Ел Класико: Реал Мадрид - Барселона (1:3)

Како ќе заврши натпреварот?


  • Вкупно гласачи
    308
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Се изначитав последниве денови коментари од фанови на Барса, пред се оној диалог меѓу бетменот и Филе.
Муабетов од сите што навиваат за Барса (не на форумов), туку општо, цело време им иде муабетов како Барса не била истата онаа Барса од прошлите сезони, па затоа не се сигурни во победа. Според мене тоа е алиби за евентуалниот неуспех, зошто јес да Барса не е толку силна како прошлите сезони ама сепак нема некоја голема разлика.
Доколку тепа Реал, ја би рекол дека тоа е резултат само на многу подобрата игра на Реал сезонава, а не падот на Барселона.

Ќе биде тежок меч, тој што пробуе да типуе победник го прае тоа од навиачки аспект. Ја ќе бидем реален (колку што можем), и ќе речем дека никој, ама баш НИКОЈ неможе да типуе на нечива победа (освен навивачки како што кажав). Ова е најголемото дерби у свет, пред се решава мотивот и желбата за победа, па после моменталната форма. Моментална форма не игра скоро никаква улога на Ел Класико. Така да, овојпат очекувам една тврда утакмица, затоа што ни Барса сега нема да се опушти толку како на минатите утакмици, зошто сигурно и кај нив стравот е многу поголем отколку на претходните утакмици. Добрата игра на Реал, пресингот кој го врши мислим дека ќе помогне многу да се спречи Барса да ја оствари нивната препознатлива игра. А знаејќи какви контри можат да изведат играчите на Реал, како што кажав Барса сигурно нема да се опушти и да тргне напаѓачки од самиот старт.

Како и да е, подобриот нека победи. Пред се сакам ФЕР ПЛЕЈ, ФЕР СУДЕЊЕ, нешто што го немаше на последните неколку Ел Класика.
 
Член од
25 септември 2011
Мислења
6.448
Поени од реакции
18.283
Иако сум фан на Барселона ќе пробам да бидам најобјективен и реален.Во моментов играат двете најдобри екипи на светот.Реал е во супер серија игра моќно и хомогено за разлика од лани,сите негови играчи се споени во едно и сега се веќе тим.Роналдо,Бензема и Игуаин се триото кое во моментов ги тресе мрежите и игра во фантастична форма.Барселона има проблем и недостига мотивација.Виља е тапа.Санчез уште не е влезен во шемата како што треба но се надевам ќе ме демантира,Педро е недоволно спремен единствено Меси одржува континуитет.Изненадувањето на Барса лежи во Иниеста,Чави и младиот Куенка.Му и Пеп се одлични стратези очекувам од нив некој потег со кој еден со друг ќе се изненадат.За жал и ова Ел Класико нема да има тотал фудбал повторно ќе бидеме сведоци на остра игра од Рамос и Пепе.Ќе биде многу тежок натпревар кој и да победи ќе победи со минимална разлика.Но ова е фудбал ова е Ел Класико изненадување секогаш ќе постои.Со среќа и Visca el Barça !!!

П.С Немам намера да реплицирам и да се карам за титули и кој е подобар.
 

Слепо Црево

Оџачар Грла
Член од
26 мај 2007
Мислења
1.196
Поени од реакции
223
Поизедначено Ел Класико, здравје... да беше пред некоја година уште одма ќе кажев Барса, да беше пред многу години дефинитивно ќе кажев Реал али со моменталниве лудило од играчи насобрани у двете екипи у оваа 2011та година богами ама баш никој неможе да знае што точно ќе се деси.
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
Прво што сакам да видам од утакмицава е фудбал,а не како претходните класика ултимејт фајт,кик-бокс,џудо зафати и слично.
Реал е во фантастична серија сезонава додека Барса игра нешто послабо.Мислам дека нема да згрешам ако кажам дека сезонава си ги заменија улогите овие 2 тим т.е Реал=Барса од минатата сезона а Барса=Реал од минатата сезона.Ова е едн е од најзначајните натпревари за Барса сезонава од едноставна причина што мора да победи ако сака да ја одбрани титулата во Шпанија.Почнаа доста послабо за разлика од минатата сезона но на последните мечеви покажуваат дека се враќаат во форма и дека нема така лесно да се откажат од титула.Меси продолжува со газење низ Шпанија но слабата форма на Виља придонесува Реал да има +6 поени пред дербито додека во Мадрид сите играчи се во топ форма на чело со Роналдо.Реал игра фантастично сезонава и по подолго време влегува во дербито како фаворит.Победите над помалите екипи го фрлаат притисокот над Барса додека на Реал и нерешено мислам дека ќе му заврши добра работа.Се чини дека конечно Мурињо успеа да го сложи мозаикот и Реал гази се пред себе но дали ќе биде така ќе видиме против Барса кога ќе видиме и дали стварно Реал е толку супериорен или пак им се погодија лесни противници до сега.
Годинава мислам дека Реал ќе стигне до 3те бода за разлика од минатата кога повеќе бев за тоа дека Барса ќе излезе како победник.Останува времето да покаже кој ќе се радува на победа во Ел Класико.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
1.602
Поени од реакции
890
Доста се расправавме во темата за примера,разјаснивме кој,како,зошто и се останато.

Со среќа задутре,и излезете да играме фудбал,за друго не се замарајте :)
Поздрав.
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
5.970
Поени од реакции
3.574
Ќе ги победиме. Нема да биде петарда, никогаш нема за тоа да им вратиме, бар не во блиска иднина. Веројатно некоја тесна победа 1 - 0, 2 - 1, 3 - 1. Али ќе им зададеме тежок удар. Сезоната во Шпанија завршува оваа сабота. Се гледаме наредната сезона.

:cuc:
 

SHANE

Др.Акула
Член од
30 април 2008
Мислења
1.453
Поени од реакции
853
Тешко класико,на хартија најтешкото до сега.
Гледајќи ја Барса последниве два меча во ла лига(рајо и леванте) сваќам дека во голем дел од почетоков на сезонава Барса не го даваше максимумот,а не дека е бледа.Ќе биде интересно заради то што Реал е во еуфорија,чуствуваат и мислат дека е сега времето да се скине Барса,а Барса најискрено тоа го чека(Најопасен е ранетиот лав).
Реал поседува благ психокомплекс од Барселона(посебно по поразот во супер купот,кога емоциите од цел состав на Реал испливаа на површина).Психолошки гледано Барселона е во предност,без разлика на +6 бода.Барса знае што можи да направи,имаат премногу искуство за да се исплашат од еден ваков Реал(за кој би рекол до сега само Валенсија им беше онака посериозен тест).Реал сеуште го нема оној fear image во главите на Барса.
Барса ќе нападне,ќе знае на каква карта ќе игра Реал и ќе стрпливо ќе чека Реал психолошки да изгори за победата..
Исто така немојте да заборавите на Виља,кој и покрај тоа што е во слаба форма моментално,секогаш игра машки т.е феноменално против големите ривали.

Тип:0:1;0:2/Виља ќе го реши мечот...
 
Член од
9 март 2011
Мислења
1.944
Поени од реакции
905
Премногу навивачко отворање на темата и премногу потценување на противникот од газдата на темата.Но,ќе видиме како ќе се одвиваат работите.Фаворити нема,да не ве лажат спортските обложувалници и анализи од експертите,како што немало никогаш пред ова чудо од фудбал.Не зависи формата на играчите или на целиот тим,послаба Барса некогаш го тепал појакиот РМ и обратно,а не пак сега кога и на двата тима има такви фудбалери.Не знам за мадридистите,но фудбалерите на Барса се премногу мотивирани ( пред се Меси и и Чави) и одлично спремени за разлика од дуелот за СуперКупот.Пеп нема пораз во дуелите со РМ во Ла Лига,а последно кога играше со сите 11 првотимци резултатот беше 5-0 ( таков ден само еднаш на 20 години се дешава).Меч кој може да решен само со еден потег.Нема да прогнозирам резултатот,само очекувам многу голови или +5 ...
 
A

Auditore

Гостин
Двата тима се со одлични играчи, одлично играат иако Барса имаше послаби резултати.
Сметам дека ќе биде многу интересен меч, ќе биде интересно за гледање, но посакувам победа на Барселона од причина што во Реал има многу надувани егоистични фудбалери(читај Роналдо), а такви највеќе мрзам.
 
I

IBIZA SOUND

Гостин
site sakame da gledame dobar fudbal,no jas skoro i sum siguren deka igracite na real ke odat na gruba igra kako minatite natprevari
i sekako sakam villa da bide men of the match za da ne iznenadi i nas a najmnogu navivacite na real :)
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Како што доаѓа Ел Класиково се некако ми доаѓа дека нема да тепа Реал.До сега бев убеден дека ќе изгуби Барса.Е сеа за мене ок али не дај боже играчиве да се убедени пошто ќе го јадат у тој случај.Реал ко Реал знае многу често да заебе и многу поразлично игра Реал на Ел Класико.
Во последниве години според мене стравот е поголем кај Реал и не играат слободно.Дали јас како фан на Реал од таа сета еуфорија така го осеќам или не знам.Дали па и цела Барселона сака да ги натера фановите на Реал да ја потцениме Барса со нивните коментари од типот еј годинава не сме тоа тоа,повеќе вие сакате победа,ептен се смени Пеп итн итн.Не верувам тоа да упали тоа кај играчите.Најдобро они си знаат ова е D-day за Мурињо.Или победа или ништо за него.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom