Гласајте за најдобар автобуски превозник

  • Креатор на темата Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување Време на започнување

Најдобар Автобуски Превозник за 2011?


  • Вкупно гласачи
    91
Летово имав гост од Германија и секако од Скопје до Струмица вожња со Струмица Експрес. Човекот уште расправа за доживувањето, 80% од автопатот го возат на лева страна а на магистралниот пат се поминува се живо и диво. Секако и кондуктерот кога разбра дека дечкото е Германец одма паднаа маабети за македонски зет во секој случај покрај рели возењето имавме и кондуктер шоу. Кој не се возел во животот со Љој или Панчо кондуктерот навистина незнае што е возење со автобус и тоа озбилно го мислам.
--- надополнето: Dec 10, 2011 9:54 PM ---
А оној што кликнал на транскоп Битола веројатно никогаш не се возел со друг превозник.
Моите искуства со битолски автобус се катастрофални, еднаш не прати полицијата на технички преглед, а вториот пат мислев дека секој момент минибусот ќе се распадне плус хигиена 0.
Абе,го знам Љој,од на мајка ми селото е :D
Жив е уште,и работи уште за Струмица Експрес?
Инаку,најзадоволен сум од Струмица Експрес,и од Руле Турс(пошто нели,Скопјанец сум :icon_lol:)
Не,на тие две фирми автобусите најубави ми се,а незнам на која фирма беше,на Струмица експрес изгледа,имаат една млада кондуктерка :drk:
 
И кумановските не се нешто поразлични од Млаз Богданци. :(

Многу превозници неправилно приватизирани или воопшто неприватизирани (Југ Турист - Куманово) завршија лошо или работат ептен слабо.Млаз - Богданци, Пролетер - Скопје, Полет - Тетово, Радовиш Експрес, Жас Бус - Гостивар итн.
Дел од овие имале и по над 100 возила пред приватизацијата.Дел завршија во други фирми , а дел се без трага.
--- надополнето: Dec 10, 2011 10:04 PM ---
Не,на тие две фирми автобусите најубави ми се,а незнам на која фирма беше,на Струмица експрес изгледа,имаат една млада кондуктерка :drk:

Повози се Сам-Вел Кавадарци да видиш добри кондуктерки :D
 
Многу превозници неправилно приватизирани или воопшто неприватизирани (Југ Турист - Куманово) завршија лошо или работат ептен слабо.Млаз - Богданци, Пролетер - Скопје, Полет - Тетово, Радовиш Експрес, Жас Бус - Гостивар итн.
Дел од овие имале и по над 100 возила пред приватизацијата.Дел завршија во други фирми , а дел се без трага.
--- надополнето: Dec 10, 2011 10:04 PM ---


Повози се Сам-Вел Кавадарци да видиш добри кондуктерки :D
Ова озбилно или се зезаш :D :D :D
 
Ова озбилно или се зезаш :D :D :D

Мртов озбилен.Едно време имаше 2-3 кондуктерки плавуши.Сега не знам како е ,немам патувано со нив одамна, ама имаше квалитет :D
Еве слика
samvelmansin1.jpg
 
Абе каков Були за Куманово бе..Југ-Турист е превозникот со децении.. а Були е само приватник-комбе.
 
Да не биде на крајот резултатот од анкетата идентичен со анкета „кој од каде е„.
Или има и такви што кликнаа на превозник што не е од нивниот град?
 
Да не биде на крајот резултатот од анкетата идентичен со анкета „кој од каде е„.
Или има и такви што кликнаа на превозник што не е од нивниот град?

Јас
 
Да не биде на крајот резултатот од анкетата идентичен со анкета „кој од каде е„.
Или има и такви што кликнаа на превозник што не е од нивниот град?

Скоро е невозможно, можеше опција со избор на над една опција.
 
Да не биде на крајот резултатот од анкетата идентичен со анкета „кој од каде е„.
Или има и такви што кликнаа на превозник што не е од нивниот град?

Jaс дека сум од Скопје и си кликнав за Танскоп.
 
Се се.. ама Автоатом се ненормални тоа шоферите... секој пат коа ќе седне човек да помисли дека последна вожња му е .. со 200 шиба батее мака нема.... назад дали луѓе или компири вози тоа не е битно.. еднаш па дури и задната врата му се отвори, можеше да истресе некој. Ако сте со слабо срце.. не ви препорачуам да се возите со овие.

Транскоп Битола... па тоа е страшно колку невоспитани и арогантни се возачите и кондуктерите... абе ако може и за воздухот ќе ти наплати што го дишеш додека си во автобус...плус ако е петок.. сигурно ќе стоиш и дури и за багаж ќе ти наплати плус пари...

Струмица Експрес се добри .. сеа има некои кондуктери што знаат да се испонашаат ама сепак за нив повеќе позитивно мислење имам отколку негативно.

Галеб и Самвел.. да ти е милина да се качиш и да се возиш.. немаат мана ! дефинитивно го делат второто место според мене..

Руле Турс најдобри !! мислиш во авион си :D не се сеќаа вожњата.. просто да не сакаш да испаднеш од автобусот.

Црешово топче транс немаат некои добри автобуси.. али луѓето се многу фини и секогаш расположени.. искрено ја попрво би седнала во нивни автобус неголи во автобус на Транскоп ....
 
Патував неколку пати со Хисар а не сте го навеле во листата и имам поплаки до нив, прво на хигиената, автобусите им се „авантура“, гадни и неизмиени којзнае од кога и другата поплака до возачите и музиката што ја пуштаа, цел пат една шабанска музика едни завивањаo_O од кои неможев око да склопам :cautious: , а ко за беља баш тогаш батеријата на мобилниот ми секна :rolleyes:, за филмовите да не коментирам. :place:

Од наведените патував еднаш со Галеб Охрид и имам прекрасни впечатоци, од хигиена, автобус, вожња итн, многу добра компанија.(y) Штета што немаат меѓународни линии.:unsure:
 
Еве јас како Прилепчанец на крај памет не ми паѓа да гласам за Пелагонија Транс... ги мразам доттука бидува. По гнасна услуга и искуство не сум имал во живот. Се’ шо е најлошо, најнегативно, препиши им го нив и ќе добиеш впечаток какви се.
 
Црешово топче транс немаат некои добри автобуси.. али луѓето се многу фини и секогаш расположени.. искрено ја попрво би седнала во нивни автобус неголи во автобус на Транскоп ....


Затоа и гласав за нив.. многу се фини луѓето,иако немаат бог знае какви квалитетни автобуси.. неколку пати се имам возено со нив и секогаш ме частеле со бонбона..:icon_lol:
 
Затоа и гласав за нив.. многу се фини луѓето,иако немаат бог знае какви квалитетни автобуси.. неколку пати се имам возено со нив и секогаш ме частеле со бонбона..:icon_lol:
Да.. истото ми се деси и мене.. и бонбона дури и вода да те понудат да не случајно некому му се лоши или било што.. абе ќе рече човек крш автобуси.. ама некогаш џабе ти е добар автобус ако внатре луѓето се стока... како што е случајот со Транскоп пример..
 
3 компании постојат за мене. Транскоп, Сам-вел и Руле турс.
Сите 3 се прецизни со време, имаат стабилни автобуси и секогаш е топло и пријатно во нив.
Струмица експрес испаѓа од конкуренција поради тоа што немаат чисти автобуси, често е ладно во нив и кога влегува во скопје запира во автокоманда, и на саем, и растовара студенти со куфери, па ја заради нив касна на автобуска да си фатам градски превоз.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom