Колку фашизам се изначитав... жалко...
Имам колега од ромска националност кој имал среќа да не израсне во ромско маало и неговите да се пресечно имотни. Благодарение на образованието и средината во која израснал, човекот се оформил во личност која ја ценам повеќе од некои други колеги Македонци.
И вие да сте растеле во екстремно сиромашни семејства, во колиби наместо куќи, без пари, и заради тоа без разбирање во семејството, да сте биле жртви на семејно насилство, да сте немале нормални услови за учење, да сте биле исфрустрирани што другите имаат, а вие не, детството да ви било исполнето со ѕемнење по бетон и секојдневна борба за живот, и вие ќе сте станале крадци, питачи, проститутки, некултурни, нецивилизирани, какви впрочем има во секоја нација и народност.