Македонски борци

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Ја отворам темава со намера да ги презентираме и да ги запамтиме сите луѓе заборавени (и предадени) од оваа и претходната власт, а се бореа за сите нас.За почеток,

Ѓоко Лазаревски (1971 - 2001).




Сабота, 23 Јули 2011 11:35​

Сподели
2106

Споделете ја веста со Вашите пријатели

Пред десет години, тој го бранеше своето село од припадниците на ОНА. Пред 10 години храбро војуваше за слобода на Лешок и зачувување на слободата на Македонија. Пред десет години, Ѓоко Лазаревски го даде својот живот за селаните, за Лешок, за Македонија.


Незаборавен, од оние што знаат дека нема поголема доблест и нема поголема вредност од тоа да се сака ближниот и да се сака татковината повеќе од самиот себе.Токму такво е делото на херојот Ѓоко Лазаревски.
Лазаревски е еден од македонските херои на поновата историја кој со својот живот ја покажа лојалноста кон неговата татковина.
Како резервист Ѓоко сам се пријавува и оди да се бори за својата татковина.
Тој и четворица негови другари неколку дена активно го бранат селото од нападите. Иако добива наредба да го напушти селото, Лазаревски останува на своја одговорност , храбро соочувајќи се со нападите. Успева да ги задржи припадниците на ОНА, за да може селаните да се евакуираат и останува последен.
По неколкудневната борба, Лазаревски е свесен дека повеќе неможат да го издржат притисокот и да возвратат на нападите. Тој им јавува на селаните и неговите најблиски да се евакуираат што е можно побрзо.
Овој голем човек, останува храбро да се бори до крај. Погоден во главата, Ѓоко ја завршува својата битка за Македонија.
Поради неможноста да биде погребан во родниот Лешок, кој во тоа време е освоен од припадниците на ОНА, вечното почивалиште на Лазаревски се наоѓа на гробиштата во Ѓорче Петров.
По убиството на Ѓоко и освојувањето на Лешок припадниците на ОНА ќе го срушат и Лешочкиот Манастир.
Неможноста да биде погребан во своето родно село тешко ја погоди неговата мајка, која и денес со солзи и болка уште еднаш запали свеќа на гробот на нејзиниот син каде се одржа 10-годишниот помен.
Последните зборови на Лазаревски „Не Ве остава Ѓоко Вас“, оставија траен белег кај неговите другари кои и во последните моменти беа со него, кај сите кои го познаваа, но и кај оние кои се свесни за неговото херојско дело.
-Почивај во мир голем човеку, ти не загина залудно, ќе се сеќаваме секогаш на тебе. Затоа Сојузот на воени инвалиди на Македонија, по повод 10 години од загинувањето ќе покрене иницијатива за подигнување на спомен обележје во неговото родно место, како и покривање и уредување на неговиот гроб, а исто така и улица со неговото имe, истакнуваат со Сојузот на воени инвалиди.
Многумина неговото дело го препознаваат во стиховите од поемата „Сердарот“, „Бидете смели, нечесноста не ќе не плаши. Спомнете си кој ви навредувал земја и нека срцата охрабрат Ваши“.
Делата на Лазаревски, како и на сите останати вечно ќе се паметат. Херојството на македонските синови и нивната жртва ќе остане засекогаш запишана во македонската историја.
видео:http://kurir.mk/makedonija/vesti/37169-Goko-Lazarevski-%E2%80%93-Golem-heroj-vo-nezavisna-Makedonija

Горан Георгиевски - Мујо (1969-2005)



.

Роден на 2-ри Декември 1969-та година во Куманово.


Прекарот Мујо му го дал неговиот дедо,првоборец од Кумановскиот партизански одред.Бидејќи како мал,Горан бил многу ситно и слабо дете,кое постојано негде трчало и паѓало,дедо му на шега му викал дека е како "мујче". Со оглед на тоа што во Куманово речиси нема човек што нема прекар,децата кои неколкупати го слушнале дедо му како му вика "мујче",го презеле тоа и го прекрстиле Горан во Мујо. Тој прекар му останал цел живот,а му беше напишан и на крстот.​
За многумина е карактеризиран како криминалец.
Етикетата ја има заработено кога во 1990 година предизвика тепачка со офицери на ЈНА кои ги демонтираа и празнеа македонските касарни.Мујо работеше во Царина.​
Во 1995 година тој и неговите другари излегуваат на протест со црвени баретки и ја поддржуваат Македонската национална партија.Тогашната власт ова го карактеризира како криминал, тие се приведени во полиција и претепани, а на дел од нив им се залепени криминални етикети.​
Нему истотака му има тргнато пик шефот на кумановската полиција и провокациите,обидите да го компромитираат до денешен ден не престанале.​
Од 1995-та тој и неговите истомисленици постојано се вознемирувани од тајните служби.Истата година заминува да живее во Јужна Африка.​

Единица Лавови

Поради воените и полициски дезертерства и неодзивање на позив за регрутирање имаше потреба во 2001 година од формирање на антитерористичка единица,која беше наречена Лавови.Системот на регрутација во специјалната полициска единица Лавови беше на база на доброволци.Во 2001-ва година ,Георгиевски се враќа во Македонија за доброволно да пристапи во оваа единица и да се бори за својата татковина.​


Веројатно на многумина им беше трн во око и во 2004-та, неколку месеци пред својата смрт е ставен на црната листа на ФСАД заедно со Генералот Горан Стојков.​
Насилно распуштање на Единицата Лавови под притисок на надворешните и внатрешните непријатели.Денес поднесов неотповиклива оставка како командант на "лавовите", од три причини: морална, безбедносна и социјална. Како прво, не можам да учествувам во непристојните методи што се употребуваат за растурање на единицата. Од мене се бара да отпуштам 960 полицајци, а мал дел и понатаму да останат на работа, што ќе предизвика раздор и неслога меѓу соборците кои до вчера заедно го ризикуваа животот за земјата. Од безбедносен аспект, сметам дека не смее да биде распуштена најдобрата единица која многу даде за својата татковина. И како трето, од социјален аспект, илјада луѓе ќе останат на улица без работа, а од друга страна во МВР се вработуваат поранешни терористи - изјави Горан Стојков.​



Како и многу други негови соборци (Диме Ицковски- Поштар, Никола Мојсоски - Кољо, Орце Коруновски итн.)и македонски патриоти од времињата кога сме биле под турска , бугарска,италијанска,балистичка или српска управа е кукавички убиен од зад грб на 4 Април 2005 година.Дали тој и другите беа потребни (искористени) само за одбрана на земјата, а подоцна беа убиени на мизерен начин ?

...'Сведокот на обвинението, Љупчо Мицевски-Бељур, кој е очевидец на убиството,на вчерашниот судски процес во Куманово ги негираше речиси сите искази на сведоците на обвинетиот,тврдејќи дека Мујо е убиен од зад грб со седум-осум истрели од пиштолот'...​

16 октомври 2006

..."Кога почна војната ние ги оставивме нашите семејства,за да се бориме.Во она време во Македонија имаше многу "комити" и "партизани"што пееа песни и сечеа вени по кафани.Беа поголеми од нас кои отидовме и бевме онаму каде што тие не смееа ни да помислат да отидат.Кога гледаме како не третираат и шиканираат од политичари до медиуми,срцето ми е некако празно.Се чуствувам повредено и изневерено зашто во оваа наша држава се искривува вистината.Ги гледам луѓето во очи,оние кои не оговараат и напаѓаат,и забележувам дека ми го избегнуваат погледот.Тие се свесни што ни прават,ама не знам дали знаат оти со тоа се омаловажуваат и негираат"...
Изјава на Горан Мујо за неделното списание Фокус на 27 јуни 2003 година.


Вечна им слава на сите загинати бранители.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Vas ve ubija,vie zaginavte,vas ve nema...
No vaseto delo ne se ubiva,vaseto delo ne zagina, vie ste tuka..
Vo sekoj Makedonec ima del od vas..
Koga bi mozel i koga ce treba i jas bi go napravil istoto delo..
Vie ste MAKEDONIJA.
VECNA VI SLAVA
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
На 27-ми Ноември 2003-та беше извршен обид за атентат на дел од бившите Лавови.
Вест
Мистериозно ракетирање на "лавови" кај Карпалак
Завчеравечер, околу 22 часот, на автопатот Скопје - Тетово во месноста Карпалак, кај подвозникот за тетовското село Церово, сообраќајна патрола пронашла напуштен автомобил "опел аскона", на кој имало ...


Завчеравечер, околу 22 часот, на автопатот Скопје - Тетово во месноста Карпалак, кај подвозникот за тетовското село Церово, сообраќајна патрола пронашла напуштен автомобил "опел аскона", на кој имало видливи оштетувања од проектили, соопшти МВР. Од увидот на местото на настанот е утврдено дека "опел асконата" е без регистарски таблички, а на десната страна има швајцарска ознака. Стаклата на автомобилот биле искршени. Во близина на возилото биле пронајдени 12 чаури кои, најверојатно, потекнуваат од автоматска пушка. Пронајдени се и два празни лансера за ракетен фрлач "зоља", како и еден фрагмент од испукан рачен ракетен фрлач. Во "опелот" е пронајдена и една сообраќајна дозвола за патничко моторно возило, како и црна маскирна капа, се вели во соопштението на МВР. Во автомобилот, како и во непосредната околина на местото на настанот не биле пронајдени траги од повредни лица, крв или облека. Не биле најдени ниту тела на евентуални жртви на настанот. Биле извршени проверки во медицинските центри и во други здравствени установи во Скопје и во Тетово, и било утврдено дека до вчера претпладнето немало регистрирано повредени лица. Неофицијално се дознава дека во автомобилот биле двајца припадници на расформираната единица за брза интервенција "Лавови".
Мирјана Контевска, советник за односи со јавноста во МВР, за настанот кај Карпалак вчера изјави дека "МВР располага со првични сознанија за кои се врши интензивна проверка дека се работи за конструкција за самозапалување и саморакетирање на возилото". МВР не се огласува со ниту еден податок колку лица имало во "опел асконата" и кој е нивниот идентитет.(Ц.Х.)

...Речиси 2 часа бившите команданти на лавовите покажуваа што им се случило ноќта на 27. ноември кај Карпалак. Со возилото што требаше да ја претставува нивната Аскона, Марковски и Лазаревски пред полицајците, крим техничарите, истражниот судија и заменик јавниот обвинител објаснуваа што им се случувало во средата вечерта. Влегуваа и излегуваа од возилото, покажуваа што виделе и што слушнале, одеа по патот ...

...Тргнавме на вечера кон Тетово заедно со Сашо Лазаревски Брада. Пред нас возеа наши пријатели кога кај Карпалак видовме црвена светлост и експлозија. За да не удриме во возилото пред нас закочивме и удривме во браникот од автопатот по што избегавме од возилото. Вака денеска Маријан Марковски Мачето го опишува инцидентот што се случи завчера кај месноста Карпалак кога тој и неговиот пријател од расформираната единица „Лавови“ беа нападнати со автоматско оружје и ракетни фрлачи. Брада и Мачето знаеле дека ги следат на патот кон Тетово. „Ги видовме беа 6-7 души ...


Утрински
На автопатот Скопје-Тетово, кај подвозникот за Церово, полицијата пронајде изрешетан автомобил
Бессона ноќ на тетовци по дезинформациите за нови жртви кај Карпалак
ТОМИСЛАВ КЕЖАРОВСКИ- ГОЈКО ЕФТОСКИ



Прексиноќа тетовци поминаа уште една ноќ во неизвесност, очекувајќи нови вести по информациите на некои електронски медиуми дека кај Карпалак било изрешетано едно возило и дека, наводно, имало и жртви. Тоа внесе голема вознемиреност и страв меѓу граѓаните, бидејќи од начинот на кој биле пренесени информациите можело да се дојде до заклучок дека станува збор за голем инцидент. Министерството за внатрешни работи во средата доцна вечерта демантираше дека имало тежок инцидент со повеќе мртви кај Карпалак, на автопатот Скопје - Тетово, во кој биле инволвирани, односно нападнати поранешни раководни структури на поранешната полициска единица за брзи интервенции "Лавови", а било запалено и едно возило "ситроен".

Помошникот на министерот за внатрешни работи за односи со јавноста, Мирјана Контеска, во првата претпоставка на МВР рече дека можеби станува збор за "наместен" инцидент со цел да се предизвика тензија или паника во јавноста. Таа, исто така, демантираше дека имало каква било пријава до некоја полициска станица во земјава. "Полицијата излезе на терен откако ја слушна веста од еден новинар на една телевизија", изјави Контевска. Таа додаде дека полицијата извршува увид и дека повеќе детали за пронајденото возило "опел-аскона" ќе даде денеска.

Според соопштението на МВР, сообраќајна патрола околу 22 часот, кај подвозникот за Церово, Тетовско, пронашла напуштено патничко возило "опел-аскона", без регистарски таблички, на чија каросерија имало видливи оштетувања од куршуми. До овој момент во полицијата, според официјално соопштение, не располагаат со какви било детали за загинати или евентуално повредени лица. На местото на настанот бил извршен увид, при што било констатирано дека штетата на автомобилот била направени од огнено оружје. Од куршумите биле искршени стаклата на задната лева врата, предната и задната десна врата и задното стакло.

Во близина на возилото полицијата пронашла 12 чаури кои, најверојатно, потекнуваат од автоматска пушка. Исто така, биле пронајдени и два празни лансера за ракетен фрлач "золја", како и еден фрагмент од испукан рачен ракетен фрлач. Автомобилот на десната негова страна имал швајцарска ознака, а во него била пронајдена една сообраќајна дозвола и црна маскирна капа.

Во "асконата", како и во непосредна околина на местото на настанот, полициската истражна група не пронашла траги ниту повредени лица. Полицијата, се додава понатаму во соопштението, во меѓувреме извршила проверки во медицинските центри и други здравствени организации во Скопје и во Тетово, но ни таму не биле регистрирани повредени лица. Во Министерството за внатрешни работи преземаат мерки за пронаоѓање на учесниците во инцидентот и за целосно расчистување на случајот.

Кој кого наместил?Местачите обвинија за местенка...

Помошникот на министерот за внатрешни работи за односи со јавноста, Мирјана Контеска, во првата претпоставка на МВР рече дека можеби станува збор за "наместен" инцидент со цел да се предизвика тензија или паника во јавноста. Таа, исто така, демантираше дека имало каква било пријава до некоја полициска станица во земјава. "Полицијата излезе на терен откако ја слушна веста од еден новинар на една телевизија", изјави Контевска. Таа додаде дека полицијата извршува увид и дека повеќе детали за пронајденото возило "опел-аскона" ќе даде денеска.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Вечна им слава на Македонските борци, само да можат да подѕирнат за што загинаа :place:
Да можат да видат на кое дереџе се доведени нивните соборци, колку државава си поигра со нивните животи и углед, колку само ги измалтретираа и омаловажија....само затоа што си го бранеа своето парче земја. Бранителите ги бркаат од работа за да се вработат оние кои ја нападнаа Македонија.:(
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Пред една недела поминаа 8 години од убиството на Диме Ицковски - Поштар.(21.11.2003)
Полициска егзекуција или обид за апсење - семејството на Диме Ицковски Поштарот 8 години не доби одговори кој и зошто го изрешета 35-годишниот Диме.
Додека полицијата на една рака ги броеше прострелните рани, семејството и соседите во скопско Булачани сведочеа дека Диме бил егзекутиран со повеќе од 30 куршуми. Никој никогаш не заврши зад решетки и никој не се сети на неговиот син Никола - тогаш 9-годишно детенце, денеска средношколец.
Два дена пред убиството Диме беше во Сител на главниот уредник да му каже дека му се подготвува егзекуција. МВР демантираше тврдејќи дека за Поштарот не е планирана било каква полициска акција. Тогаш реагираа само соседите, молк во невладиниот сектор.
Во акција на МВР во вечерните часови во петокот во скопската населба Карпош 1
Во престрелка со полицијата убиен Поштарот
Диме Ицковски - Поштарот (35) од Булачани, баран по налог од скопските судови, во петокот околу 19,15 часот во скопската населба Карпош 1, при акција на МВР за негово апсење беше убиен од полицијата. Настанот се случил во близина на просториите на Месната заедница "Карпош", во непосредна близина на Драмскиот театар во Скопје. Убиството, според полицијата, е резултат на дадениот отпор од Ицковски, кој со пиштол отворил оган кон припадниците на МВР. Според официјалното соопштените на полицијата, акцијата е резултат на претходен план за пронаоѓање и приведување на Ицковски, кој се барал со потерница за повеќе извршени кривични дела, за кои требало да одлежи и казна затвор. Но, бидејќи Поштарот бил решен да не се предаде, велат од МВР, тој извадил пиштол и почнал да пука кон полицајците. Притоа, тешко го ранил во десната слабина полицаецот Н.Н. На ваквата постапка на Ицковски, полицијата возвратила и испукала повеќе рафални истрели кон Поштарот, при што му нанела тешки телесни повреди од кои подоцна на Хируршките клиники во Скопје починал. Според официјалното полициско соопштение, Ицковски во едната рака држел рачна бомба, а во џебот имал и друга.
Настанот за апсењето на Ицковски, кое имаше трагичен крај, се одвивал пред очите на жителите на околните згради. Ранетиот Ицковски итно бил пренесен во Клиничкиот центар, каде што им подлегнал на раните. Додека повредениот полицаец, известуваат од Клиничкиот центар, по итната операција е надвор од животна опасност.
По дознавањето за настанот и ранувањето на Поштарот, се алармираа поголемиот број од жителите на Булачани, кои масовно пристигнаа пред зградата на Ургентниот центар. Откако дознаа дека Ицковски им подлегнал на повредите, протестот го продолжија пред зградата на Собранието до 2 часот по полноќ. Во саботата Ицковски беше погребан на селските гробишта во село Булачани. Вчера, најблиските членови на семејството, роднини и пријатели, му оддадоа почит на Ицковски на месото каде што беше убиен, пред објектот на Месната заедница "Карпош", каде што положија и цвеќе..
Хронолошки, настанот во петокот почнал околу 19 часот кога повеќе полицајци во цивилка го имале блокирано реонот на улицата "Бранимир Нушиќ" во Карпош, каде што во тие моменти се наоѓал Ицковски. Причината за неговото присуство во Карпош се поврзува со поранешниот припадник на МВР, Златко Бошњаковски наречен Алигатор кој, според една верзија, имал задача да го чува Ицковски, а според друга да го убеди да и се предаде на полицијата. Овие информации полицијата не сака да ги потврди ниту да ги негира. Откако дошло до средба, очи в очи, меѓу Ицковски и полицајците, Ицковски извадил пиштол калибар 7,65 милиметри и го вперил во нив. Со слободната рака од левиот џеб извадил "кашикара", а навестил дека и во другиот џеб има уште една бомба. Откако бил известен дека имаат налог да го уапсат, Поштарот испукал куршум кон еден од полицајците, нанесувајќи му прострелна рана во десната слабина. Тогаш кон Ицковски бил отворен оган. Неколку испукани куршуми го погодиле, но тој сў уште давал знаци на живот. Повредените Ицковски и полицаецот Н.Н. биле пренесени во Клиничкиот центар. Диме Ицковски им подлегнал на повредите.

На 6-ти Мај 2005 година е извршен втор обид за атентат врз Сашо Лазаревски - Брада , инспектор во СВР - Битола и поранешен член на Лавовите.Над него се извршени десетина операции за да го одржат во живот.Атентаторот излезен од затвор после 6 месеци.
Во Март 2006-та на Лазаревски му е натоварено уште едно дело, организирање на кражба, а во моментот на кражбата тој е во Клиничкиот Центар во Скопје, уште неопоравен од сообраќајката од минатата година.
Целата приказна за наводната кражба е трагикомична.
ПО РАСВЕТЛУВАЊЕ НА ПОЖАРОТ ВО КВАЛИТЕТ КОМЕРЦ
Бизнисменот негира дека должел пари, а обвинетиот во болница

По расветлувањето на пожарот во битолски "Квалитет комерц" и поднесените пријави за четворица битолчани, битолскиот бизнисмен негира дека пожарот бил подметнат поради долгови.

Бизнисменот Јане Шијаковски за "Дневник" ја кажа својата вистина за големиот пожар на својата фирма "Квалитет комерц", во кој беше причинета штета од околу 300.000 евра. Тој ги негираше полициските тврдења дека му должел пари на првообвинетиот за палењето, Сашо Лазаревски-Брада.

- Лани во март од Уни банка во Битола Сашо Лазаревски, како мој добар пријател и поранешен вработен, подигна кредит од 150 илјади денари на 36-месечна отплата. Нема 11 други негови пријатели, кои подигнале пари за мене и кои јас наводно сум ги заглавил бидејќи не сум го враќал кредитот. Тоа е чиста лага - тврди Шијаковски.

Според бизнисменот, кредити подигнале неговата жена и најблиските роднини, и сопругата на полицискиот инспектор Трајче Димчевски, која работи кај него. Тој не ги ни познавал другите тројца обвинети. Шијаковски редовно ги враќал сите рати, со тоа што задоцнил со уплатата на декемвриската рата, за која платил камата. Проблематична била јануарската, која требало да ја плати на 17 јануари.

- Не можев да верувам дека за 5.400 денари Брада може да ми ја запали фирмата. Тој е во Државната болница во Скопје и знам дека се кае што во момент на слабост и нервоза го направил тоа. Тој од 14 години работеше во мојата фирма, се додека не замина во "лавовите". Лани на 6 мај, кога направи сообраќајка и имаше тешки повреди, јас го носев по болници, го враќав и го земав.

Неофицијално, полицијата ги намирисала сторителите по нивните маски. Дел од нив се од битолското село Ивањевци. Тие во полицијата "пропеале" дека ги организирал Сашо Лазаревски-Брада, кој и ги водел со своето црно "ауди", а потоа заминал во болница во Скопје. Тој се уште е во Државната болница во Скопје, а тројцата други осомничени биле приведени од полицијата. (Ц.Х.)
--- надополнето: Nov 28, 2011 7:49 PM ---
Женскиот дел од единицата Лавови.Поголеми мажи од сите министерчиња (y)

--- надополнето: Nov 28, 2011 8:57 PM ---
Прилеп живее во сенка на теророт

Светлана Ристеска
Сунчица Стојановска

Го нарекуваат град на заскитани куршуми, опасен за живеење, дувло на криминал, рекет и на мафијашки пресметки. Блокирани на влезот и на излезот од незадоволните тутунари, а однатре од невработеноста и од беспарицата, прилепчани живеат исплашени за својата безбедност, разочарани од државата и лути на власта, чии претставници вчера дојдоа да ги убедуваат граѓаните дека шест бомби за една година не се ништо страшно и дека полицијата „ја контролира ситуацијата”.

Има две верзии по настанот од пред четири дена, кога таткото на Емил Ангелески, поранешен припадник на поранешната единица за брзи интервенции „Лавови”, најде неексплодирана кашикара во семејниот двор. Официјално, станува збор за рекет и за криминални пресметки. Неофицијално, во игра се големи пари, шверц со цигари и други матни бизниси, пресметка меѓу структури во полицијата и поранешни припадници на „лавовите”, кои откако се расформира оваа единица беа вработени во полицијата.

Полицајци станаа околу 80 поранешни „лава” од Прилеп. Звонко Илиоски, поранешен припадник на оваа единица и сопственик на ноќниот клуб „Студио 54”, вели дека некој намерно ги оцрнува припадниците на расформираната единица.

- Кој смее да вози автомобил без регистарски таблички и да носи бомба во багажникот? Тоа може само полицијата. Ова што се случува е лов на вештерки, некој сака да демонстрира сила, да го сврти вниманието од Тутунскиот комбинат, да го исплаши народот да не си ги гледа маките - вели Илиоски.

Емил Ангелски, последниот „нападнат”, се сомнева дека бомбата во неговиот двор била поставена намерно.

- Осигурувачот беше изваден. Бомбата стоеше право, како некој така да ја оставил. Нема шанси во таква позиција да застане бомба ако е фрлена од подалеку, оти ќе се стркалала. Слушам коментари дека јас намерно сум оставил бомба во дворот. Па јас будала ли сум, беше три часот попладне, децата играа пред куќи, татко ми беше таму - вели Ангелески.

Илиоски вели дека хајката против „лавовите” отишла дотаму што 24 од нив намерно се прераспределени на работа во Зајас, Гостивар, Кичево, места со мнозинско албанско население. Од МВР негираат. Од таму велат дека само 13 овластени службени лица се разместени во други полициски станици, од кои двајца во Гостивар, еден во Кичево и еден во Дебар.

- Нарушувањето на безбедноста е поврзано со откупот на тутунот. Пред да почне откупот се направи терен да се фокусира јавноста на бомбите, а да се оттргне од состојбите во Тутунскиот комбинат. Има сознанија дека по поскапувањето на цигарите е направен криминал во комбинатот, од каде што некој се обидел да изнесе 40 тони цигари - изјави Гоце Мавчев, координатор на ХХХХХ партија.

Граѓаните помалку ги интересираат наводните матни бизниси на локалните моќници, а повеќе ги загрижува што полицијата не открива кои се бомбашите. Советот на општината неодамна одржа вонредна седница, од која советниците побараа итна оставка на министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски и на Цане Чапрагоски, началник на Бирото за јавна безбедност. Советниците побараа прилепските пратеници со амандмани да интервенираат во предлог-законот за полиција, за да остане Секторот за внатрешни работи во Прилеп, наспроти реформите со кои се предвидува полициска станица.



Според МВР Прилеп е безбеден град

Безбедносната состојба е добра, изјави Горан Павловски, шеф на кабинетот во МВР, на вчерашниот брифинг со новинарите во Прилеп.

- Нема нерасветлени убиства. Од десет разбојништва, девет се откриени. Нема масовни нарушувања на јавниот ред и мир - изјави Павловски.
Освен засилени контроли во сообраќајот, работна група за расветлување на случаите во Прилеп, заедно со прилепската полиција, презела засилени мерки за да ги заштити граѓаните.

- Се контролираат лицата за кои има потерници, се преземаат мерки во делот на шверцот со акцизни стоки, со недозволена трговија со дрога, со нарушување на јавниот ред и мир - рече Павловски.




СМЕНИ ВО ВРВОТ НА СВР - ПРИЛЕП

Славчо Шиклески нов началник

Славчо Шиклески, досегашен заменик-началник, од денеска е началник на СВР Прилеп, на местото на досегашниот Миле Ацески, кој даде оставка поради семеен бизнис во печатарската дејност.



МВР ГО БРАНИ НОВИОТ ЗАМЕНИК

Емил Јанески има 15 награди

Емил Јанески, освен еден инцидент, односно несреќен случај, има 15 награди и покажа одлични резултати во работењето. За инцидентот што го предизвикал во ноќниот клуб „Студио 54” беше соодветно казнет, односно сменет од работното место, рече Павловски на обвинувањата на поранешни „лавови” дека Јаневски ги тероризира.
Јанески беше началник на крим-полицијата во СВР Прилеп, а сега е член на работната група што работи на случаите поврзани со бомбите.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Генерал мајор Панде Петровски (1943 - 2006)
Македонската влада (тогашниот министер Лазар Китановски) во 1998 потпиша договор со МПРИ (таканаречена организација на пензионирани воени професионалци ) за реорганизирање на АРМ, по препорака (читај притисок) на фашистичката НАТО.
Нивниот 'план' беше 'реорганизација' на АРМ како армија со една лесна пешадиска бригада, два лесни баталјони, без специјални единици, без оклопни единици, без артилерија и воздухопловство.Заедно со тоа и десеткратно намалување на составот од тогашните 120.000 припадници.Генералот Петровски, заедно со тогашниот министер Никола Кљусев во 1999 година (во време на кризата на Косово) беа луѓето поради кои ваквиот план не е прифатен.За илустрација, овие МПРИ беа протерани од Хрватска и од Словенија во време за и после нивните војни / отцепувања од Југославија.
Очигледна е заднината на целиот тнр.проект на МПРИ во очи на почетокот на војната во 2001-ва година.
На 26-ти Декември 1999 година, е представен планот за реорганизација на АРМ од страна на Петровски и тогашниот нов министер Кљусев.
После неколку дена, Петровски од медиумите дознава дека е пензиониран.

По згуснувањето на воените дејства во 2001-ва, Петровски е одново вратен во АРМ на генералска позиција.Во текот на сите воени активности се соочува со работење зад грб, криење на податоци и притисок од дома и надвор.По нападот во Карпалак, дава оставка на позицијата од морални причини, а истотака и поради сомневања дека настанот на 8-ми Август 2001-ва е режија.
После пензионирањето ја најавува книгата Сведоштва 2001, а многу брзе после ова е повреден во мистериозна сообраќајна несреќа.
Книгата е издадена на крајот на Септември 2006 година, а Петровски ненадејно умира на 31 Декември истата година кратко после најавата за втор дел од книгата.
Очигледно на многу луѓе им беше трн во очи неговата книга.
Едно квалитетно интервју со Петровски http://www.makedonskosonce.com/broevis/2006/sonce643.pdf/12_17_intervju.pdf

Роден во село Живојно, Битолско.Командант на првите македонски одбранбени сили по осамостојувањето на РМ, командант на борбените македонски сили во конфликтот во 2001 г. меѓу македонската војска со албанските терористички
групи.
Генерал Петровски стратегот на операцијата за ослободување на Арачиново, во својата книга "Сведоштва 2001" изјавува дека македонските сили биле пред конечна победа.


Во дел од книгата Сведоштва 2001 објаснето е за притисокот од фашистичката НАТО
 

shady3

Никогаш не вели никогаш..
Член од
22 февруари 2009
Мислења
110
Поени од реакции
61
Слава им!

(иако господинот Петровски, кој длабоко го почитувам, има многу претерано кога во неговата книга вели дека забележале италијански авиони на радар... па какви тоа футуристички радари/сателити имавме ние? :D)
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Слава им!

(иако господинот Петровски, кој длабоко го почитувам, има многу претерано кога во неговата книга вели дека забележале италијански авиони на радар... па какви тоа футуристички радари/сателити имавме ние? :D)
За ова ќе прашаш во М-Нав, контрола на македонското небо.Или некој во ВИНГ-от на АРМ, воените радари се појаки.
 
М

Мартин`

Гостин
Одмазда во Куманово: Застрелан Горан Стојковски-Линка
Педесет годишниот Горан Стојковски Линка синоќа околу 22 часот бил застрелан пред влезот на својата зграда во Куманово.

Како што соопшти СВР Куманово, синоќа околу 22:30 часот граѓанин телефонски се јавил во полицијата и пријавил дека на ул. „Гоце Делчев“ пред влез бр. 1 на локалитетот Гарнизон забележал непознато машко лице како лежи на земја, со рани од огнено оружје.
- Увид на лице место извршија истражен судија, јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово и по извршените проверки и разговори констатирано е дека со огнено оружје засега непознат сторител неколку пати пукал во главата на Горан С. (50) од Куманово, кој починал на лице место, се вели во соопштението.
На местото на настанот подигнати биле чаури кои се доставени за понатамошна обработка и вештачење, а телото на починатиот е предадено во Институтот за судска медицина во Скопје поради обдукција.
Полицијата привела десетина лица осомничени за нападот и работи на расчистување на случајот. Повеќе информации се најавуваат во текот на денот.
Линка пред 6 месеци излезе од затвор, каде ја одлежа затворската казна од осум години поради убиство на командантот Горан Ѓеорѓиевски –Мујо.
Настанот се случи на 4 април 2005 година, пред кафе-барот „Линка“, сопственост на Стојковски. Таа вечер во локалот дошол Горан Ѓеорѓиевски-Мујо придружуван од уште неколку пријатели.
Посетите на Мујо на локалот на Линка биле чест повод за расправии, а критичната ноќ Горан Стојковски од својот пиштол смртно ги ранил Георгиевски и Вељковски, испукувајќи во нив 12 куршуми, а им нанел повреди на уште две лица.
Кумановскиот суд тогаш одлучи дека Линка го сторил делото во состојба на делумна пресметливост, додека Линка се бранеше со кажување дека сакал да го заштити својот син.

Најверојатно одмазда за убиството на командантот Мујо, 6 месеци откако испадна во затвор ете го..
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Јавна тајна беше дека Линка вака ќе заврши.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.162
Поени од реакции
18.203
Јавна тајна беше дека Линка вака ќе заврши.
Кругот се сврти.А сигурно е одмазда за Мујо, каков е муабетот низ чаршијата?
--- надополнето: 13 декември 2011 во 12:40 ---
Јавна тајна беше дека Линка вака ќе заврши.
Кругот се сврти.А сигурно е одмазда за Мујо, каков е муабетот низ чаршијата?
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Јавна тајна беше дека Линка вака ќе заврши.
Токму така,беше само прашање на време кога ќе прими куршум во чело.
Има Господ,се се враќа се се плаќа,луѓето на Мујо не забораваат ништо,не забораваат никогаш.
 

Drettica

Graxhanin of Severstan
Член од
24 ноември 2008
Мислења
12.625
Поени од реакции
14.933
Кругот се сврти.А сигурно е одмазда за Мујо, каков е муабетот низ чаршијата?
--- надополнето: 13 декември 2011 во 12:40 ---


Кругот се сврти.А сигурно е одмазда за Мујо, каков е муабетот низ чаршијата?
Се вртат мн муабети...од непознати сторители до таткото на Мујо. Таткото на Мујо јавно имаше изјавувано дека ќе го убие Линка кога ќе излезе од затвор. Не би ме чудело и тој да е. Но се сомневам...тука се заплеткани поголеми играчи.
--- надополнето: 13 декември 2011 во 12:49 ---
Пред 6 и пол години сега убиениот Линка го застрела Горан Ѓеорѓиевски –Мујо познат како командант на полициската единица Лавови во 2001-ва кој имаше дебело кривично досие.

Убиството се случило синоќа околу 22.30 часот пред зградата Гарнизон во центарот на Куманово. Убиениот Стојковски бил застрелан пред влезот во зградата во која што живеел. Убиецот веднаш избегал, а зад себе оставил повеќе чаури од испуканите куршуми.

Полицијата привела десетина луѓе за кои смета дека може да дадат повеќе информации за убиството, но и се можни осомничени поради честите закани упатувани кон Линка за убиство на нивните роднини пред 7 години. Убиениот Стојковски пред 6 и пол години ги уби Горан Ѓеорѓиевски Мујо и Ненад Вељковски-Чавка, а рани уште тројца пред клубот на неговиот син кој го носеше фамилијарниот прекар „Линка“. По неколкунеделно бегство Линка сам се предаде и беше осуден на 8 години затвор.

Од полицијата во Куманово велат дека тој пред 6 месеци е пуштен од затвор. Цело време семејството на Стојковски, но и тој самиот добиваше закани од блиски на убиените, па полицијата по синоќешното убиство привела над десет лица со кои сега работат инспекторите за крвни деликти. На осомничените ќе им се земат и парафински ракавици.

Горан Ѓеорѓиевски Мујо имаше кривично досие, но во 2001-ва беше назначен за командант на единицата Лавови. По конфликтот, САД го ставија на црната листа поради тоа што сметаа дека е опасен за мировниот процес во Македонија.

Многумина се сомневаа дека неговото убиство е наместено. Судот го осуди Линка само на 8 години бидејќи го прогласи за непресметлив во моментот кога ги извршил убиствата./М.С.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom