Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
27 мај 2010
Мислења
20
Поени од реакции
1
cita mp3 bas takvi se i pesnite vo mp3 format
znaci ima kontakt koga go pustam usb-to se pojavuva na ekranot greska 12

a laserot za cd mn.slabo gi cita pesnite
kako mozam da go iscistam osvezam laserot
za cedinjata
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Глеам по нетов дека error 12 означува неможност да прочита.....т.е ако се работи за цд...дека ласерот не чита...и за усб означува дека не го чита....значи ништо страшно не е тој error 12.

А за усб-то....кажи ми колку гига е....оти можеби тоа најубаво ти чита до кај 2ГБ усб....исто и за мемориска...можеби не ги чита сите величини.

Од друга страна форматот на песните...провери ги убаво дали ти се мп3.

А ако и после ова не го решиш проблемот....тогаш право на поправка.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
377
Поени од реакции
116
Во кој формат ти е форматиран УСБ/меморијата. Ако е NTFS нема шанси да го прочита, пробај во FAT оној првиот, па пробаj FAT32.
 
Член од
12 октомври 2011
Мислења
377
Поени од реакции
116
Некој пробувал да ми ја обие мојата астра Г еве некои слики







Ова го најдов до колата на земја



Задна страна




Дали оваква брава може да се репарира и да одговара истиот клуч. И колку би коштало ова? Инаку бравата функционира најнормално со оргиналниот клуч.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Ако функционира ОК, стави тоа тенеќето и вози :)
Но, посети и клучар за секој случај...
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ауди караванот е навистина ОК, но внатрешноста некако брзо старее, за споредба со други возила. Исто така, во таа цена мислам дека можам да земам џип, што мислам дека повеќе ќе се исплати за парите, башка караванот некако не ми е привлечен. Споредено со џип, единствена предност кај караванот се поголемата брзина и убрзување, додека џипот е покомотен и има повеќе простор.
Додај тука и потрошувачката е помала, деловите за мотор/шасија се далеку поевтини и подостапни...
Тоа што караванот е некако непривлечен, е друга прикаска.

Туарегот го избегнував се додека не видов статистики за неговата потрошувачка, 3.2 бензин моторот троши просек 13 литри додека 2.5 дизел моторот троши неверојатни 8 литри. И двете потрошувачки се прифатливи, кога имав стара Лада 15 литри ми трошеше!
Сепк прајме муабет за Лада (технологија од 1975) и VW со технологија од 2000... 3.2 бензин моторот просек троши 13 можеби... ама низ град во зима ќе јади 20 без мака, да му веруваш на дедо :) 2.5 рачунај дека 12-14 низ град ќе троши. Додај на тоа дека 2.5 е со 150 кс, а 3.2 најверојатно со 100 повеќе, автоматски ти се дуплираат трошоците за увоз и регистрацијата. Па сега удри ја математиката... Друго, со бензинецот, можиш да размислуваш на опција плин, која што според мене мислам дека е исплатлива и инвестицијата се враќа за брзо (на таа потрошувачка, за 10.000 км плинот ти е гага) + имаш додатен товар во багажникот (за некој ова е предност, за некој недостаток). Предноста на товарот во багажникот е полн резервоар плин + полн резервоар бензин = мнооогу км без застанување (тежок терен, недостапност до бензинска). Недостатокот е + 60-70 литри тежина, намален багажен простор....

Планирани се 10 до 15 илјади километри годишно, што не се многу и не знам дали се исплати да купам дизел. Кога пресметував за Туарег бензин и Туарег дизел, разликата во цена беше околу 5 до 10 илјади евра (зависно од состојбата), на овие километри ќе ми требаат 5 до 10 години да ги вратам парите што ќе ги платам за дизел, а тука не пресметувам одржувањето на дизелот кое знае да биде поскапо.

Неколку пати сум слушнал дека аутоматик менувачите кај Туарегот правеле проблем, но веројатно тоа е како ќе ти се погоди.

Х3 изгледа компактно, но не сум возел. Од сите споменати мислам дека Туарегот би бил најиздржлив, најефтин и најкомотен за тие пари.

Кога зборуваме помината километража, што е прифатливо? Гледам доста бензин Туарег со по 100 илјади до 150, дизел од 150 до 200 илјади. Колку да очекувам век на моторот и џипот по овие километри, дали се исплаќа да земам на старо?
Прашање е во каква состојба ќе биде возилото, и по каков терен го возел тој пред тебе... И тука AllRoad е во мала предност, пошто најчесто ги возат по нормални патишта и ретко по некој шумски пат. За разлика од тоа, теренец како таков можно е да има 100.000 км од кои 80.000 да се натепани по тешки терени... така да километражата воопшто не е мерило за состојбата на еден теренец. Само добра проверка е клучот за состојбата на возилото. Додуша одма се познава некое што е возено по терен : гребаници по страна, извиткан под/прагови, лоша состојба внатре...

Автоматик - типтроник менувачот на VW (море не само нив, на сите марки исто е) недај боже да се сјеби... не за друго, во Македонија не познавам мајстор што знае да го отвори и да го поправи асолно. Така да мој совет ти е ако веќе имаш избор, барај рачен...

Околу животниот век, без разлика дизел/бензин ако моторот е добар, има компресија... со нормално одржување (редовна промена на масло и филтри) ќе турка до 400.000 без поголеми дефеци. Дизелашите (конкретно VW) имаат неколку слабости: турбината, бреастите... друго не очекувај дека ќе откажи, ама сум видел повеќе пати истрошена брегаста на 2.5 TDI со 300.000 км.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Некој пробувал да ми ја обие мојата астра Г еве некои слики
Дали оваква брава може да се репарира и да одговара истиот клуч. И колку би коштало ова? Инаку бравата функционира најнормално со оргиналниот клуч.
Можи да се репарира под услов репарирачот да има друг цилиндар... пошто тој е оштетен и прашање на време е кога ќе откажи послушност.

Околу цената, ако си најдиш цилиднар, прередување наплаќаат околу 500 денари.

п.с. тој шо пробвал врска немал од отварање... на тој начин нема никогаш да успее да провали во колата.
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
Ма, кој ти вози луксузен теренец по тежок терен, жити се... Возен е сигурно по исти патишта како и секој друг автомобил.
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
Ај дека повеќе се разбирате,ако сакате да ми помогнете.Се размислувам меѓу неколку возила за купување,на ново.Инаку,се работи за тазе возач,таака да земете го во обзир и тоа
Еве ги и моделите кои ги разгледував:
1.Киа Рио
2.Форд Фиеста(новата)
3.Хјундаи ix 20(најнов модел е,2011 мислам)
Или пак ако имате нешто да ми предложите вие,да биде ни големо,ни мало,да нема голема коњажа,да биде економично,и докај 10.500 евра
Благодарам однапред :D
За 10.500 имаш Хјундаи и30, сосема пристојно возило. Најдобра вожња би имала Фиестата, но со пристојна опрема би била малку поскапа, а и помала кола е.

Не се лоши ни Шевролет Авео и Сузуки Свифт (ако не ти пречи малиот багажник), но ова се, како и Фиестата, помали возила (и30 е по големина една класа погоре). Види што ти одговара, на интернет ги имаш ценовниците.
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522


мислам дека според тоа што го бараш и за цената ова ти е најубава варијанта.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
626
Поени од реакции
323
За 10.500 имаш Хјундаи и30, сосема пристојно возило. Најдобра вожња би имала Фиестата, но со пристојна опрема би била малку поскапа, а и помала кола е.
Знам,го видов и тоа возило,ама некако голема кола ми е...а и плус,од тоа што го нудат на нет,и тоа штое реалноста,има голема разлика...претерале со глупости...коа бев за хјундаи-то ix 20 вака така,нема ништо од тоа што го пишува на нет....иначе кажи ми мислење за киа рио...види ја,разгледај и кажи ми мислење,баш ме интересира (y)
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
Знам,го видов и тоа возило,ама некако голема кола ми е...а и плус,од тоа што го нудат на нет,и тоа штое реалноста,има голема разлика...претерале со глупости...коа бев за хјундаи-то ix 20 вака така,нема ништо од тоа што го пишува на нет....иначе кажи ми мислење за киа рио...види ја,разгледај и кажи ми мислење,баш ме интересира (y)
Ех, што ќе ти кажувам, го немам возено... Еве ти еден видео-тест:
 
Член од
23 март 2011
Мислења
626
Поени од реакции
323
Вака гледано по видеово,не е лоша...ама сепак,друго е кога ќе ја видам во живо и ќе видам што се има од опрема :)
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Пробај ги сите совети еден по еден од горе...

Ако не фати ни еден, купи си чоечко радио.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Види ја и Фабиа... кога веќе си тргнал по малишани. За тој буџет имаш доста солидна опрема и голем избор на мотори.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom