Според мене, одговор на прашањето би било бидејќи на победникот во таа глобална игра така му одговара/одговарало. Во политиката апсолутно е небитно дали си во право или не, битно е дали си на вистинската страна. Оваа династија ќе биде осудена од историјата, па дури и Корејците во Северна Кореа (колку глуп и неприроден израз, ама многу поглупо ми е Севернокорејци) да живеат најубаво во светот. Бидејќи историјата ја пишуваат победниците.
Притоа, апсолутно не ми се допаѓа режимот на Ким Јонг-Ил и мислам дека вистината не е многу далеку од американската пропаганда.
Зависи. Постојат (валидни) докази дека невработеноста во НДР Кореја е помала од 1 процент. Доколку се остане на тој податок, што ќе претставува НДР Кореја?
Ако се додадат уште неколку податоци кои се надвор од рангот на kill 'em all пропагандата на америте, ќе испадне дека, колку толку, НДР кореја е солидно местенце за живот. Уште да нема санкции - топ. Меѓутоа, пропагандите од типот „во НДР Кореја има канибализам“ се апсурд и токму против тоа и одам на оваа тема.
Да се разбереме, јас не одам со главата во ѕид и нема да го оправдам Ким Јонг Ил, како што нема да го оправдам ниту еден лидер во светот, било кога било каде. За разлика од селективното „оправдување“ на многумина овде.
НДР Кореја е сиромашна земја. Ми се чини како да го имам повторено ова милион пати, меѓутоа for the sake of the argument тука сум пак.
Никоја земја со такви природно-географски карактеристики не би издржала против толкави санкции толку време.
Ниедна земја.
Никаде.
Никогаш.
Земи ја за пример Македонија.
Во деведесетите години, само краток период беа затворени границите со јужниот сосед, па немаше ни млеко во маркетите. Замисли, НДР Кореја се носи со ембарга од цел свет. Неколку децении...
Па дури да е блиска пропагандата... што може Кореја против цел свет?
Може... во потрага по своите права и слободи да даде се што има во војска и развивање на оружје
А што останува за нас?
Да читаме по страници на гугл дека НДР кореја е woша земја.
Без преседан лоша.
Затоа што америте така рекоа? Мислам, глупо е...
треба да се разгледаат сите страни.
За мене, Ким јонг Ил ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ не е полош од Реган.
иако пола овде не знаат ништо за Реган.
Добро другар може да го видиме твојот поглед на Северна Кореа како држава баш ме интересира па после да полемизираме ?!
фала на прашање сепак.
Кореја започна да го гради хотелот во 80тите години. По уште посилните санкции од ООН, изградбата на хотелот била забранета.
Во тоа време, ваков хотел бил само „уау“.
Во земја како С. Кореја?
Ма дааај...
тоа е погледот мој за земјата.
различен од американскиот