Кое јадење од македонската кујна ви е омилено?

  • Креатор на темата Креатор на темата miss Lebedica
  • Време на започнување Време на започнување
Јас да ти кажам и првпат слушам за вакво јадење. А не сум ни пробал какво е. Не мора да значи ако и кај нив го има и дека ни го земале. Грав и во Америка се прави, и не значи дека е нивен гравот. :D Иначе колку пари се движи вакво нешто во Прилеп?

Во ресторан го имам ко помал јадено не се сеќавам колку беше, почесто дома го јадам татко ми му го знае добро рецептот:)
 
Pastrmajlija.jpg
 
Јас да ти кажам и првпат слушам за вакво јадење. А не сум ни пробал какво е. Не мора да значи ако и кај нив го има и дека ни го земале. Грав и во Америка се прави, и не значи дека е нивен гравот. :D Иначе колку пари се движи вакво нешто во Прилеп?
300 денари е во ресторан една порција мислам, ама далеку од тоа дека ќе биди прав ширден како што се прави по дома.
 
300 денари е во ресторан една порција мислам, ама далеку од тоа дека ќе биди прав ширден како што се прави по дома.

Епа добро, и ајварот не е ист кога ќе го направиш дома и кога ќе го купиш од маркетите. :D
 
Колку само има омилени!Тууу,најубаа кујна иаме у цел свет..
 
3.Селско Месо
2.Месените работи,особено зелник со спанаќ и урда <3
1.КАЧАМАК :vozbud: а и плус утре е недела,стандард мој доручек за тој ден :cuc:
 
Сарма, мусака, ајвар, макало, полнети пиперки, чкембе чорба, гравче тавче, грав со пастрма, ѓомлезе, пастрмајлија, скарата што се прави во некои македонски градови, ориз со месо приготвен во тава, повеќе видови манџи, кори (јуфки/губи), разно-разни специјалитети со риба (крап, пастрмка, сом), со телешко, пилешко или свинско месо, саламурени печурки, свежи печурки (вргањ, лисичарка или буковка, помалку шампињони).
 
1.Тава со печурки или познато уште и под името селско месо (по тетовски Ала Теќе)
2.Сите видови на тестенини (кифли,комад,бурек,мекици,крофни...)
3.Тулумба, татлија, назлифатма

Во главном тоа ако морам да изберам иако морам да признаам дека имаме најубава кујна, нема лошо македонско јадење, се е од вкусно по вкусно :)
 
За месено душа давам... Кифлички, баница, абе се од тесто :)
 
Селско месо ми е број еден не само од македонската кујна него општо од сите јадења :D а друго од мк кујна пастрмајлија особено штипска ии ајвар :)
 
Селско месо ми е број еден не само од македонската кујна него општо од сите јадења :D а друго од мк кујна пастрмајлија особено штипска ии ајвар :)
TOП(y)
уште би додал и дроб сарма
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom