Што се треба да знам за да се занимавам со Веб Дизајн освен ХТМЛ и ЦСС? Како по редослед да ги учам? И дали може да бидам веб дизајнер а да ги учам сите работи сам... без да одам на некои курсеви и такви работи??
Со некој се сложувам од тука, но со некој не се сложувам. Прво ако немаш знаење никој нема ни да те прими во тим. А втора работа за да го стекнеш тоа знаење ти треба време, мотивација и дисциплина. Е сега зашто дисциплина, ако се решиш нешто да работиш, изработи го до крај. Следи правила, а не како ти мислиш. Од она што треба да го знаеш, или да речеме програми кој треба да ги знаеш се:
1. Дизајн на лого - Adobe Illustration, Adobe Photoshop
2. Дизајн на страна - Adobe Photoshop (за растерска графика) - Adobe Illustration (за векторска графика) - Adobe Fireworks (мешавина од двете, плус подобра организација)
3. HTML - приоритет на XHTML за да стекнеш навика за добро организирана страна (по ригорозни правила), а после можеш да се префрлиш на HTML5
4. CSS - на почеток ќе си почнеш најнормално да го учиш, а кога мислиш дека си постигнал некое ниво, ќе почнеш со различни frameworks и хелпери (LESS, SASS, MODERNIZER ...)
5. JavaScript - значи не одма со jQuery иначе ништо од работата, ни ќе знаеш како работи ни што работи, едноставно твојата работа ќе се базира единствено на готови примери од интернет
6. jQuery - за почеток можеш него да го учиш, или па ако сакаш може и за секогаш само него да го знаеш, но добро би било и да се учат труги библиотеки (YUI, Prototype ...)
7. AJAX - значи ако некаде си прочитал дека ajax от служи само за логирање, тогаш си голема грешка. Со него можеш да направиш чуда.
Моментално тоа е што ми текнува, може сум пропуштил некоја точка, па може да се допише. После 4та точка се е програмирање, и ако се прашуваш зашто, тоа е бидејки денес побарувањата на корисниците се доста големи. Денес приоритетот ти е ставен на интерактивноста помеѓу корисникот и самата страна. Првите 4 точки се учат симултано. Кога сакаш да изработиш некоја Web страна чекорите ти се следните:
1. Изработуваш лого, бидејки е камен - темелник на целата Web страна
2. Правиш неколку скици на Web страни - можеш да крадеш идеи, но не и да копираш идеи - тоа ти е многу битно
3. И почнуваш со изработка
МНОГУ БИТНО!!! Да се чита многу, значи цело време да читаш теорија за бои и терија за фонтови, тоа ти се најголемите непријатели во работата. Ако не читаш ништо нема да направиш.
ПС. Мора да правиш истражување што е денес во тренд - имаш милион страни па ти гледај зачленисе барем на 10 од нив за да можеш да се информираш што треба да правиш