El Bohemio
Silver Gate
- Член од
- 6 јули 2009
- Мислења
- 1.058
- Поени од реакции
- 943
Гути :"Сандро Росел треба да биде малку почовечен, неговите изјави се за жалење"
Екс-капитенот на Реал Мадрид, Хозе Мариа Гутиерез "Гути" јавно го искритикува претседателот на Барселона, Сандро Росел, поради неговите еуфорични изјави по Класико. Росел изјавуваше дека Реал Мадрид е далеку од Барселона, и дека во Шпанија можеби ќе заврши еден циклус, но тоа нема да биде циклусот на Барселона, алуди
рајќи токму кон Реал. Овие зборови многу го погодиа Гути, кој е мадридиста во срцето цел живот, па му возврати на Росел со иста мера:
"Росел треба да биде малку почовечен. Неговите изјави се за жалење. Место да ја слават победата, тие пробуваат да провоцираат кон престолнината. Тоа не му доликува на еден претседател на голем клуб."
"Што се однесува до Кристиано.....одиграл послаб натпревар, можеби, па што ?? Не смеете да имате сомнежи кон него. Да се сомневаш во Кристиано во натпреварите против Барселона, е исто како и да се сомневаш во Меси при неговите настапи за Аргентина."
На персонално ниво, Гути проговори за неговите можни опции за иднината:"Јасно ми е, дека имам само 2 опции за продолжување на кариерата. Во Кина или во Дубаи. И тоа се опциите кои ќе ги разгледам. Ако не бидам среќен на едното или на другото место, ќе се пензионирам. Нема потреба да продолжиш со игра, ако тоа не те прави среќен во животот. "