Јас тебе потполно те разбирам, но прочитај ме добро за да ме разбериш и ти. Нормално дека нема никаква математика бидејќи тука се работи за зголемување на веројатноста и среќата по логичка методологија. Затоа реков дека од 1 до 3/4/5 круга играш, очекуваш од 100 до 300/400/500 денари добивка и завршува играта. Тоа е кратка стаза и дефинитивно постои истата.
Извлекувањето на броевите е непрекинат циклус, и не сум само јас што играм на таа машина.. играат и други. Бројот што јас би го избегавал, можеби претходно бил 100 пати извлечен додека играл друг, можеби воопшто не бил... но тоа не е битно. Како што кажа сам, секој круг веројатноста е иста, и затоа и коефициентот е ист - (36).
И да не навлегувам во тие елементарни математики, бидејќи не се разбирам...
Кратко и јасно, со овај метод се зголемува веројатноста да добиеш од проста причина што покриваш 94.5% од целото тркало. Од тука следи дека шансите да си добитен се драстично поголеми од шансите да изгубиш. Логичка шпекулација.
И веќе претходно реков дека истиов метод се покажал и во праксата. Лично сам сум го изиграл, и сум добил. Тоа не значи дека секој би добил, но сигурно значи дека би имал поголеми шанси.
Се пронаоѓаме во муабетов негде, или слабо?