Кое јадење од македонската кујна ви е омилено?

  • Креатор на темата Креатор на темата miss Lebedica
  • Време на започнување Време на започнување
Гулаш е унгарско јадење :)

Стварно ?? Е не знаев, дедо ми се ми правеше гулаш со пире па си помислив дека е старо Македонско јадење :wink:
Па иако е Унгарско слатко е, а пирето е Македонско па малку измешано е :)
 
Ѓомлезец мммм прекрасно!!!! Инаку јас си јадам скоро се`, не пребирам многу, мене секое Македонско јадење ми е специјалитет :toe: Сакам и кифли, зелници... мајка ми многу убаво готви!
 
Не знам кај да прашам за рецепт Слатко од цреши па еве тука пишувам. Ако некој има ПП може да остави. Фала :)
 
Се што е традиционално македонско јадење... Озбилно, ја мислам дека иаме сериозно јака традиционална и вкусна кујна!
 
Селско месо дабоме, не само во конкуренција на Македонско, општо од сите храни на светот ми е број 1.
 
Да е само едно! Во моментов ми текнува на едно, пинџур,мммммммм, мераци!
 
Ајвар!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
Пастрамајлија, сарма, селско месо и ајвар секако :zlo:
 
ајвер , пунени чушки , сарма, зелник, самун,тафче графче .. и тва :Д
 
Сарма, пастармајлија, селско месо...
 
Турлитава, селско месо, ајвар, шопската салата, месени работи,пастрамајлија...уф уф уф..прсти да излижеш
 
Минатата недела бев кај една другарка надвор од Скопје специјално за зелник баба и што го прави. Жената многу ме сака и ме покани на месени работи, Имаше направено се` и сешто. Ми направила кифлички некои преубави (ми кажа и финти некои), погачици полнети, малечки едни за мерак и ми направила тесто за пастрмајлии дома да сум си направела топли да ми биле. Значи жената како меси Господ здравје да и даде, се прејадов, мислам дека уште ме држи. Сакам месени работи. Многу ми се допаднаа баничките со ориз и со компири. Преубаво!!!! Сакам и селско месо мммммм за мерак.

п.с. и месо од каче преубаво ми е, ама сега ми е топло за месо, сега сум повеќе на месени работи :toe:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom