прави заради некакво “признавање“.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom