Дали атеизмот е заснован на вера или на наука?

Член од
15 декември 2011
Мислења
61
Поени од реакции
10
Со години слушам прикаски дека атеизмот е заснован на необориви докази а религијата на слепа вера.
Би сакала да чујам мислење од атеистите. Ако атеизмот е на основа на научни докази, би сакала да ги чујам. Научни, не филозофии вака така....
На основа на кои докази, на кои научни експерименти го заснивате вашиот атеизам
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Атеизмот е НЕВЕРУВАЊЕ.....какви научни докази треба за неверување? Каде си виделе или чула тврдење дека атеизмот е "заснован на необорливи докази"?!
Какви необорливи докази се потребни за да неверуваш?
П.С. Има тема за атеизам каде ова е на долго и на широко дискутирано.
 
Член од
15 декември 2011
Мислења
61
Поени од реакции
10
Ги читав и другите теми. Сепак друго е прашањето овде. На што го заснивате вашиот атеизам. Ако е неверување (во бог) како што рече, тоа значи верување во науката. Зарем тоа не е верување??

Лицемерно малку. Колку можев да прочитам сите атеисти се повикуваат на недокажани или сомнителни теории кои науката не ги докажала.

Како тоа во едно недокажано не верувате а во друго, исто така недокажано верувате?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ги читав и другите теми. Сепак друго е прашањето овде. На што го заснивате вашиот атеизам. Ако е неверување (во бог) како што рече, тоа значи верување во науката. Зарем тоа не е верување??
И поклониците на сциентизмот веруваат, ама не признаваат, од проста причина што речиси ниту еден научен „доказ„ не им е достапен и практично проверлив, туку едноставно, веруваат во тоа што „некој друг„ го објавил, најчесто како испразна философија, изградена околу материјален предмет, настан или појава.

И да, атезимот е заснован на верата во науката, дека науката, т.е. науките, или во крајна инстанца-човекот, ѓоамити е бесконечно способен и самодоволен во објаснувањето на Светов и откривањето на неговите тајни. Науката/науките, во нашево време, се само обичен супститут за верата од минатите времиња, како што верата во Бога е замената со верата во самиот себе.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ги читав и другите теми. Сепак друго е прашањето овде. На што го заснивате вашиот атеизам. Ако е неверување (во бог) како што рече, тоа значи верување во науката. Зарем тоа не е верување??

Лицемерно малку. Колку можев да прочитам сите атеисти се повикуваат на недокажани или сомнителни теории кои науката не ги докажала.

Како тоа во едно недокажано не верувате а во друго, исто така недокажано верувате?
Кој се тие недокажани или сомнителни теории?
Ај вака да ти објаснам: верниците се потпираат на слепа верба, ним не им треба доказ. За разлика од нив, атеистите го прават токму спротивното, за да веруваат во нешто, потребен им е доказ. Дали има тука нешто лицемерно?
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
И поклониците на сциентизмот веруваат, ама не признаваат, од проста причина што речиси ниту еден научен „доказ„ не им е достапен и практично проверлив, туку едноставно, веруваат во тоа што „некој друг„ го објавил, најчесто како испразна философија, изградена околу материјален предмет, настан или појава.
Сциентизмот нема врска со атеизмот. Атеизмот е само неверување во богови. ништо друго
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Дали за тебе теоријат за биг-бенг е вистинита? Дали теоријата за еволуцијата е вистинита?
Лицемерно е ете тоа верувате во горниоте 2 терии кои не се докажани
Еволуцијата е итекако докажана, оди на темата еволуционизам наспроти креационизам, и ќе видиш колку аргументи и докази се изнесени, наспроти плукањето и детскиот инает од другата страна.
Што се однесува до биг бенг теоријата, токму вие верниците ја браните и ја посочувате како аргумент.
 
G

galaxy

Гостин
А која е реалноста? Дека светот случајно и сам по себе се создал?
Не сум атеист зашто „верувам“ во тие „теории“, туку зашто не верувам во Библијата и останатите религии.

едит

Прашањето беше за еволуцијата и биг бенгот, ама во меѓувреме го сменил/а.
 
B

Black Guard

Гостин
А која е реалноста? Дека светот случајно и сам по себе се создал?
Реалноста е прашање на перцепција.

Дека светот случајно и сам по себе се создал?
Не туку дека имало еден цел процес од создавање на материјата па се до формирање на галаксии потоа сончеви системи и на крајот планети,е сега некои планети се погодни за живот а некои НЕ-конец фиљма.
--- надополнето: 15 декември 2011 во 12:31 ---
ХАХАХАХА
Како тоа? Кои верници бранат биг-бенг?
Прочитај де наназад-они тврдат биг бенг е дело на господ.
 
Член од
15 декември 2011
Мислења
61
Поени од реакции
10
Кој се тие недокажани или сомнителни теории?
Ај вака да ти објаснам: верниците се потпираат на слепа верба, ним не им треба доказ. За разлика од нив, атеистите го прават токму спротивното, за да веруваат во нешто, потребен им е доказ. Дали има тука нешто лицемерно?
Остави ги верниците настрана, зборувам за атеизмот.
Кој доказ го имаш ти за еволуцијата? Значи вашиот доказ е следниот. Штом нема доказ за бог, еволуцијата мора да е точна?
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Сциентизмот нема врска со атеизмот. Атеизмот е само неверување во богови. ништо друго
Атеист,

колку и да се обидуваш да избегаш од општествената и конечно, од Твојата лична ставрност, напросто-нема бегање! Негаторските лични ставови дека „ова„ нема врска со „она„, не е никаков одговор, туку просто барање на (само)оправдување, кое, можеби Тебе лично Ти одговара, а кое може лесно да се побие. Пак ќе речам: атеизмот е заснован на верата во „неограничените„ способности од науките (читај: човекот..), кои ја заменија традиционалната вера во Бога и пак ќе речам, атеизмот, како масовна општествена појава, е социолошка појава не постара од 150-160 г., од времето на наглиот пад на верата и наглиот напон на науката, поточно, од времето од славните Дарвин и Маркс, чиј светоглед денес е преовладувачки, иако самиот тврдиш дека имаш и други теории за „ова„ и за „она„, ама тие (теории) се слабо познати,а уште помалку признати.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom