Предлог за серии и кратки рецензии

Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
http://www.imdb.com/title/tt1610527/


Ако некој ја има гледано нека даде инфо ,сите ја препорачуваат добра била ептен.
Jaс ја гледам и смешна ми е, не е саут парк левел смешна, но поминува. Ја знаеш содржината и ликовите, а шегите најчесто се помеѓу другарите, за дрога, алкохол, женски. Некогаш има и референци за други филмови и серии, па има и шеги за нив. Ако бараш нова комедија за гледање, имаш друг подобар избор, а ако се двоумиш дали да ја гледаш оваа серија или не - гледај ја.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
1.424
Поени од реакции
789
Ако сакате мистерија гледајте ја Lost, Agatha Chirsty Poirot, Heroes a за комедија има многу серии ама според мене би ги препорачал Rules of Engagement, Friends, Two and a Half Man и др. а за кулирање гледајте си ја Prison Break :)
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
238
Поени од реакции
306
Пред некоја недела ги открив овие две серии и баш ми се допаднаа. За љубители на жанрот фантазија се одлични :)

Lost girl http://www.imdb.com/title/tt1429449/ Главното дејство се врти околу Бо, харизматична девојка, која е посебен вид феа(самовила) и се храни со животната енергија на луѓето. Истотака има доста крими и еротика :)

Once upon a time http://www.imdb.com/title/tt1843230/ Склоп од сите бајки чии среќни краеви се спречени од вештерка. Главен херој е ќерката на Снежана :)
 
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.847
Пред некоја недела ги открив овие две серии и баш ми се допаднаа. За љубители на жанрот фантазија се одлични :)

Lost girl http://www.imdb.com/title/tt1429449/ Главното дејство се врти околу Бо, харизматична девојка, која е посебен вид феа(самовила) и се храни со животната енергија на луѓето. Истотака има доста крими и еротика :)

Once upon a time http://www.imdb.com/title/tt1843230/ Склоп од сите бајки чии среќни краеви се спречени од вештерка. Главен херој е ќерката на Снежана :)
Lost Girl ја гледам и добра е.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Lost Girl и јас ја гледам, мислам дека имам и една рецензија напишано.
Ништо посебно не е, онака за убивање на времето, првата сезона цела ми е изгледа, сега вторава почнав епизода по епизода ама неможев да ги стасам и ја оставив цела сезона да испадне па летоска ќе ја гледам.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.529
Boardwalk Empire

http://www.imdb.com/title/tt0979432/

Скапа серија од HBO продукција, Мартин Скорсезе и Марк Волберг се продуценти, Стив Бушеми во главна улога.

Атлантик Сити во 1920 години. Криминал, трговија со алкохол (во тоа време нелегален), изневери, секс, превари итн.... Многу добра серија, една од подобрите што ги имам гледано, се гледа дека Скорсезе замешал убаво прсти, нема безпотребно драматизирање и лигавење, на моменти серијава знае да биде и безпоштедна и сурова, а и да се запраша човек дали всушност е "кул" да се биде гангстер кога можат да те рокнат во секое време :)

За сега има 2 цели сезони во најава е снимање и на трета. Доколку ви се допаднал филмот Кум, тогаш неизбежно ке ви се допадне и серијалов.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314

Great Expectations

Мини-серијал од три дела. Екранизација на истоимениот роман на Чарлс Дикенс. Серијата е во продукција на BBC, по повод 200 години од раѓањето на писателот.

Пип е 6-годишно, добродушно сираче кое живее со постарата сестра и нејзиниот маж, ковач. Мистериозната и богата госпоѓа Хавишам го кани Пип да ја дружи нејзината разгалена и арогантна ќерка Естела. Пип ве вљубува во Естела, но мора да ја напушти и да оди да се школува за да биде ковач. После шест години, непозната мистериозна личност се нуди да го плати школувањето на Пип и од него да направи господин. Момчето си мисли дека тоа е г-ѓа Хавишам и поради тоа, едвај чека да се врати кај Естела.
 
Член од
31 јули 2008
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.529
Californication

http://www.imdb.com/title/tt0904208/

После Lost и Boardwalk Empire што беа супер серии наледав на уште нешто интересно. Ова наиме е серија за еден ОК тип, писател, и за неговите комични случувања во животот и кариерата, исполнети со секс, жени и друго :)

Фина релаксирачка серија.
 

Дрндалче

...никад не запира...
Член од
11 јануари 2009
Мислења
837
Поени од реакции
338
бидејки во последно време голем дел од времето го поминувам во гледање серии, еве ви препорачувам неколку:
1. Pretty Little Liars
( http://www.imdb.com/title/tt1578873/ )
не ви ја коментирам, сигурно се изначитавте коментари погоре....

2. Terra Nova
( http://www.imdb.com/title/tt1641349/ )
исто доста коментирана погоре.....

3. New Girl
( http://www.imdb.com/title/tt1826940/ )
прилично нова серија, се работи за девојка која раскинува со дечкото и решава да се пресели. Случајно на интернет наоѓа стан каде што живеат тројца момци и се вселува. Значи после тешка недела топло ви ја препорачувам серијава, се смеам на глас кога ја гледам, нема да погрешите!

4. Switched at Birth
( http://www.imdb.com/title/tt1758772/ )
Две девојчиња по 16 години дознаваат дека при раѓање се заменети случајно во болницата, случајот почнува да се размрсува, но следат интересни случувања....

5.Falling Skies
( http://www.imdb.com/title/tt1462059/ )
мојот фаворит! вонземјаните ја напаѓаат земјата ги киднапираат децата како робови, ги завземаат големите градови и ги убиваат луѓето....


ова се само дел од сериите кој ги гледам, ако не ме мрзи пак ќе ви пишам......
 
D

dystopian

Гостин
Секој човек мора да помине низ три најважни етапи во животот.

1. Да се роди.
2. Да ги изгледа The Wire, The Sopranos, Six Feet Under и Breaking Bad.
3. Да умре.

Се друго (како кратки рецензии, на пример) е секундарно. :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom