- Член од
- 6 март 2007
- Мислења
- 2.301
- Поени од реакции
- 1.580
Е па токму затоа пишав прекумерно пушење. Значи се што е многу е штетно. Ама овдека финтата е што ова те тера на повеќе и повеќе, и тешко е да останеш свесен дека ако земаш се повеќе си правиш лошо на себе а можда и на некој друг, и да се држиш до одредена константна количина на консумирање.А ако лапниш 10 аспирина наеднаш тоа не е штетно, туку побрзо ќе се оздравиш. Тие забрани се баш како што кажав на некој не му одговара, целата дрога се легализира ќе си ја земаш на рецепти, ќе ти биде медицински препишана и ќе знаеш точно што пиеш за разлика од тоа што го купуваат од сомнителни луѓе со сомнително потекло само повеќе пари да се направат.
После некое време количината што си ја земал нема да ти дејствува па ке си речеш ај бе уште малку повеќе за да ја осетам. После некое време и тоа нема да ти дејствува па пак ке земеш уште малку повеќе...и така се додека не се предозираш. И кога ке скинеш конци или кога ке фатиш ракче на плуќа или грло тогаш ке ти биде касно.
Само мене не ми е јасно зошто тутунот е дозволен а марихуаната не. И двете се произведуваат и користат од пред илјадници години. Искрено тогаш мислам дека овие растенија ги спремале на друг начин и ги користеле, при што немале толку штетни последици по здравјето.
Или на пример алкохолот. Сите пијат се ошеметуваат па после возат коли прават сообраќајки гинат и сл. Па и дрогата ошеметува, т.е не си свесен за акциите што ги превземаш и алкохолот ошеметува и е штетен доколку се консумира во големи количини.Кога ке видиш исто ти е, а од кое побрзо ке умреш тоа е релативна работа.
Може некој наркоман да се пука у вена 15 години и после да умре а може некој човек што прв пат во животот се опијанува, пали колата се лупа у камион и умира. И што сега?
Колку што знам коката и марихуаната ја користеле и Маите и Ацтеките, пред 5-6000 години како лек за одредени болести и како стимуланс против болки, еден вид анестезија или опиум. Исто така листот од овие растенија го со некои други состојки го мешале и го нанесувале на отворени рани кои многу брзо зараснувале.
Затоа и мислам дека треба да се легализираат за да може научно да бидат студирани и применувани во медицината, а и како производ на пример цигари да им се подобри квалитетот, значи кога некој ке посака да пуши марихуана, тоа да биде квалитетна марихуана.
Инаку јас никогаш немам пробано марихуана, ама сум бил во такво друштво често пати, и сум посматрал како функционираат тие работи кај човекот, и на краток и на долг период. Слободоумен сум и затоа сум се интересирал за овие работи и знам како функционираат, и понешто од историја знам.
Јас немам потреба од овие средства,и ова што го пишувам не го пишувам пошто сум нивен корисник, туку бидејки мислам дека ова е голем проблем кој не е решен а општеството постојано бега од него. Не соочувајки се со проблемот нема ништо да реши, само ке умираат секој ден се повеќе луѓе од него.