Еве момци што има Мартин Клинчаров,бивш ракометар, да каже на темата Ојлески/Манасков. Конечно човек со муда да збори за недопирливиот Стевче.
Пренесено од ФБ во целост:
Играњето и минутажата немаат никаква врска со квалитетите. Како што не е исто да бидеш резерва во Манчестер Јунајтед и да играш 90 мин во Сиена. На пример. Кога би бил јас селектор на европско би оделе и Манасков и Ојлески затоа што и двајцата заслужиле и затоа што и двајцата се квалитет и иднината на мак ракометот. Нормално Стево Алушевски одамна не би требало да биде дел од таа репрезентација заради тоа што тоа е природен процес, а на тезата која со години се пласира дека нема друг, има контра теза која гласи, неможе ни да има кога свесно се уништуваат крила и не им се дава шанса. Еве еден прост пример... Штефан Кречмар (Stefan Kretzschmar) беше најдобро лево крило на светот, ама дечкото се пензионираше од репрезентација на 32 години, за да може Торо Јамсен од Хамбург и Уве Геншејмер од Рајн Некер Ловен да напредуваат во кариерата.... Така да место да се карате кој од овие двајца (Манасков или Ојлески) треба да е во репка, треба да шочнете да раџмислуваѕе дека и двајцата треба да се, затоа што негледам причина зошто Алушевски би бил недопирлив кога одамна не е ни во добрите години а ни во формата која ја имал. Значи секаде огра тој што е најподготвен, тој што може да даде максимум и нормално секогаш се гледа 5 години напред. Исто како што сега не би требало ни Темелков да е во тој состав затоа што германската бундес лига ја замени со аматерската лига во Луксембург, а ги имаме и Златко Мојсовски и Гоце Георгиевски, исто важи за Митков, кој игра во Ш клуб, во Ш лига, на сметка на Мајнов чија Антекера е претпоследна ама во АСОБАЛ лига каде игра против сериозни екипи и што е поважно во добра форма. Раде Стојановиќ нема да го спомнувам пошто тоа е друга тема....
Морада кажам дека во главно,се согласувам со него.
Сум пишувал тука,дека кога доживеавме неуспех за последователно СП во квалификациите,Стевче со повлече,му плескавме 5 минути во БТ, и кога се најде шанса за ново првенство,се врати да "помогне" и ние го прифативме со мислење дека нема нови момци... но сега изгледа има. Навистина,не ми текна примерот со Кречмар, а навистина е прикладен за во нашата ситуација.