CafeDelMar
Luminance
- Член од
- 29 октомври 2007
- Мислења
- 6.507
- Поени од реакции
- 14.693
Морав да те цитирам.Зрна кафе
Потребни состојки:
- 250 гр. шеќер
- 75 мл. вода
- 125 гр. маргарин
- 100 гр. ореви
- 100 гр. мелени бисквити
- 80 гр. + 100 гр. чоколада за готвење
- 1-2 лажички кафе (македонско или нес по избор)
- 3 лажици зејтин
Подготовка:
Во сад на шпорет ставете го шеќерот заедно со водата 3-4 минути да проврие и да се растопи. Тргнете од шпорет и додајте ги маргаринот и 80 гр. чоколада за готвење и мешајте додека не се растопи. Истурете ги мелените ореви, бисквитите и кафето, па мешајте додека да се соединат состојките. Кога ќе се излади смесата формирајте топчиња со големина на орев и со помош на чепкалка хоризонтално поставена направете вдлабнување по средината на топчињата за да добиете облик на кафе. Оставете ги убаво да се изладат, а потоа направете глазура од 100 гр. стопена чоколада за готвење со 3 лажици зејтин, па секое зрно кафе потопете го во глазурата и повторно со чепкалка направете вдлабнување.
![]()
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
За глазура на овие слатки оди околу 150 грама чоколада за готвење, да си спремате навреме или да ги правите поголеми за да заштедите на чоколадо.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)