Само за коцкари (+18 - 60)

V

Vollstandig

Гостин
Сега во кладилниците има рулет(ком игра).Е барем за ова чудо мора да има некоја финта.Ако знај некој нека пиши
Нема бе финта, ако имаше финта ЌЕ ЈА ОТКРИЕА. Сеа гледај, вкладилница има да речиме рулет,или незнам како се вика една игра со боја, бројки од 1 до 20, во 4 серии по 5 бројки со различна боја, црвена жолта плава зелена. И можеш да се обложиш на боја, коефициентот е х 4 на влогот, а на бројка х 20 на влогот.

Е сеа, ти мораш значи да уплатиш ПРЕД ДА ИСТЕЧИ ВРЕМЕТО. Уплаќаат 10 души значи, сите по 100 денари влог кој на боја кој на бројка, и нормално ќе падни една од боите да речиме плава и бројот 15 го има во неа. Е сеа баш на број 15 не се обложил никој (сингл) туку цела боја и добива 400 денари. Значи како рулетот, паѓа она што најмалце има влог така да секогаш ќе добија некој ситни пари.

Исто и со рулетот минимум влог е 30 денари добивка 1080, можеби ќе погодиш една две бројки ама повеќе нема шанси, едноставно компјутер е каде сака таму ќе го стави бројот:)

И трките со кучиња се исто монитрани, во комкпјутерот има еден тон снимки и сеа ти се обложуваш на кучето со бр 1, уште неколку души се обложуват и фактички кучињата со број од 1 до 10 се обложени. Почнува снимката кај што победува бројот 12. Куќата зема, ти играш повторно.
 
Г

ГОЦ-К.О

Гостин
Мене ме учеа многу едноставно..
Коцки ако фатиш,коски ќе ти скршам..
Систем промашај јоктур..Башка ризик ептен ниско...
 
V

Vollstandig

Гостин
Мене ме учеа многу едноставно..
Коцки ако фатиш,коски ќе ти скршам..
Систем промашај јоктур..Башка ризик ептен ниско...
И тука додај го делот: Дајте ми пари за вчаршија...
-Немам...
Абе дај ајде треба да излезам...
-Немам ги потрошив вчера...
Е добро утре како ќе имаш пак?
-Ок еве ти 100 денари...

Е сеа со 100 денари можиш само такси да платиш во еден правец,или кутија цигари и мастики...и да свришиш, зато мн голем број на луѓе се коцкаат, на било каков начин, лото, бинго, спортска, казино, покер, инвестициони фондови, акции...
 
Член од
27 март 2007
Мислења
584
Поени од реакции
37
темава е за смеење.. не си открил ништо ново А УШТЕ ПОМАЛЦЕ НАЧИН ДА ПРАВИШ ПАРИ НА РУЛЕТ..
немој вакви работи дете/човеку/девојко што и да си... порок невиден е и ке сватиш дека прогресијава ке те испрогресира у џебот толку длабоко што ке сакаш да се закопаш самиот уште на млади години
 
T

Torchyrus

Гостин
Денеска отидов да уплатам спортска го видов телевизорот со кензо ама само го видов не изиграв ништо , а на спортската секако ебано се изгорев и пред 1 саат одам пак поново да напишам лифче божем да се вратам некако , ама кој ѓавол ме тераше да земам да играм Кензо (не ме зимајте на збор не прочитав добро мислам така се вика ) , си викам во себе ајде да го пробам ова срање можда ќе ми се насмевни среќата ма каква среќа какви бакрачи какви курци палци сето тоа е само апла давање на пари имаш бројки од 1до80 и сега упаќаш колку сакаш бројки до 12 играв на по 3 бројки од 80 да погодам и пратам две вртења си кажувам бројки во себе и пратам бројките испаѓаат без проблем ... упаќам три бројки несака да чуе јас 72 оно 73 јас 3 оно 4 и све така пак пратам еден круг во себе други бројки пак ги погодувам друг круг уплаќам курац неќе епа нека ми кажи некој дека не е местено тоа ...
Нема пари во коцката луѓе немааа се е тоа давање пари и ништо друго само давање и никогаш зимање .
Едино покер ама само ако си ептен добар играч макар и тоа картата ќе те продаде некогаш ни во тоа не се бидува .
 
Член од
11 јануари 2011
Мислења
72
Поени од реакции
12
На дискавери програмот пред некое време имаше еден документарец за рулетот. Човекот што го направил рулетот т.е што го создал не може да ја погоди комбинацијата, каква боја ке се падне, кој број ке даде итн, а не па некој од нас тука ке ја најде финтата за правење на пари, значи џабе се лажеме тука - ке фатиш неколку пати и во казино и на спортска и потоа само ке даваш пари и ке тонеш и ке се лажеш се повеќе дека наредниот пат ке си добитен и тоа е тоа се се врти у круг.
 
Нема никаква врска за човекот шо го создал рулетот, дека ќе успее да го погоди односно да му ја најди тајната. Тоа е исто како да кажиш дека газдата на фирма за коли, никогаш не можи да направи сообраќајка.
 
Член од
11 јануари 2011
Мислења
72
Поени од реакции
12
добар пример ми даде, но јас само кажувам тоа што го гледав.
 
Член од
27 март 2007
Мислења
584
Поени од реакции
37
на рулет си у ќар само ако седнеш со ситно напраиш пример со 500 едно 3-4 илјади и искочиш одма и ги поебеш у кафана.. ако мислиш да играш со тие пари и да напраиш поише безразлика дали тогаш или утредента си се заебал
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Тој е математички механизам од комбинации и мултиплации(секој нареден круг), каде ЕДИНСТВЕНО само куќата може да оди во плус (на долги стази).
На кратки стази големи се шансите да добие и играчот, но земајки ја во предвид човековата лакомост и ненаситност - кратките стази се ретка стратегија, и во 80% од случаите - рулетот дава, НО играчот ја враќа добивката назад, па дури и оди во минус (во крајни случаи зема пари со камата).
Ова не е заебанција, туку статистика.

Кога сме веќе кај стратегиите за играње на рулет, има повеќе математички формули за прогресивно играње, или константна репетиција на влогот - но во 99% од случаите се работи за мал маргинал на добивка - А фифти-фифти % на ризик. Процентот на среќа не е земен во предвид.

Јас познавам само една потенцијално добра стратегија (што самиот ја имам испробано и се покажала добра - барем кај мене), но НЕ ЈА ПРЕПОРАЧУВАМ, туку едноставно ДИСКУТИРАМ на темава како и сите други! (за да не сум погрешно сватен).
Значи не е битно, што, како, каде, кој... туку во кратки црти:

Рулетот има 36 бројки + 0(нулата) = 37 бројки(полиња)
Коефициентот на погоден број е 1/36, односно 36 * уплатените пари на тоа поле(број).
Доколку би ја исклучиле пример: 0та и 1 избран број - тогаш би останале 35 полиња.
На секое од тие полиња да ставиме пример по:100 денари, уплатата би била - 3500 денари (на круг)
Шансите на добивка со покриени 35 од вкупно 37 полиња е голема (пресметајте си %, ако сакате и во децимали)
Добивката за точен погодок е 3600 денари, минус уплатата од 3500 е еднакво на 100 денари (чисти).
Со оглед на можноста и големиот % за добивка, по неколку добитни кругови може да се постигне цифра од една нормална македонска дневница (500-600денари)
Ризикот е да се изгубат 3500 денари, но шансите за тоа се мали. (СЕПАК - ВОЗМОЖНО Е)
Добивката варира заедно со уплатата по поле.
Примерот го дадов со 100 денари уплата, но се разбира може и со повеќе. Но, тогаш се зголемува и (и така) релативно големата уплата.
Пример, со 500 денари на поле, уплатата е 35 * 500 = 17500. Добивката е 18000. Да речиме дека НЕ СТЕ толкав баксуз од 37 броја, да паднат оние 2 кои вие ги немате, тогаш автоматски со 1 круг сте добиле 500 денари и можете да си замините со една нормална работна дневница.

Тоа е се одприлика, и да се разбериме - ова е коцкарска игра, и нормално не постои ништо што се нарекува "сигурна стратегија".
Статистички, примеров што го дадов има позитивни резултати, и затоа го напишав.

п.с. - Без влегвење во филм молам !
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Само за коцкари +18 -60 (+33-37, +42-46 и +51-53ипол) Каква тема... :ROFLMAO:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Од математички аспект гледано, на долги стази е потполно сеедно дали ќе играш по 100 денари на две бројки и ќе чекаш една од тие две да падне, или ќе покриеш 35 бројки од 37 со по 100 денари, и ќе чекаш две од тие да не паднат. Маргината на играта ќе те однесе во минус за точно оној процент колку што таа маргина е...
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Сакаш да ми кажеш дека веројатноста да падни 1 од тие 2 броја е иста, со веројатноста да ги избегниш тие два броја?
Плус, клучно во мојот метод е играта да трае од 1 до 3 или 5 круга. Што значи станува збор за прилично кратка стаза, што е и целата поента на пресметаниот ризик на горенаведената стратегија.
Да не ме сватиш погрешно, се е можно... но многу повеќе е можно тие два броја да ги избегниш, одколку токму тие 2 броја да бидат извлечени.
И нормално, секој нареден круг изборот е твој - кој 2 броја ќе ги избегнуваш. Значи, не мора да се истите од претходниот.
Ботом лајн е статистичко-логичката веројатност оваа стратегија да резултира со позитивен исход.
 
Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Шансите на добивка со покриени 35 од вкупно 37 полиња е голема (пресметајте си %, ако сакате и во децимали)
Шансите за добивка се 94,5% но доколку играш само 1 рака. А доколку продолжиш да играш нормално е да опагаат. Кај можиш да излезиш од казино добитен доколку не прекиниш во прав момент и не се полакомиш. Целта е како што наведив погоре во претходните постови, Ако вложиш 1000 денари и излезиш со 1500 биди преблагодарен, зошто ако се полакомиш по 2000 уште 1000 вдупка ке влезиш.:drk:
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Сакаш да ми кажеш дека веројатноста да падни 1 од тие 2 броја е иста, со веројатноста да ги избегниш тие два броја?
Плус, клучно во мојот метод е играта да трае од 1 до 3 или 5 круга. Што значи станува збор за прилично кратка стаза, што е и целата поента на пресметаниот ризик на горенаведената стратегија.
Да не ме сватиш погрешно, се е можно... но многу повеќе е можно тие два броја да ги избегниш, одколку токму тие 2 броја да бидат извлечени.
И нормално, секој нареден круг изборот е твој - кој 2 броја ќе ги избегнуваш. Значи, не мора да се истите од претходниот.
Ботом лајн е статистичко-логичката веројатност оваа стратегија да резултира со позитивен исход.
Не бе дечко, не е така. Не постои кратка стаза. Ако одиграш 3-5 круга, во ред. Но колку ќе заработиш на тој начин? Следниот ден ќе одиш пак, па следниот пак, и со тоа бројот на одиграни кругови расте. Нема никаква врска ако ги менуваш броевите. Се работи за неврзани настани, и во секој нов круг веројатноста да падне некој број е потполно иста со секој друг број од рулетот, БЕЗ РАЗЛИКА кој број паднал пред тоа.Не сакам да те навредам на било кој начин, но ова е елеметарна математика. НЕ ПОСТОИ МАТЕМАТИЧКИ начин да ја победиш маргината на било која игра на среќа, посебно не на рулетот кој оперира со висока маргина...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom