Вол паркиран пред излез на паркинг, како да се реагира?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.318
Поени од реакции
34.732
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Често се случува пред излезот на паркингот на зградата кај што живеам да има паркирано некој вол, коњ или друг тип на стока, поради кои не можам да излезам со мојот автомобил ( и поради што се случува да задоцнам на работа на пример). Да не напоменам дека пред излезот има рампа/синџир и знак за забрането паркирање. Се имам обидено да повикам пајак служба, ама од таму имам добиено одговор дека тие добиваат налог исклучиво од полицијата.

Не сакам да се случи да свртам во полиција, па кога ќе дојдат - колата да ја нема.

Како да реагирам следен пат кога ќе се случи ова?

И да, културата не ми дозволува да му избушам гуми или да му ја гребам колата. Ипак, поентата ми е што поскоро да излезам со мојот автомобил, а волот да си добие соодветна казна за погрешно паркирање.
 
Обезбеди докази. Видео или неколку слики од „сточарството“, па повика полиција. Во случај да ги нема кога ќе дојдат, да имаш оправдание. И да се погрижат следен пат такво нешто да не се повтори.
Инаку, не гледам некоја друга солуција во теснецов наречен бирократидонија.
 
Често се случува пред излезот на паркингот на зградата кај што живеам да има паркирано некој вол, коњ или друг тип на стока, поради кои не можам да излезам со мојот автомобил. Да не напоменам дека пред излезот има рампа/синџир и знак за забрането паркирање. Се имам обидено да повикам пајак служба, ама од таму имам добиено одговор дека тие добиваат налог исклучиво од полицијата.

Не сакам да се случи да свртам во полиција, па кога ќе дојдат - колата да ја нема.

Како да реагирам следен пат кога ќе се случи ова?

И да, културата не ми дозволува да му избушам гуми или да му ја гребам колата. Ипак, поентата ми е што поскоро да излезам со мојот автомобил, а волот да си добие соодветна казна за погрешно паркирање.

Па види, бензинот е скап.
Покачување. Слабо англиски.

Сигурно при рака може да најдеш некое црево...
 
Абе ако не сакаш со полиција да го решаваш проблемот остави му порака .... некултурно се паркираш, или некоја опомена па ако нема резултати барај полиција и напрај некоја фотка за доказ дека се случувало подолг период
 
Има некој слично искуство со пријавување вакви случаи во полиција?
 
Не сакам да се случи да свртам во полиција, па кога ќе дојдат - колата да ја нема.

Како да реагирам следен пат кога ќе се случи ова?

И да, културата ми дозволува да му избушам гуми

Избуши му гуми и викни му полиција.Нема тогаш каде да бега.
 
пробајте со тргни се бре ВОЛУ !!!!!! :)
јави се во полиција или нешо сл.
 
Подобар доказ од слика за полиција нема. ;)
--- надополнето: 16 декември 2011 во 11:22 ---
Стави натпис не паркирај бушам гуми, колку и да изгледа смешно, имам приметено кај што има ваков натпис луѓе не се паркираат, им фуфка.

Се сложувам со тебе, колку толку ќе ги исплаши.
 
Не е добро да го пријавиш во полиција. Секако дека можеш да пријавиш во полиција но тие ќе додат и ќе го казнат, ќе повикаат пајак возило тоа ќе трае доста време и единствено што тој наш сограѓанин ќе мора да плати доста пари, а ти пак ќе закасниш.
Проблемот не е во тоа. Во Скопје има и треба да има доволно места за паркирање. Постојат правилници за урбанистичко планирање по кои е предвидено за секој стан да се обезбеди едно или повеќе места за паркирање ( ако е станот поголем ). Исто, за градење на други објекти има овакви норамативи за број на паркинг места. Проблем има единствено во Дебар маало и на други места слични места каде надвор од урбанистичките планови се рушат мали и градат големи згради. Но по правило, за секој стан има барем едно паркинг место. Бидејќи дури секое трето домаќинство има возило, не постои проблем со паркинг места.
Проблем настанува што поедини граѓани, ставаат рампи или други препреки и така си го „ чуваат своето паркинг место “. Во тој случај граѓанинот „ чува“ едно паркинг место пред својата зграда, а зафаќа уште едно паркинг место таму каде што отишол, односно зафаќа две паркинг места. Затоа „ оградување “ никаде во светот не е дозволено само што кај нас Градот не превема ништо да ја спречи оваа узурпација. ( така се вика оваа дело )
Наместо тоа Градот прави зони со што дополнително ја усложнува ситуацијата. Во зоните кои се во Центарот, ЈП има зафатено околу 7000 паркинг места. Бидејќи зоните работат од 7 до 21 часот, значи 14 часа значи максимално можат да се остварат околу 98000 часови паркирање дневно. Мегутоа ЈП остварува само околу 2500 часови паркирања дневно, значи помалку од 3%. Што значи дека ЈП само одземало од расположивиот број паркинг места кои всушност не се користат.
И трета работа е што Градот систематски, со поставување на столбчиња и огради го намалува бројот на расположивите паркинг места, само за да ЈП има повеќе муштерии.
Инаку Градот, според ЗБС, може на поедини тротоари да дозволи паркирање со тоа што ќе остави 1,6 метри за пешаци, а тоа во Скопје никаде не е направено само за да пајаците имаат повеќе „ работа “.
Или накратко, според мое мислење, работите битно ќе се подобрат ако се укине ЈП.
 
Со оглед дека се работи за стока, треба да се знае дека има начин како се пристапува.
Ја ко дете од село ќе се обидам да ви доловам како се справува со стока која е непослушна и ти пасе на твоја нива.

Прво треба да се оди со вербален контакт. И се посочува на стоката дека местото не и е таму и дека треба да се тргне.

Доколку стоката не ја послуша наредбата (што е многу очекувано) се оди кон заканувачки контакт. И се кажува дека доколку не се тргне од местото ќе се повика стопанот (читај полиција) кој тогаш ќе и каже каде и е местото.

Доколку пак и притоа стоката е непослушна со изговор дека со стопанот многу се поштуваат и стојат како газ и гаќи, се оди со „ти ја ебав запрежната кола“ контакт.

„Ти ја ебав запрежната кола“ контакт е мошне деликатен и почнува од ниско ниво кон повисоко ниво. Ниско ниво подразбира оставање на ѓубре за во контејнер на шофершајбната на запрежната кола. На овој начин не се оштетува запрежната, а сепак се остава до знаење дека стоката е ѓубре.
Средно ниво подразбира оставање на трошки леб на шофершајбната на запрежната, со цел да се соберат пилиштарци и да ја испосерат до тој степен што после ни варикина нема да го извади сметот.
Високо ниво подразбира оставање на мртва риба под брисачот на запрежната. Мислам дека сите знаат што значи мртва риба на шофершајбна. ;)

И со среќа. :)
 
[quote="Смрт за зони и пајак воз., post: 4631983, member: 51585"]Не е добро да го пријавиш во полиција. Секако дека можеш да пријавиш во полиција но тие ќе додат и ќе го казнат, ќе повикаат пајак возило тоа ќе трае доста време и единствено што тој наш сограѓанин ќе мора да плати доста пари, а ти пак ќе закасниш.
Проблемот не е во тоа. Во Скопје има и треба да има доволно места за паркирање. Постојат правилници за урбанистичко планирање по кои е предвидено за секој стан да се обезбеди едно или повеќе места за паркирање ( ако е станот поголем ). Исто, за градење на други објекти има овакви норамативи за број на паркинг места. Проблем има единствено во Дебар маало и на други места слични места каде надвор од урбанистичките планови се рушат мали и градат големи згради. Но по правило, за секој стан има барем едно паркинг место. Бидејќи дури секое трето домаќинство има возило, не постои проблем со паркинг места.
Проблем настанува што поедини граѓани, ставаат рампи или други препреки и така си го „ чуваат своето паркинг место “. Во тој случај граѓанинот „ чува“ едно паркинг место пред својата зграда, а зафаќа уште едно паркинг место таму каде што отишол, односно зафаќа две паркинг места. Затоа „ оградување “ никаде во светот не е дозволено само што кај нас Градот не превема ништо да ја спречи оваа узурпација. ( така се вика оваа дело )
Наместо тоа Градот прави зони со што дополнително ја усложнува ситуацијата. Во зоните кои се во Центарот, ЈП има зафатено околу 7000 паркинг места. Бидејќи зоните работат од 7 до 21 часот, значи 14 часа значи максимално можат да се остварат околу 98000 часови паркирање дневно. Мегутоа ЈП остварува само околу 2500 часови паркирања дневно, значи помалку од 3%. Што значи дека ЈП само одземало од расположивиот број паркинг места кои всушност не се користат.
И трета работа е што Градот систематски, со поставување на столбчиња и огради го намалува бројот на расположивите паркинг места, само за да ЈП има повеќе муштерии.
Инаку Градот, според ЗБС, може на поедини тротоари да дозволи паркирање со тоа што ќе остави 1,6 метри за пешаци, а тоа во Скопје никаде не е направено само за да пајаците имаат повеќе „ работа “.
Или накратко, според мое мислење, работите битно ќе се подобрат ако се укине ЈП.[/quote]

Воопшто не се сложувам со болдираното. Ниту еден возач не смее и не треба да бара било какво оправдување за своето недолично однесување во сообраќајот. Ништо - ама баш ништо не го оправдува фактот дека тој/таа со своето возило блокирал излез од паркинг. Ваквото паркирање ме вади едноставно од такт и во тие моменти навистина полудувам. Не сакам да користам погрдни зборови, првенствено затоа што не личи, а второ затоа што сметам дека нема таков збор со кој можам да ги опишам тие индивидуи. Со кое право се ставаат они себе и своето време пред било кој друг. Со кој памет заградуваат влезови во гаражи, паркинзи, јавни установи исл. Тоа се луѓе кои се лоботомирани од секаков морал и трезвено размислување. Тоа се луѓе кои живеат сами на светов. За тие луѓе вреди да се воведат повторно реонски полицајци кои би ги казнувале веднаш на лице место па нека следниот пат паркира повторно каде сака.
И да, друже слободно викај полиција воопшто не се размислувај, се додека никој не ги казнува. ќе си продолжат со таа работа. Кога ќе се расќуе дека за такво паркирање дерат по 500ЕУ ќе видиш како сите одеднаш ќе си најдат место за паркирање.

п.с. со вториот дел од текстот се сложувам, но тоа е веќе сосема друга димензија, овде се збори за возачка култура.
 
Јас би поставил вакви знаци

no-parking-sign-400x490.jpg


sign82.bmp


tumblr_l173idDy9N1qaf7fio1_500.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom