[quote="Смрт за зони и пајак воз., post: 4631983, member: 51585"]Не е добро да го пријавиш во полиција. Секако дека можеш да пријавиш во полиција но тие ќе додат и ќе го казнат, ќе повикаат пајак возило тоа ќе трае доста време и единствено што тој наш сограѓанин ќе мора да плати доста пари, а ти пак ќе закасниш.
Проблемот не е во тоа. Во Скопје има и треба да има доволно места за паркирање. Постојат правилници за урбанистичко планирање по кои е предвидено за секој стан да се обезбеди едно или повеќе места за паркирање ( ако е станот поголем ). Исто, за градење на други објекти има овакви норамативи за број на паркинг места. Проблем има единствено во Дебар маало и на други места слични места каде надвор од урбанистичките планови се рушат мали и градат големи згради. Но по правило, за секој стан има барем едно паркинг место. Бидејќи дури секое трето домаќинство има возило, не постои проблем со паркинг места.
Проблем настанува што поедини граѓани, ставаат рампи или други препреки и така си го „ чуваат своето паркинг место “. Во тој случај граѓанинот „ чува“ едно паркинг место пред својата зграда, а зафаќа уште едно паркинг место таму каде што отишол, односно зафаќа две паркинг места. Затоа „ оградување “ никаде во светот не е дозволено само што кај нас Градот не превема ништо да ја спречи оваа узурпација. ( така се вика оваа дело )
Наместо тоа Градот прави зони со што дополнително ја усложнува ситуацијата. Во зоните кои се во Центарот, ЈП има зафатено околу 7000 паркинг места. Бидејќи зоните работат од 7 до 21 часот, значи 14 часа значи максимално можат да се остварат околу 98000 часови паркирање дневно. Мегутоа ЈП остварува само околу 2500 часови паркирања дневно, значи помалку од 3%. Што значи дека ЈП само одземало од расположивиот број паркинг места кои всушност не се користат.
И трета работа е што Градот систематски, со поставување на столбчиња и огради го намалува бројот на расположивите паркинг места, само за да ЈП има повеќе муштерии.
Инаку Градот, според ЗБС, може на поедини тротоари да дозволи паркирање со тоа што ќе остави 1,6 метри за пешаци, а тоа во Скопје никаде не е направено само за да пајаците имаат повеќе „ работа “.
Или накратко, според мое мислење, работите битно ќе се подобрат ако се укине ЈП.[/quote]
Воопшто не се сложувам со болдираното. Ниту еден возач не смее и не треба да бара било какво оправдување за своето недолично однесување во сообраќајот. Ништо - ама баш ништо не го оправдува фактот дека тој/таа со своето возило блокирал излез од паркинг. Ваквото паркирање ме вади едноставно од такт и во тие моменти навистина полудувам. Не сакам да користам погрдни зборови, првенствено затоа што не личи, а второ затоа што сметам дека нема таков збор со кој можам да ги опишам тие индивидуи. Со кое право се ставаат они себе и своето време пред било кој друг. Со кој памет заградуваат влезови во гаражи, паркинзи, јавни установи исл. Тоа се луѓе кои се лоботомирани од секаков морал и трезвено размислување. Тоа се луѓе кои живеат сами на светов. За тие луѓе вреди да се воведат повторно реонски полицајци кои би ги казнувале веднаш на лице место па нека следниот пат паркира повторно каде сака.
И да, друже слободно викај полиција воопшто не се размислувај, се додека никој не ги казнува. ќе си продолжат со таа работа. Кога ќе се расќуе дека за такво паркирање дерат по 500ЕУ ќе видиш како сите одеднаш ќе си најдат место за паркирање.
п.с. со вториот дел од текстот се сложувам, но тоа е веќе сосема друга димензија, овде се збори за возачка култура.