Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Со подновувањето на војниците во проектот „Војник на 21 век“, македонската армија може да биде ефективна како израелската, оценуваат домашните познавачи
![]()
![]()
- Инфериорноста на армиите од Балканот, со исклучок на Турција и на Грција, во споредба со армиската опременост на развиените земји, ги принуди првите луѓе на министерствата за одбрана да најдат алтернативен метод за промоција на војските во регионот, кои, во суштина, и не се добро опремени. Со овие нови гаџети, униформи и шминка во опремата на војниците, секоја земја поединечно ќе се фали само пред новинарите. Сé е, во суштина, само една голема фарса - истакнува Лазански.
Тој е дециден дека на секоја балканска земја најитно и се потребни хеликоптери, авиони, бродови и тенкови за да се поднови арсеналот на вооружување, а овој недостиг се затскрива со минимално инвестирање во добро популизираниот концепт „Војник на 21 век“.
- Дигиталните екрани, на кои се гледа нишанот на пушките, земјените радари и џипиес-системите, на пример, во Франција и во Англија ги поседуваат ловџиите, бидејќи и не се некоја инвестиција, а може да се набават во продавниците за електроника. На овој начин, со овие уреди тамошните ловџии убиваат диви свињи по планините - објаснува Лазански.
Единственото нешто што ќе го сторат балканските земји со вградувањето на овие уреди во индивидуалната опрема на нивните војници, оценува Лазански, е да ги оспособат во ранг на ловџиите на Западна Европа.
- Наместо трошење пари за шминка на војската како во научнофантастичните филмови, препорачувам луѓето што се занимаваат со менаџирање на финансиите на одбраната на балканските земји истите пари да ги пренасочат на купување капитални орудија, кои би ја гарантирале безбедноста на регионот - резимира Лазански.
Автор: Александар Србиновски
Да се споредуваш со Израелската војска значи дека си на многу јаки дроги.
виц на годината,
некои луѓе во Македонија се обидуваат да се споредат со Англија,Франција,Tурција,Израел,Грција..
офф лелеееее до каде стигна светот..
--- надополнето: 19 декември 2011 во 00:27 ---
![]()
Nемора да се војува против некого за да имаме војска. Секогаш треба да се биди спременСамо ме интересира...
Планираме да војуваме против некого, или?![]()
Nемора да се војува против некого за да имаме војска. Секогаш треба да се биди спремен![]()
Мислиш да бидеме спремни како вазалните представници на поробените народи во отоманската империја кои праќале војници за туѓи интереси.
Имавме и кај нас туѓа војска, па никому ништо. Што знаеш што можи да се деси. Утре други ден можи да настани војна и ние граѓаните да имаме пушки и да се бориме што нема блага везе. А кај е војската? Што значи нека има најдобро ќе биид )Мислиш да бидеме спремни како вазалните представници на поробените народи во отоманската империја кои праќале војници за туѓи интереси.