- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 3.089
- Поени од реакции
- 1.257
А еве зошто не е пријател, по полека испадна дека ние имаме повеќе проблеми со Американците него со Грците.
Ова го тврди грчкиот весник Катимерини по вчерашната средба на американскиот државен секретар Хилари Клинтон со шефот на грчката дипломатија Ставрос Димас.
САД и гарантира на Грција дека НАТО нема да ја смени одлуката за Македонија?!
09.12.2011 - 14:11 |
САД и дале гаранција на Грција дека Македонија нема да влезе во НАТО додека не се реши спорот со името.

Средбата била на американско барање на маргините на НАТО состанокот во Брисел . За пресудата не станало збор, но Вашингтон побарал интензивирање на преговорите за името и конструктивност од двете страни.
Јасно е дека пресудата не ја обврзува Алијансата да испорача покана за членство за Македонија, но академиците сметаат дека НАТО мора да ги преиспита своите заклучоци.
До Самитот во Чикаго во мај, Македонија ќе треба дипломатски силно да лобира и да ги искористи сите аргументи потврдени од Судот, советува новиот претседател на МАНУ.
- Сега кога имаме ваква пресуда НАТО ќе треба да ја приспита одлуката. Да не заборавиме дека во заклучите за Македонија стои дека земјава ги исполнува сите критериуми и дека единствена пречка е спорот со името - истакна академик Владо Камбовски.
Под наслов “Правната победа за Македонија изгледа шуплива”, лондонски Економист пишува дека никој не врши ниту пак ќе изврши притисок врз Грција да ја промени позицијата и ја почитува времената спогодба.
”Економската криза го стави проширувањето последно во приоритетите на Брисел. Повеќето земји се и среќни што имаат изговор зошто не го туркаат овој процес. Грчкото противење на македонското име оди во прилог”, пишува весникот.
Атмосферата во Алијансата е слична.
На министерскиот состанок, НАТОземјите ја реафирмирале позицијата дека Македонија ќе добие покана штом се реши спорот со името.
Сепак, Грците стравуваат дека сојузниците на Македонија ќе ја стават на маса пресудата од Хаг и ќе притискаат за прием на земјава во Алијансата.