Дали атеизмот е заснован на вера или на наука?

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Е шуќур, некој да ме разбрал што зборувам, малку ме изненади атеист така да размислува, но сепак, тоа сакав да укажам.
Секуларни верници има. И ништо подобри не се од религиските верници. Едните веруваат во еден бог, другите во друг. И едните и другите се заглавени во своите догми.
Лајкот го доби за вториот цитат. И го делам со тебе твоето мислење. Секуларните догми и верувања се полоши од религиските.
За првиот малку ти се проблем дефинициите. Според досега кажаното и јас и ти сме атеисти. Што е толку проблем да прифатиш дека си атеист?
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.024
Не, не ја етикетирам науката, туку атеистие, барем поголемиот дел од нив. Науката со догматски пристап не би стигнала никаде. Науката е скептична, а атеистите ја земаат догматски. Тоа е разликата. Сите овде скокнавте ама знаеш биг бенг......
ама знаеш абиогенеза.......
Ништо ни јас не знам ни вие знаете. Науката не знае вие знаете. Браос бе, се гол научник до научник. Ај потсети се како се вика темата. Баш тоа и ми го докажувате.
Не ми е јасно зошто атеизмот секогаш го поврзувате со науката?
Воопшто не е битно атеистот која теорија за настанување ја прифаќа. И онака теориите за настанување на вселената и човештвото ќе останат тоа што се - теории.
Освен ако науката не најде начин за патување низ времето...
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Не разбираш или не сакаш да разбереш. Ништо во моите ставови не е измешано, се си е таман ама очигледно треба да почнам и да цртам.
Ме интересира само болдираниот дел. Да така по дефиниција. Но повеќето пишувања овде го демантираа тоа. За повеќето е или вера или наука. Ако е така како што велиш дека е, тогаш држете се до тоа. Што тогаш на темава сто пати прочитав за биг бенгови, еволуции и уште какви не теории иверувањаво нив
Абре жено, гго дематираме ова болдирањето - ВЕРУВАЊЕ ВО НИВ, не е тоа проблем на верување! тоа е проблем на ФАКТ! И проблемот што мењаш ставови од страница во страница на оваа тема...
Ја земи прочитај се скроз од почеток што се си напишала... еве ќе ти помогнам пак по 3 пат копи пејст ти правам на твоето воведничарење

„Со години слушам прикаски дека атеизмот е заснован на необориви докази а религијата на слепа вера.
Би сакала да чујам мислење од атеистите. Ако атеизмот е на основа на научни докази, би сакала да ги чујам. Научни, не филозофии вака така....
На основа на кои докази, на кои научни експерименти го заснивате вашиот атеизам“

И еве ти уште нешто твое, како немаш континуитет на она што го кажуваш- фала Хјуман што го цитираше баш ова, се скинав барајќи го..

Keiko напиша:
Не, не ја етикетирам науката, туку атеистие, барем поголемиот дел од нив. Науката со догматски пристап не би стигнала никаде. Науката е скептична, а атеистите ја земаат догматски. Тоа е разликата. Сите овде скокнавте ама знаеш биг бенг......
ама знаеш абиогенеза.......
Ништо ни јас не знам ни вие знаете. Науката не знае вие знаете. Браос бе, се гол научник до научник. Ај потсети се како се вика темата. Баш тоа и ми го докажувате.

Е сеа читај го болдираново.. Од каде бре вакви ставови живти се? И што бре толку те наведува да ги етикетираш атеистите? Па не се секта бре!? Очигледно имаш проблем да сфатиш што е тоа атеист, а што наука, а што религија, догма и сл исл..
Затоа што ако најдеш човек кој патем речено, е догматски задоен со одреден поглед кон светот - став - научно непроверен и испитан, (на пример, дека земјата е центарот на космосот), а при тоа истиот тој го отфрла Бог како концепт, онда не влагај во заблуда дека токму овој човек е атеист.. Таквиот човек не е ништо поарен од оној кој слепо верува во „Бог“ - и обајцата се задоени со илузија.

И да стварно не те разборам, а верувај се трудам да те разберам.....
 

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.609
Поени од реакции
31.424
posle tolku golem mentalen napor i iscrpuvachka diskusija ., sigurno dobro ke vi dojde i malku sheker da vnesete., a ne samo misli da troshite ., posluzhete se pa prodolzhete....:) ateistite neka ne se sekiraat ne se od pop ili odzha chateni

 
Член од
15 декември 2011
Мислења
61
Поени од реакции
10
Не ми е јасно зошто атеизмот секогаш го поврзувате со науката?
Воопшто не е битно атеистот која теорија за настанување ја прифаќа. И онака теориите за настанување на вселената и човештвото ќе останат тоа што се - теории.
Освен ако науката не најде начин за патување низ времето...
Јас не го поврзувам. Вие сами си го поврзувате. Погледни ги сите други постови освен моите. Вие споманвте и науки и теории и докази од науката....итн. И тоа на ниво на догми. Некои дури и недокаж=ани теории ги третирате како апсолутни вистини кои тоа не се.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.398
Поени од реакции
5.024
Јас не го поврзувам. Вие сами си го поврзувате. Погледни ги сите други постови освен моите. Вие споманвте и науки и теории и докази од науката....итн. И тоа на ниво на догми. Некои дури и недокаж=ани теории ги третирате како апсолутни вистини кои тоа не се.
Не е битно кој ги поврзува, битното е дека немаат никаква врска едното со другото.

Но во голема мера, благодарение на науката која многу лесно ги побива тврдењата на религиите, атеизмот зема се поголем замав.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
posle tolku golem mentalen napor i iscrpuvachka diskusija ., sigurno dobro ke vi dojde i malku sheker da vnesete., a ne samo misli da troshite ., posluzhete se pa prodolzhete....:) ateistite neka ne se sekiraat ne se od pop ili odzha chateni

Уххх, колку за да ги видам колачиве пак....;)
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
Јас не го поврзувам. Вие сами си го поврзувате. Погледни ги сите други постови освен моите. Вие споманвте и науки и теории и докази од науката....итн. И тоа на ниво на догми. Некои дури и недокаж=ани теории ги третирате како апсолутни вистини кои тоа не се.
Грешка си, не го поврзуваме со науката како нешто што произлегува од науката. И доста веќе со тоа Вие - ко да атеистите да се секта или идеологија.. врска нема.. Атеизмот не произлегува од науката.
И тука е твојот проблем што не можеш да сфатиш што значи атеист, а што значи потрага по факти и одговори.
Разликата меѓу верник, еве нека биде хиндуист, и атеист ти е следна (пример):
Хиндуист - Постојат повеќе богови и тие го создале светот!
Атеист - докажи ми како постојат, каде живеат, зошто не ги гледам, како тоа влијаат на мене и сл исл.
Каде гледаш тука научна догма?

Разликата меѓу религијата и науката па ти е следна (пример):
Христијанин - Бог го создал небото и облаците.
Научник - Докажи
Христијанин - бог живее таму и не гледа сите
Научник - Не е точно тоа, испитано е дека небото е е сочинето од неколку слоеви на атмосфера сочинета од хемиски состав на одредени гасови, меѓу кои најголемо количество е содржано од азот, па потоа кислород и тн итн... (сеа да не набројувам не м ие тоа поентата)..

Разликата меѓу луѓето што овде се нарекуваат атеисти, односно што онаа другата група - верници, ги етикетира како атеисти е во тоа што, не затоа што на овие „атеистиве“ им е нешто стало до тоа што е атеист или дали е тој атеист или не, туку затоа што позади секое бизарно прашање на религиозниов, овој другиов му одговара со реторичко прашање барајќи му доказ, научна основа за тоа што го говори.

Сеа. проблем?
--- надополнето: 15 декември 2011 во 21:47 ---
posle tolku golem mentalen napor i iscrpuvachka diskusija ., sigurno dobro ke vi dojde i malku sheker da vnesete., a ne samo misli da troshite ., posluzhete se pa prodolzhete....:) ateistite neka ne se sekiraat ne se od pop ili odzha chateni

Е ова ти се вика лижење шеќер преку стакло - платонска љубов..
 
Член од
15 декември 2011
Мислења
61
Поени од реакции
10
Затоа што ако најдеш човек кој патем речено, е догматски задоен со одреден поглед кон светот - став - научно непроверен и испитан, (на пример, дека земјата е центарот на космосот), а при тоа истиот тој го отфрла Бог како концепт, онда не влагај во заблуда дека токму овој човек е атеист.. Таквиот човек не е ништо поарен од оној кој слепо верува во „Бог“ - и обајцата се задоени со илузија.
Зарем болдот не е дефиниција за атеист? Според ваши кажувања, а сега ми велиш ако некој има верувања кои се непотврдени (или демантирани) од науката тогаш не бил атеист.
Тоа цело време и укажувам биг бенгот не е научно потврден, Абиогенезата па нималку, Значи ти не си атеист, Верник си.
 

MEDDLE

уставен кривичар
Член од
19 февруари 2008
Мислења
1.995
Поени од реакции
1.406
[quote="MEDDLE, post: 4631138, member: 13971] Затоа што ако најдеш човек кој патем речено, е догматски задоен со одреден поглед кон светот - став - научно непроверен и испитан, (на пример, дека земјата е центарот на космосот), а при тоа истиот тој го отфрла Бог како концепт, онда не влагај во заблуда дека токму овој човек е атеист.. Таквиот човек не е ништо поарен од оној кој слепо верува во „Бог“ - и обајцата се задоени со илузија.
Зарем болдот не е дефиниција за атеист? Според ваши кажувања, а сега ми велиш ако некој има верувања кои се непотврдени (или демантирани) од науката тогаш не бил атеист.
Тоа цело време и укажувам биг бенгот не е научно потврден, Абиогенезата па нималку, Значи ти не си атеист, Верник си.[/quote]

Еве ти читај што да ти кажам ме мрзи више да куцам реферати.. ама стварно читај...

http://en.wikipedia.org/wiki/Atheism
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Јас не го поврзувам. Вие сами си го поврзувате. Погледни ги сите други постови освен моите. Вие споманвте и науки и теории и докази од науката....итн. И тоа на ниво на догми. Некои дури и недокаж=ани теории ги третирате како апсолутни вистини кои тоа не се.
Сеуште тролаш по темата? Неверојатно, цел ден си овде.

Еве ти, за последен пат, бидејќи се правиш слеп/а.


Не постои нужна врска помеѓу атеизмот и сциентизмот. Атеисти имало и кога фенси изразите како абиогенеза или теорија на еволуција воопшто не постоеле. Атеизмот е став дека Бог не постои, став кој се јавува како реакција на небулозите кои се инхерентни на секоја објавена религија. Атеизмот едноставно вели дека Бог кој се јавува во тие книги е апсурден.

Тоа отприлика сумира се што има да се каже на оваа тема. Остатокот е тролање и спамирање...
 

nescafe

за освестување
Член од
27 август 2009
Мислења
604
Поени од реакции
277
Атеизам заснована на Вера, која вера бре.???

Еден куп вакви неверници и секташи ги има, па налед да е почнаа и по куќи да одат и да проповедаат дека "нивната" вера е таа вистинската.
 
Член од
15 декември 2011
Мислења
61
Поени од реакции
10
Не ти сум другар. Разумните луѓе прифаќаат јасни аргументи, идиотите ги игнорираат и продолжуваат да тролаат и спамираат.

Ти одбери каде ќе се најдеш....
Ниту па ти си ми другар, Just an Expression
Јас знам кај се наоѓам, дали ти знаеш тоа е прашањето. Повеќето од вас самонаречени атеисти сте заглавиле во секуларните догми, и не гледате од носот подалеку.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ниту па ти си ми другар, Just an Expression
Јас знам кај се наоѓам, дали ти знаеш тоа е прашањето. Повеќето од вас самонаречени атеисти сте заглавиле во секуларните догми, и не гледате од носот подалеку.
ПООО, пак. Абе која црна догма, ме виде мене да се повикувам на некое научно достигнување кога ги дебункирам религиите?

Или само си лупеташ така спортски?

Ќе ти откријам една тајна. Атеист не се станува читајќи научни книги, најсигурен пат до атеистичката позиција ти е внимателното читање на Библијата и Куранот...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom