Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Со подновувањето на војниците во проектот „Војник на 21 век“, македонската армија може да биде ефективна како израелската, оценуваат домашните познавачи
![]()
![]()
- Инфериорноста на армиите од Балканот, со исклучок на Турција и на Грција, во споредба со армиската опременост на развиените земји, ги принуди првите луѓе на министерствата за одбрана да најдат алтернативен метод за промоција на војските во регионот, кои, во суштина, и не се добро опремени. Со овие нови гаџети, униформи и шминка во опремата на војниците, секоја земја поединечно ќе се фали само пред новинарите. Сé е, во суштина, само една голема фарса - истакнува Лазански.
Тој е дециден дека на секоја балканска земја најитно и се потребни хеликоптери, авиони, бродови и тенкови за да се поднови арсеналот на вооружување, а овој недостиг се затскрива со минимално инвестирање во добро популизираниот концепт „Војник на 21 век“.
- Дигиталните екрани, на кои се гледа нишанот на пушките, земјените радари и џипиес-системите, на пример, во Франција и во Англија ги поседуваат ловџиите, бидејќи и не се некоја инвестиција, а може да се набават во продавниците за електроника. На овој начин, со овие уреди тамошните ловџии убиваат диви свињи по планините - објаснува Лазански.
Единственото нешто што ќе го сторат балканските земји со вградувањето на овие уреди во индивидуалната опрема на нивните војници, оценува Лазански, е да ги оспособат во ранг на ловџиите на Западна Европа.
- Наместо трошење пари за шминка на војската како во научнофантастичните филмови, препорачувам луѓето што се занимаваат со менаџирање на финансиите на одбраната на балканските земји истите пари да ги пренасочат на купување капитални орудија, кои би ја гарантирале безбедноста на регионот - резимира Лазански.
Автор: Александар Србиновски
виц на годината,
некои луѓе во Македонија се обидуваат да се споредат со Англија,Франција,Tурција,Израел,Грција.. 


Да се споредуваш со Израелската војска значи дека си на многу јаки дроги.
па тие имаат 176 000 регуларна војска а ние од дека ке извадиме толку војници, на нас би ни било доволно максимум 25 000 и ништо повеќе нормално во споредба со тоа колку жители имаат тие а колку ние ќе испадне дека треба да имаме некаде околу 60 000 али ние не живееме во толку лоши услови како нив,е сеа би требало ако веќе сакаат нашиве да заличиме на израилците да набават какви такви авиони, да си го обезбедиме воздушниот простор и да не не дупат грците како во 1995 да се летаат со Ф-16 околе Гевгелија и Кожуф, колку толку да се има тоа си треба, за тенковите па да не збориме скапаа веќе нити имаат некакви стандарди и недајбоже во случај на војна шо се вели со бакла ќе го запалат не па ли да го рокнат со золја ,а па и од дека се мизерни па и во многу голем број се дури 30
... ма дај човече ова мора да е заебанција, наместо да ги поправаат секоја година тие МИ-24-ки нека купат 8 или 10 нови и крај, тек после можеме да збореме за персонално опремување на војниците, тие војници веќе 20 години се возат во камиончиња од типот на ТАР или како беа таму (оние стари со југословенско производство од пред 50 години) ... за изградба на воен аеродром па да не зборуваме, сакаа кај нас да откупуваат земја на Овче Поле ,ја откупија и ништо не направија,требаше да се гради карго аеродром па после работата беше за воен и ништо не бидна ги заебаа луѓето само им собраа нивите за ич пари,... шо мислат ја незнам ама така како што сакаат ни за прстот нема да им се фатиме на израелците ... толку од мене, цело време истото го коментирам а и уште 1000 такви како мене, ама очигледно министерството за одбрана има зацртано некој свој пат Македонија да ја прави како Сомалија, па наместо Армија на Република Македонија ќе има Апаши на Република Македонија, !

виц на годината,
некои луѓе во Македонија се обидуваат да се споредат со Англија,Франција,Tурција,Израел,Грција..
офф лелеееее до каде стигна светот..
--- надополнето: 19 декември 2011 во 00:27 ---
![]()


Nемора да се војува против некого за да имаме војска. Секогаш треба да се биди спременСамо ме интересира...
Планираме да војуваме против некого, или?![]()

Nемора да се војува против некого за да имаме војска. Секогаш треба да се биди спремен![]()
Мислиш да бидеме спремни како вазалните представници на поробените народи во отоманската империја кои праќале војници за туѓи интереси.
!Имавме и кај нас туѓа војска, па никому ништо. Што знаеш што можи да се деси. Утре други ден можи да настани војна и ние граѓаните да имаме пушки и да се бориме што нема блага везе. А кај е војската? Што значи нека има најдобро ќе биид )Мислиш да бидеме спремни како вазалните представници на поробените народи во отоманската империја кои праќале војници за туѓи интереси.