Последниве 3 години е скоро истата прикаска пред Ел Класико, Реал напињаат дека че тепаат, Барса си победува дали 0:2 или 2:6 си тепала, а тоа скоро секој вистински навивач на Барса уште од самиот почеток на утакмицата го увидувал. Значи како што реков, од самиот почеток на утакмицата, дотогаш се е статус кво, ништо не се знае. Никој не знае дали Пеп че го пушти Алвеш крило, Куенка прва постава, Цеска лажна 9ка, или дали Моу че игра со Бензема и Игуаин, дали Пепе че го игра ДМФ, дали Рамос че биди централен или десен бек, дали Марсело че игра крило или бек, НИШТО НЕ СЕ ЗНАЕ! Но оваа година од старт ние навивачите на Барса го земаме со резерва исходот од натпреварот. Само посакувам Барса да го даде максимумот како што знае и се че биди во ред, а сите знаеме дека секогаш било така, никогаш не сме биле изневерени.