- Член од
- 20 ноември 2010
- Мислења
- 738
- Поени од реакции
- 749
Повеќе од еден милион луѓе го споделиле говорот на Зак Валс на “Фејсбук“, а дури повеќе од 15 милиони го погледнале на “Јутјуб“ каде тој говори за растењето со геј двојка.
Зак Валс е 19 – годишен студент од Универзитетот во Ајова, кој во Сенатот говорел против резолуцијата со која сакаат да ги забранат истополните бракови. Тој истакнал дека на факултет често отворал расправи околу тоа дали смее да им се дозволи на геј паровите да одгледуваат деца.
“Во моите 19 години никогаш не сум запознал некој кoј мислел дека сум одгледан од геј двојка“, вели Зак.
“И знаете зашто? Бидејќи сексуалната ориентација на моите родители немала ама баш никаква врска на мојот карактер и личност“, додал Зак.
Тој пред судот раскажал како тој и неговата млада сестра имаат ист анонимен татко донор, па особено се радувал што тие се биолошки брат и сестра. Раскажал и дека неговата мајка во 2009 година се омажила откако Врховниот суд ги легализирал браковите на хомосексуалците.
Тој вели, нивното семејство не се разликувало од ниедно друго. “Одевме во црква заедно, вечеравме, одевме на патувања, минувавме низ тешки времиња, се каравме“, раскажал Зак.
“Семејството се темели на тоа да си помагаме во тешки моменти и заедно да се радуваме во оние убавите, љубовта е она што нас не радува и она на што се темели нашето семејство“, истакнал 19 – годишниот Зак.
Во продолжение, слушнете го неговиот говор.