Дали атеизмот е заснован на вера или на наука?

  • Креатор на темата Креатор на темата Keiko
  • Време на започнување Време на започнување
Имаш право атеист не се станува туку така, туку те регрутираат.

И јас ги имам прочитано и двете и плус неколку други секташки книги колку да видам што е разликата а сеуште сум православен.

Што значи не е до тоа, нешто друго ќе да е, нешто друго како : ние христијаните се раѓаме како такви а вас атеистите ве регрутираат., по се изгледа така ќе да е.

Како членови во библиотека сте бре налед да е, и членска книшка да не ви даваат .???

Атеизмот е само негаторски став кон верувањето во постоење на бог или богови. Малку поширока дефиниција би опфаќала и избегнување на религиозност во било која форма (догми,ритуали,mindset...)
И тоа е тоа.
Секако има луѓе кои се идентификуваат со тој став и му придаваат деривативни вредности (“ние атеистите бла бла“) кај некои можеби е и причина за гордеење, но тоа е нивна работа, секој со своето.

Ти на пример се идентификуваш со група на луѓе кои себеси се идентификуваат како македонски православни христијани.
Тоа не значи дека се придржуваш кон она кое твојот Бог го бара од тебе, само значи дека навиваш за еден тим.
Како што некој тип од Мерсисајд секоја сабота виси на Енфилд.
Тоа што никогаш не играл фудбал не го спречува да урла на Коп трибината.
Таму се родил, таму живее и изборот му е да навива за Ливерпул или Евертон. Или ако е малку откачен можеби за Тремни Роверс. Или некој полокален клуб од Конференција и слични натпреварувања.
Така и ти, си се родил тука и нормално навиваш за МПЦ, втора опција по веројатност би била ИВЗ (суни-ислам...што не е случај во твојот случај) или некоја од помалите религиозни деноминации кои виреат тука (паралелата со Тремни Роверс and so on...)

In a nutshell...:)
 
Оф леле, и мене ли ќе ме тепаш? Аман, пола форум го сотре...

Нема никој од страв да ти дојде на собиранката која се обидуваш да ја организираш...

:vozbud::vozbud:
За разлика од останатите јас сум искрен.
Немам со никого лошо онака, нема зашто да се плашат луѓето.
 
Не верувам дека староегипетските ограбувачи на пирамидите многу се интересирале за филозофии, теизам или атеизам. А изгледа, не им било ни страв од мумицифираните и препарираните фараони и други трупови во гробниците и нивните клетви.
И како што некој многу убаво напишал: Децата се постари од христијанството (од било која религија)
 
Имаш право атеист не се станува туку така, туку те регрутираат.

И јас ги имам прочитано и двете и плус неколку други секташки книги колку да видам што е разликата а сеуште сум православен.

Што значи не е до тоа, нешто друго ќе да е, нешто друго како : ние христијаните се раѓаме како такви а вас атеистите ве регрутираат., по се изгледа така ќе да е.

Како членови во библиотека сте бре налед да е, и членска книшка да не ви даваат .???
Кој тоа регрутира бре верниче едно регрутирано. Никој не се раѓа ни како христијанин ни како муслиман ни како хиндуист. Ти си се родил како атеист како и 7 милјарди луѓе на планетава. Не се наследува вера во бог. Се стекнува.
 
На Игорче му требаа 200 страни за да го разбери значењето на зборот атеист. (го разбра?)
Ај да видиме на новиов член колку страни ќе му требаат...
 
Абе Игорче го има разбрано само не сака да признае. :)
 
Кој тоа регрутира бре верниче едно регрутирано. Никој не се раѓа ни како христијанин ни како муслиман ни како хиндуист. Ти си се родил како атеист како и 7 милјарди луѓе на планетава. Не се наследува вера во бог. Се стекнува.

Не се наследува ни вера во атеизмот т.е. во материјализмот и натурализмот. И тоа се стекнува. Ни ти не си се родил како атеист. И тебе некој ти проповедал атеизам. И ти си поверувал и си го прифатил атеизмот како твоја верска определба ;)
 
Можеш да се исмеваш со тоа, можеш да користиш и сарказам, но тоа нема да го заобиколи фактот дека и атеизмот е вера. Под поимот вера не се подразбира само „вера во Бог“. Верата е убедување. Атеизмот е убедување. Атеизмот е вера. Атеизмот е верска определба. Затоа на овој попис под поимот вероисповед постоеше и ставката „атеист“. За многумина атеисти ова е тажно, но вистинито.
„Sad but true“ (Metallica 5:1)
 
На што си вечерва.. ко по обичај ...пак нешто лупаш глупости!?
--- надополнето: 16 декември 2011 во 01:54 ---
Можеш да се исмеваш со тоа, можеш да користиш и сарказам, но тоа нема да го заобиколи фактот дека и атеизмот е вера. Под поимот вера не се подразбира само „вера во Бог“. Верата е убедување. Атеизмот е убедување. Атеизмот е вера. Атеизмот е верска определба. Затоа на овој попис под поимот вероисповед постоеше и ставката „атеист“. За многумина атеисти ова е тажно, но вистинито.
„Sad but true“ (Metallica 5:1)

И во ставката националност можеше да пишеш... неопределен...
значи и национално неопределен е припадност кон некоја нација.. по твојата логика..
 
Nuclear_Facepalm_Poster_by_Nianden.jpg
 
И во ставката националност можеше да пишеш... неопределен...
значи и национално неопределен е припадност кон некоја нација.. по твојата логика..

Но дали имаше во ставката Вероисповед неопределен? Неопределен и атеист не е исто.
 
Ако се трудиш да ги навредиш атеистите со тврдењето дека се верници, значи дека се дерогираш самиот себеси.
Ај види му го умот. :confused:
 
Не се наследува ни вера во атеизмот т.е. во материјализмот и натурализмот. И тоа се стекнува. Ни ти не си се родил како атеист. И тебе некој ти проповедал атеизам. И ти си поверувал и си го прифатил атеизмот како твоја верска определба ;)
Мислам дека поентата е друга. Тој се родил како неверник, потоа го научиле на одредена религија. Доколку не му проповедале рандом религија, тој би бил атеист, зошто не би бил запознаен со ниедна религија ниту со ниеден бог и заради тоа, не би верувал.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom