Драги романисти, дојде време да кажам дека се плашам Наполи, дојде време кога на спортска Рома има 3,5 коефициент против неаполците, а пред две години си пишувавме "ајде да ги изедеме наполитанките"
бла бла .. сега веќе го нема тоа, сега Наполи е моќен тим(многу ми е жал што го кажувам ова), па и ситуацијата моментална во нашиот тим ги прави Наполи фаворити ...
- гледам составот повторно десеткуван, Гаго не се оправил, Пизаро не е во состав, Кјаер исто не се залечил на време, разликата од утакмицата со Јуве е што ги имаме на располагање Хуан и Кркич, ама Хуан не е веќе оној силниот дефанзивец, еве како што гледате еден Хајнце прикажува подобри партии од него ...
можните состави:
Corriere dello Sport: Stekelenburg; Rosi, Juan, Heinze, Taddei; Perrotta, De Rossi, Greco; Totti, Lamela, Osvaldo
Gazzetta dello Sport: Stekelenburg; Rosi, Juan, Heinze, Josè Angel; Simplicio, De Rossi, Greco; Totti, Lamela, Osvaldo
Il Messaggero: Stekelenburg; Rosi, Juan, Heinze, Taddei; Simplicio, De Rossi, Greco; Lamela, Totti, Osvaldo
Il Romanista: Stekelenburg; Rosi, Juan, Heinze, Taddei; Viviani, De Rossi, Greco; Lamela, Totti, Osvaldo
Il Tempo: Stekelenburg; Rosi, Juan, Heinze, Taddei; Greco, De Rossi, Simplicio; Totti; Lamela, Osvaldo
Corriere della Sera: Stekelenburg; Rosi, Juan, Heinze, Taddei; Greco, De Rossi, Simplicio; Totti; Lamela, Osvaldo
La Repubblica: Stekelenburg; Taddei, Juan, Heinze, Josè Angel; Greco, De Rossi, Simplicio; Totti; Osvaldo, Lamela
Ме чуди ово Греко во секоја можна комбинација го има, незнам што гледа Енрике во него, нели забележа дека тој ни беше најслаб играч против Јуве, не знаеше кај тера Како можеме да ги тепаме Наполи ?? па треба најпрво сите да изиграат со срце и да дадат 100% од себе, што се однесува до Енрике, треба да направи нешто слично како со Јуве, многу агресивна игра, задача на напаѓачите да се враќаат во одбрана и да ги маркираат ултра офанзивните бекови на Наполи, тое се однесува на Ламела и Освалдо .. друга работа, Наполи немаат некој добар среден ред, но кај нив средниот ред служи само да ја изнесе топката од нивната половина и да пронајде некој од триото во нападот или да ги најде бековите кои за секунда телепортираат на противничката половина, значи треба како против Јуве голем пресин уште на нивната половина, бидејќи доколку нивните средњаци успеат да ја пласираат топката до некој од офанзивните играци, тоа автоматски претставува опасност за нашиот гол, триото на Наполи е толку моќно што може да ја совлада секоја одбрана доколку им се остави мал простор .. најбитно е одбраната да биде на големо ниво, како против Јуве, средњаците да трчаат цели 90мин а за нападот, што може да успеат да направат Ламела,Тоти и Освалдо нека направат(што дал Господ) Ќе кажам, би било убаво да останеме непоразени во овој меч ... Форца Рома !!